Меѓународeн ,,Фолклорен мост” во Струга
Во Паркот на поезијата во Струга, на 24-ти август (среда), од 20 часот, ќе се одржи Меѓународниот фолклорен фестивал ,,Фолклорен мост”.
-Традиционално, манифестацијата ќе започне со свечено дефиле на учесниците низ градот, а на годинашното 17-то издание на фестивалот ќе учествуваат осум фолклорни ансамбли и друштва од Македонија и од земјите на Балканот, информираат организаторите.
Љубителите на фолклорот ќе имаат можност да ги проследат настапите на КУД „Илинден“ – Струга, КУД „Дримкол“ – Вевчани, КУД „Илинден“ – Демир Хисар, КУД „Бранко Радичевиќ“ – Стара Пазова, Р.Србија, КУД „Мислешево“ – Мислешево, КУД „Бисер“ – Кичево, ФА „Филиграни“ – Охрид, ФА “Иван Горан Ковачиќ“– Хрватска.
Оваа година ќе настапат околу 200 учесници кои преку песни и игри, ќе ги претстават фолклорните традициии и културните особености на своите земји.
Фестивалот е помогнат од Министерството за култура.