Доза вести, Лице в лице

Меѓународeн ,,Фолклорен мост” во Струга

Време на читање: < 1 минута
- банер -

Во Паркот на поезијата во Струга, на 24-ти август (среда), од 20 часот, ќе се одржи Меѓународниот фолклорен фестивал ,,Фолклорен мост”.

-Традиционално, манифестацијата ќе започне со свечено дефиле на учесниците низ градот, а на годинашното 17-то издание на фестивалот ќе учествуваат осум фолклорни ансамбли и друштва од Македонија и од земјите на Балканот, информираат организаторите. 

Љубителите на фолклорот ќе имаат можност да ги проследат настапите на КУД „Илинден“ – Струга, КУД „Дримкол“ – Вевчани,  КУД „Илинден“ – Демир Хисар, КУД „Бранко Радичевиќ“ – Стара Пазова, Р.Србија,  КУД „Мислешево“ – Мислешево, КУД „Бисер“ – Кичево,  ФА „Филиграни“ – Охрид, ФА “Иван Горан Ковачиќ“– Хрватска. 

Оваа година ќе настапат околу 200 учесници кои преку песни и игри, ќе ги претстават фолклорните традициии и културните особености на своите земји.

- банер -

Фестивалот е помогнат од Министерството за култура.

Напишете коментар