Доза вести

Пријавете идеја за социјален и зелен бизнис

Здружението за социјални иновации „Арно” како локален инкубатор во проектот RISE (Regional Incubator for Social Entrepreneurs), објави повик за млади (16-35 год.) со иновативни идеи за социјални и зелени бизниси кои решаваат општествени и еколошки проблеми. 
Повикот за апликации ќе биде отворен до 31 октомври, понеделник. За апликација треба да се пополни формуларот на англиски јазик, кој е достапен  ОВДЕ. 

Целосниот повик може да се најде на веб страната на „Арно“. За сите заинтересирани, организаторот организира и онлајн инфо сесија во среда, 26-ти октомври во 16:30 часот.

Програмата RISE нуди едукативна и финансиска поддршка која им помага на младите да ги трансформираат своите идеи во реалност.  

RISE е динамична заедница на млади социјални иноватори и лидери од регионот која креира промени, негува добри вредности и чини добри дела. Во првите две изданија, на регионално ниво поддржани се 274 млади и 88 идеи од Западен Балкан, од кои денес, дел прераснаа во функционални социјални бизниси кои освоија и други регионални награди, грантови и го привлекоа вниманието на донаторите и медиумите.

Напишете коментар