„Марш на ангелите“ во Скопје – семејствата на жртвите од Кочани бараат правда
Семејствата на загинатите во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани одржаа протестен марш – наречен „Марш на ангелите“ – денеска во Скопје. Тие, заедно со многу поддржувачи, се собраа точно напладне пред Јавното обвинителство, носејќи фотографии од своите загинати деца и транспаренти со силни пораки. Маршот започна во 12:05 часот, што симболично ја претставува „задоцнетата реакција“ на надлежните институции, бидејќи трагедијата се случи пред еден месец. Протестот беше мирен, но наполнет со емоции – болка, гнев и разочараност – додека присутните бараа одговорност за 62-те млади животи изгубени во пожарот.

Фото: Кристиан Христов
- Јазикот на присутноста
- Што ги движи протестите и зошто општествените движења не се само левичарски каузи?
- Патувачкото кино на „МакеДокс“ повторно тргнува низ Македонија: Бесплатни проекции во шест места
- Историски успех: „Приказната за Силјан“ е првиот македонски филм номиниран за наградите „Еми“
- „Зрно“ 2026 ги претставува избраните автори од меѓународниот отворен повик