Корупцијата не е бројка – тоа е човечка цена: повик за анонимни сведоштва и искуства
Корупцијата не е само статистика или политички термин. Tаа има лице, последици и човечки приказни. Трагичниот настан во Кочани потсети колку болни, неправедни и непоправливи можат да бидат тие последици, кога институциите не функционираат, кога надзорот е слаб, кога системските пропусти се игнорираат, а корупцијата незабележано си го прави својот пат низ процесите кои треба да нè штитат.
Северна Македонија е рангирана на 88 место од 180 држави, според Индексот за перцепција на корупцијата (2024). Европската комисија предупредува на влошени трендови во високата корупција и ниска доверба во судството.
Зад овие бројки стојат многу посуштински нешта: нарушена безбедност, непредвидливост, чувство на неправда и страв дека трагедиите, како онаа во Кочани, може да се повторат.
Овие предизвици не се само институционални, тие се човечки. Се чувствуваат во здравството, училиштата, општините, јавните услуги, во секоја ситуација каде некој се движи напред „по врска“, а друг останува заглавен во бирократија. Многу од тие приказни никогаш не се слушаат, а токму тие се најважни.
Анонимно споделување на приказни
Со користење на BIRN Community Engagement Tool, сакаме да собереме автентични гласови: искуства, набљудувања и лични сведоштва од сите вас, граѓани, особено од жените, младите, ранливите и други недоволно слушнати групи. Вашите приказни ќе ни помогнат да разбереме како политичката корупција навистина изгледа на терен, како ги обликува секојдневните животи, и што можеме колективно да направиме за да изградиме институции што функционираат, штитат и служат.
Овој прашалник има една јасна цел: сложените, фрагментирани и често нечитливи податоци да се претворат во човечки гласови, силни наративи и јасни пораки кои ќе ја поттикнат јавната свест, отчетноста и позитивната промена.
Вашето учество е целосно анонимно.
Ако си млада личност, креативна и вешта со визуелни уметности, овој повик е за тебе.


Овој повик е изработен во рамките на проектот „Лице в лице со интегритетот – Мобилизирање на граѓаните и медиумите за политички интегритет во Северна Македонија“, кој се спроведува со финансиска поддршка од Европската унија и е подгрант на „Integrity Watch in the Western Balkans and Turkey: Civil society combating corruption with political integrity data“. Содржината е единствена одговорност на „Паблик“ и во ниеден случај не може да се смета дека ги одразува ставовите на Транспаренси Интернешнл – Македонија или на Европската унија.
- Заштитено: Иштван Фаркаш, продавач на „Лицеулице“ во Нови Сад: „Солидарноста не е милостина“
- Луѓе кои ја движат промената: инспиративни пристапни приказни за трансформација и зајакнување
- Отворен повик за млади фотографи: „Сликите на вкусот“ ги обединува креативците од Балканот
- Инклузивна изложба на графики по повод Меѓународниот ден за подигање на свеста за лицата со аутизам
- „Саранда“ во Жеровјане, место каде различностите се мешаат, токму како и вкусовите на сладоледот