(ВИДЕО) Место сојузник на жените жртви, системот делува како соучесник во семејното насилство
„Кога го пријавив насилниот сопруг, наместо помош, со насмевка добив повратен одговор дека семејното насилство е проблем што треба да се реши дома, со мажот“.
Ваков одговор добила жена откако собрала храброст да го пријави партнерот, чиј ќотек го трпела со години. Таа е една од жртвите на семејно насилство, која за „Лице в лице“ го споделува своето горко искуство. И останатите испитанички на прашалникот „Системски (не)одговор на семејното насилство“ – немаат пофални зборови за институциите, кои треба да ги заштитат. Велат дека наместо нивен соборник, системот делува како соучесник на насилството.
Речиси половина, насилството најпрво го пријавуваат во полиција. Од 27 жени кои решија да го споделат своето искуство на нашиот прашалник, високи 44 отсто одговориле и дека насоките што ги добиле од институциите по пријавувањето се нејасни и збунувачки, а најголем процент, над 56, се жалат на работата на Центарот за социјална работа. На второ место, по забелешки за професионалност во дејствувањето, е полицијата со 30 отсто.
Во ниту еден од случаите досега не е побарана одговорност и пропусти во работењето на институциите.
Целата сторија „Системот е продолжена рака на насилството, насилниците се извлекуваат со условни казни“ е достапна на линкот
Автори: Валентина Вурмо и Анета Ристеска