Лице в лице, Лице в лице интервју, Магазин

Не ми е важно кој може подобро, важно ми е што можеме заедно!

Слаѓана Вујошевиќ. Фото на Марко Угарковиќ

Кога бев многу мала, пишував дневник… го криев од сите и го чував само за себе, но постојано како да бев во страв дека сепак некој што не сакам ќе го прочита… па така паралелно со страниците посветени на моите најинтимни доживувања на секојдневието, решив да пишувам редови кои ќе бидат доволно умешно спакувани за ете во случај некој да ги прочита… И така пакувајќи ги своите интимни чувства во метафори, почнав да пишувам проза и поезија… многу ретко ја споделувам со другите, но тоа дефинитивно е уште еден израз преку кој излегува дел од мене… А од неодамна, во соработка со Дејан Спасовиќ ја доживувам и магијата на музиката… Од секогаш сум сакала да пеам, но ми се чини со секоја проба, тој ме учи како да допрам до најдлабоките делови на себе преку секоја опеана песна или поезија… Сигурно има уште многу уметнички идентитети кои допрва ќе ги откривам за себе… впрочем тука лежи магијата на тоа да се биде уметник…

Секоја трансформација ми се чини е резултат, пред сè, на силна желба и потреба… личната трансформација како човек, која ми се случува секојдневно, ја доживувам како остварена желба за растење, менување. А актерската трансформација од лик до лик, сметам дека подразбира емпатија, желба да се дознае каков е другиот, да се поседи во негова кожа, да се разбере вистински… и потоа да се оживее таа приказна, преку своето тело, глас, мисли, емоции… да се биде канал низ кој ќе мине таа друга душа…
Сцена од перформансот „Под.готвено“. Фотографија: Стефан Рајхл

Желбата е клучна, а кога се има желба, следи силен фокус на остварување на таа желба. Подеднакво се важни добри соработници, со точни индикации и насоки, континуирана размена на знаења, искуства и креативни идеи. А инспирацијата? Таа е насекаде околу нас, треба само да сме доволно присутни во секој миг за да ја забележиме

Работам интензивно на тоа полесно да ги препознавам предизвиците, особено навреме да согледам дали сама несвесно сум си ги задала, или едноставно средината ми ги наметнала. Кога знам каков е предизвикот и од каде доаѓа полесно се соочувам со него, го прифаќам, и успевам да му се препуштам и со тоа да го совладам! Исклучително е важно да не се мешаат предизвиците на сцена и тие надвор од неа… доколку тоа се случи имаме проблем! Но повторно, освестувањето е клучно решение и во тие неретки случаеви!

Уф колку убава и навистина значајна тема, особено денес!
За мене, свесна грижа за себеси  подразбира континуиран процес на себеспознавање. Често си ги поставувам прашањата „која сум јас“, „што сакам“, „што ми треба“, и забележувам, почести се одговорите „која не сум“, „што не сакам“, „што навистина не ми треба“.  Така се лупам како кромитка, дали преку медитација, јога, заемно дишење со некое дрво во дворот на моето маало или едноставно, разговор со најблиските. Деновите кога сум успеала да излупам повеќе слоеви од сè она што не сум, успевам да допрам поблиску до тоа што можам да бидам. Тогаш слушам повеќе, говорам помалку, тогаш сум сега и овде за сè што ми носи животот, мирна сум и со раширени раце прифаќам сè што ми доаѓа. Другите денови е потешко, бидејќи рацете ми се крвави од силниот стисок на дланките кои не сакаат да пуштат нешто, што подоцна сфаќам, не ми ни требало. Тие денови и умот станува досадна цимерка која многу дрдори. Полн е мисли кои објаснуваат како треба и како не треба, се расправаат со неправдите и континуирано докажуваат нешто. И оп вдишувам, издишувам… го чувствувам подот под стапалата, некакво чешкање на вратот, ладен воздух на кожата… сега сум овде, овде сум сега… умот се стишува… дланките се ослободуваат… пуштам сè што не е мое… и поблиску сум до сè што веќе имам!

Со добра организација! Додека живеев во Истанбул, научив како да го менаџирам времето за да можам во само 24 часа да ги направам сите работи кои сакам! Истовремено пишував докторска дисертација, играв во ТВ серија и подготвував театарска претстава, а притоа само патот од едно до друго место во градот ми одземаше скоро 3 часа во денот. Но, со силна желба, јас бев и достапна на вибер за најблиските во Скопје, а успевав да остварам нови пријателства во Истанбул. Сега, во Скопје, каде со велосипед пристигнувам од едно до друго место за неполни 20 минути, денот како да има 36 часа. Но, понекогаш со лоша организација не успевам ни една работа да завршам комплетно. Сè е до желбата и посветеноста во нејзино остварување! Фразата „немам време“ ја доживувам како потсетник дека можеби нешто не сакам доволно!

