Доза вести

Размислувај критички, состави ја целата приказна

Под мотото „Размислувај критички, состави ја целата приказна“, од денеска до 1 ноември, ќе се одржат четвртите по ред Денови на медиумска писменост 2022.

Ќе се одржат низа настани (онлајн и/или во живо) и ќе бидат емитувани посебни медиумски содржини и филмска програма, преку кои ќе се отворат повеќе аспекти на различностите во медиумите.

Во организацијата и оваа година, се вклучија поголем број членки на Мрежата и нивни поддржувачи: Македонскиот институт за медиуми, ИРЕКС, Проект на УСАИД за медиумска писменост – Младите размислуваат, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Институтот за комуникациски студии, Радио МОФ/МОФ, Коалиција Маргини, Фондацијата Метамофозис, ПИНА, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, МРТ, Институтот Макс Ван Дер Штул, Делегацијата на Европската Унија, СЕММ, „Лице в лице“, Мета.мк, Порталб.мк, Агенцијата за филм, кината Милениум, Синеплекс, Кинотека на РСМ и дистрибутерската куќа „Катавеј“.

Сите информации следете ги на https://mediumskapismenost.mk/

Напишете коментар