#ЛицевлицеНаГости – Кико во Xessable
Дружете се со нашите продавачи – ќе имате можност да читате убави теми, а веројатно ќе имате насмевка цел ден
Ја споделуваме приказната на нашиот посветен продавач Кристијан Пешевски – Кико, кој беше поканет од компанијата „Xessable“ да го претстави новото издание на „Лице в лице“ на вработените. Поканата се должи на неговата посветена работа, и е потврда за тоа колку нашите продавачи се посветени на промовирање позитивни промени во општеството.
Кико не е само обичен продавач! Тој е амбасадор на нашата мисија и инспирација за сите нас. Со неговата енергија и истрајност, тој не само што се развива во еден од најпосветените продавачи, туку и отвора нови врати и создава можности за поврзување.
Оваа посета е доказ дека трудот, посветеноста и инспирацијата се наградуваат, а Кико е вистински пример за тоа како нашите продавачи го носат духот на „Лице в лице“ во секоја средина каде што се појавуваат.
А ни „Лице в лице“ не е обично списание! Кај нас ќе читате теми кои не добиваат доволно внимание во општествената сфера, кои го поттикнуваат општеството на промени и ги придвижуваат работите кои долго време стојат.Кико испраќа покана до сите кои сакаат да го поддржат неговото делување и заложби да си обезбеди пристоен приход и интеграција во општеството.
Доколку сакате да го поканите Кико или некој друг продавач на „Лице в лице“ во вашата компанија или организација, на настан или, едноставно, да се запознаете со нивните приказни, контактирајте нè. Достапни сме на социјалните мрежи, на телефон 02 2 466 444, или на [email protected].