Извезовме многу. Сега ми се чини време е да почнеме да задржуваме млади таленти со тоа што ќе им обезбедиме правилен раст и развој, ќе им овозможиме простор за креација и себереализација, давајќи им безрезервна поддршка во осварување на соништата!

Повторно, работам на повеќе нешта иствремено. Но, ете голема радост чувствувам кон втората соработка со „Глумците пеат“. Ми се чини ова е еден од ретките настани кои обединуваат повеќе актери од скоро сите театри. Навистина сум среќна што во ова издание ќе имам точки со колешки со кои скоро никогаш претходно не сме работеле и искрено се надевам на многу смеа и радост. Во меѓувреме подготвувам уште неколку проекти чии детали сега за сега не би смеела да ги откривам. Но наскоро секако ќе ѝ се прикажат на јавноста, па едвај чекам да ги видам впечатоците.
Слаѓана во нуркачка авантура

Со сопругот делиме заедничка активност која подеднакво нè возбудува и исполнува, а тоа е нуркањето. И двајцата го сакаме подводниот свет и скоро сите заеднички одмори ни минувале во постојано набљудување на подводните суштества со маска, и секако нели, неизбежното чистење на ѓубрето заплеткано во алгите или песокот. Но од неодамна, ова ограничено нурнување, поради лимитот на снорклинг опремата, ни се виде недоволно и силната желба да бидеме што подлабоко, нè охрабри да запишеме курс и да се здобиеме со сертификат за длабочина од 30 метри. Наш инструктор беше Јордан Топкоски, Македонец кој 20-тина години со својата преслатка фамилија живее и работи во Дахаб, во „Ред Си Резортот“. Нуркањето е уште една активност за себеспознавање, за освестување на најдлабоките стравови, за прифаќање на другиот и дозволување на себеси да бидеш надвор од комфорната зона. Тоа е активност во која најдоминантниот звук е звукот на сопственото дишење.

Поезијата на Искра Донева. Било која од незините збирки поезија и да ја прочитате, ќе ви ја стопли душата, ќе ви го насмее срцето и ќе ви ја врати љубовта кон животот! А со секоја купена книга ѝ помагаме да си овозможи адаптирано живеалиште за функционално живеење, специјализирано за лица со церебрална парализа, како што е и самата Искра. Заследете ја Искра Донева на социјалните мрежи и впијте ги сите креативни дела кои таа ги создава!

Краткиот филм „Validation“ (Kurt Kuenne, 2007) за едно добро освестување што ни треба на сите постојано, но и колку лесно може да си го дадеме едни на други, а и сами на себе! Серијата „Modern love“ (2019-2021) ,бидејќи се презаситивме од тоа како не треба, и навистина ни недостига да видиме дека и доброто и убавото постојат и не се тешко достапни! 
Од музика, навлечена сум на „Фолтин“, прекрасно откритие ми се „Фанк Шуи“, а за сонце во градите и кога е ладно надвор „Blue skies“ од Ella Fıtzgerald!
Од подкасти топло препорачувам: Културен подкаст со Сара Атанасовска за конечно да чуете рецензии за македонскиот филм и театарски претстави и ЕУ Подкаст со Тамара Ристеска за да бидете во тек со креативните дела на наши уметници во земјава!

Моќ да молчам во моменти на навидум непријатна тишина.

Детективка!
Слаѓана во театарскиот перформанс „Под.готвено“. Фотографија: Стефан Рајхл

Живот животиште, падни стани, сите Дрини беа криви, никогаш не ги исправивме ама никогаш не престанавме да се обидуваме да ги исправиме. Ама, за чудо, научив да слушам повеќе, да говорам помалку… уште ја играме „Под.готвено“…. и конечно сум ПАЧА МАМА и во претставата и во животот ( За тие кои не знаат, следете го репертоарот на „Рaкатрак“ и „Ветра арт“ на социјалните мрежи и дојдете на следната изведба на ПОД.ГОТВЕНО, ќе ви биде појасно!)

Негувај ме, ама и порасни ме!

Сè што сакаш можеш Х 100!

Со Искра Донева, Ѓоко Здравески, Елизабета Баковска, Дејан Спасовиќ…

Фотографии од фотосесија: Марко Угарковиќ

Напишете коментар