Што е самољубов?
Толку испеани песни и насликани слики, сите за љубов кон некого. Но, може ли да се сетите на вакви дела кои носат благодарности кон самите себе си?
Многу често се зборува за важноста на љубовта во светот, ама недоволно за љубовта која што самите треба на себе да си ја дадеме.
Самољубов не значи да имате висока самодоверба или да сте себични. Самољубов претставува дека знаете кога ви е потребен слободен ден, јадење со уживање, пиење доволно вода, редовен сон, читање книга, слушање музика…
Самољубов е грижа за сопствената среќа, за менталната и за физичка состојба.
Ваквата љубов е обврска кон сопствената личност!
Тоа е одлука со помош на која секое утро стануваме од нашиот кревет и го започнуваме денот. Доколку не се сакаме самите, тогаш нема да можеме да ги сакаме и останатите, а ниту тие нас.
Како вие практикувате самољубов?
Авторка на текст и илустрација: Елена Дурловска, средношколка и волонтерка на „Лице в лице“