Младиот кочански бенд „Корка“ е на својата прва интернационална турнеја
Младиот бенд „Корка“ од Кочани, ја започна годината со дебитантска турнеја низ регионов, на која изведува седум концерти низ шест држави.

Турнејата започна во Приштина, каде публиката имаше можност да го слушне бендот на 3-ти јануари во алтернативниот културен центар „Термокис“, а веќе на 4-ти „Корка“ беше во Подгорица во Друштвениот културен центар „Помаранџа“. Нивниот следен настап е утре, 6-ти јануари на море во Задар каде што ќе свират во Автономниот друштвено културен центар „Нигдјеземска“.
Им следат и два настапи во Словенија – во Љубљана во Гала Хала и во Културниот дом во Железники на 8-ми и 9-ти јануари 2026. На крај по пат накај дома ќе го посетат Белград со претпоследниот концерт од турнејата во „Квака 22“ на 11-ти јануари. Тие ќе ја завршат турнејата по мал одмор со концерт пред домашната публика во скопското кафуле „Котур“, кој е закажан за 19-ти јануари.

Оваа турнеја доаѓа после неколку настапи надвор од Македонија, како оној на фестивалот „Changeover“ во Белград оваа есен, како и посетата во Брисел со нивен концерт на меѓународниот натпревар „Imagine Music Experience“, кадешто ја освоија наградата од публиката пред само половина месец.
„Корка“ го издаде своето прво самонасловено EP во мај 2025 година. После бројни настапи во Кочани и Скопје, како и еден во Битола, бендот е веќе добро познат на младата публика. Бендот е дел од независната музичка издавачка куќа „Мртов коњ“, кои стојат зад организацијата на оваа турнеја на бендот.
- Не го добиваш тоа што го заслужуваш, го добиваш тоа што ќе го испреговараш
- Заштитено: Иштван Фаркаш, продавач на „Лицеулице“ во Нови Сад: „Солидарноста не е милостина“
- Луѓе кои ја движат промената: инспиративни пристапни приказни за трансформација и зајакнување
- Отворен повик за млади фотографи: „Сликите на вкусот“ ги обединува креативците од Балканот
- Инклузивна изложба на графики по повод Меѓународниот ден за подигање на свеста за лицата со аутизам