Скопје ќе биде домаќин на CASSINI Хакатонот

Од 16 до 18 мај 2025, Скопје и Македонија за првпат ќе бидат домаќини на еден од најпрестижните европски иновациски настани – CASSINI Hackathon, кој ќе се одржи во ИТ хабот Netaville, под покровителство на Европската комисија и EUSPA (Агенција на ЕУ за вселенска програма).
Овој хакатон, кој паралелно се одвива во 10 европски држави, е посветен на темата „Вселената за здравството“, каде што учесниците ќе работат на иновативни решенија со користење на сателитски податоци за подобрување на:
Следење и реакција при болести и здравствени ризици
Подобрување на итните медицински услуги
Унапредување на менталното здравје и благосостојба
Настанот ќе ја обедини технолошката, здравствената, академската и стартап заедницата, со учество на студенти, експерти, претприемачи и ентузијасти, и е поддржан од бројни национални и меѓународни организации, соопштуваат организаторите.