Изолација
НАШЕ ЕДИНСТВЕНО ЕФЕКТИВНО ОРУЖЈЕ ПРОТИВ ПАНДЕМИЈАТА Е ИЗОЛАЦИЈАТА И КОМУНИКАЦИЈА ОД ДИСТАНЦА. МОРАМЕ ДА ОСТАНЕМЕ ДОМА, И ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ПРАВИЛАТА.
Досега доследно ги почитувавме мерките. Не сакаме да се заразиме со вирусот, не сакаме да го пренесеме, не сакаме да бидеме во изолација до Нова година, или, поверојатно, со или без мерки, постојано работите да одат напред назад.
Со жалење гледаме трагедии од една во друга земја, смртност, масовни гробишта, личен и економски застој. Одиме на пазар и во продавница еднаш неделно и го усовршивме двометарскиот скок на страна кога луѓето инсистираат да ни се приближат премногу. Го почитуваме и викендот во изолација, речиси и со одредено олеснување.
Македонија дејствуваше рано и добро. Огромен број луѓе ги почитуваат дадените совети и тоа создава чувство на голем успех и надеж.
Но, тука сме и во судир со бесмртниците, оние кои веруваат во судбина, а не дека треба да се мијат раце, оние кои знаат дека тоа нема нив да ги снајде, или нивните гости и пријатели и семејство и соседи со кои постојано се дружат.
Тргнуваме во определеното време кое е дозволено за физичка активност, и да, веднаш налетуваме на корона забава, пијанка со смртниот косач. Тука се виното, храната, музиката, сонцето и смеата. И нема ни трошка простор да се помине. Им приговараме, а тие не гледаат бледо. Им се закануваме, а тие неразумно се подбиваат со нас. По некое време, во нечија мозочна ќелија се разденува дека треба помалку да се тргнат за да ни остават простор да поминеме. Сите продолжуваме по својот пат. Еве ги и девојчињата, сигурно се другарки од соседните куќи и во близина на затворената црква позираат за селфи, и еден друг човек кој се сонча на клупата, и друг залепен на фејсбук или што и да е, или пишува твитови на пријателите. Никој од нив нема намера да направи по некоја физичка вежба, иако барем тука има место, и си мислат дека само занимацијата е дозволена. Се враќаме дома, а куќата на соседите преполна млади луѓе и уште погласна музика; тука се за викенд за да ја шират заразата. И веројатно дека ќе ја пренесат заразата, бидејќи иако е почнат полицискиот час, еве го доаѓа пријателот од маало да го паркира возилото на сред улица и да им се придружи на забавата. Заминува со своите бацили на полноќ.
Има неколку правила за кои мора да се преговара во супермаркетите. Прво, планирајте кога ќе одите во супермаркетот за да ја избегнете големата гужва и најризичното време, и избегнувајте ја гужвата близу влезната врата. Се чини дека малкумина имаат идеја што значи социјално дистанцирање (дали знаете колку се два метри?). Второ, користете количка наместо корпа. На тој начин можете да ги поттурнете другите луѓе и да ги принудите да бидат најмалку на растојание од количката. Ако доволно силно ги удрите по зглобот, така ќе ги обесхрабрите да започнат пријателски разговор со вас. Трето, секогаш бидете на средина на просторот за да имате барем шанса за борба зошто гледате кој доаѓа. И на крајот, ако сте во поодмината возраст, обидете се да се движите малку побрзо бидејќи сега ви е дозволено да бидете надвор од 10-12 часот, а тоа е токму времето кога сите други и ковид- 19 се надвор и наоколу.
А по викендот – олеснување, одмор, масовен егзодус, релаксација, преполни продавници, да ја скратам косата, да се сретнам со другарите, вирус, кој вирус?
Се проценува дека чумата во средновековна Европа уби близу 25 милиони луѓе, речиси една третина од целото население на континентот. Тоа остави трага со векови. Во пандемијата со грип од 1918-9 год., животот го изгубија повеќе луѓе отколку во Првата светска војна, и тоа меѓу 20 и 40 милиони луѓе. Според кажувањата, тоа била едипемија со најголемо опустошување кое некогаш било забележано во светската историја, но, ајде да почекаме и да видиме. За оние кои сакаат неразумно да ризикуваат да се заболат себеси и останатите, еве да научат една стара детска песничка:
Ring a ring o roses
A pocket full of posies
Atisho, atisho,
We all fall down.
(Ring a ring o roses, (прстен со рози) – тоа се првите симптоми на чума, црвенкасти кругови на кожата
A pocket full of posies (џеб полн китки цвеќе) –миризливи цвеќиња кои луѓето ги носеле за да се одбранат од чумата
Atisho, atisho, (апчиха, апчиха) –кивавица која ја имале луѓето заболени од чума
We all fall down. (Сите паѓаме)
Веројатно таа се заснова на симптомите и лажните лекови во тоа време – болежливо зацрвенето лице, китки цвеќиња, проследени со смрт. А кога станува збор за нас, мораме да претпоставиме дека секој од нас или е во период на инкубација, или е преносител или заболен. Наше единствено ефективно оружје е изолацијата и комуникација од дистанца. Мораме да останеме дома, и да ги почитуваме правилата. Ако не, сите ќе пропаднеме.
Маргарет Берч
(Авторката е соработник и поддржувач на платформата за одржлив развој „Лице в лице“)
Фото: Томислав Георгиев