Од бројки до поддршка што менува животи: како социјалните ментори го поддржуваат вработувањето на младите невработени луѓе?
Во време кога невработеноста и економската неизвесност го засегаат секојдневниот живот на илјадници млади, социјалното менторство се покажува како мост кон нови можности. Марија Цветаноска – Трпески, е дел од тимот социјални ментори на „Паблик“, ги води младите преку предизвиците на пазарот на труд, помогнувајќи им да ги откријат своите таленти, да ја зајакнат самодовербата и да направат првиот чекор кон економска независност. Не станува збор само за бројки и статистики – секој учесник е индивидуална приказна со потенцијал за промена и напредок.
Со поддршката од социјалното менторство па на „Паблик“ се создава простор каде корисниците на гарантираната минимална помош не се гледаат само како бројки или категории, туку како индивидуи со потенцијал, таленти и сопствена животна приказна. Менторката Трпески посочува дека социјалните ментори се професионалци кои подаваат рака токму во моментите кога промената изгледа најдалечна – нудејќи охрабрување, насока и чувство дека некој верува во тебе тогаш кога е најпотребно.
Преку континуирана работа, редовни средби и внимателно воден процес, таа е дел од менторите кои им помагаат на корисниците да ги препознаат своите силни страни, да ги надминат ограничувачките верувања и да направат чекор напред кон активирање на пазарот на труд. Поддршката не завршува со вработувањето!
Напротив, токму тогаш менторите стануваат најсилните сојузници, бидејќи влегувањето во нова работна средина често е придружено со стравови, неизвесност и потреба од дополнителна стабилност.
Погледнете го видеото со менторката Марија, кое е изработено во рамките на проектот за подобрување на социјалните услуги во Министерството за социјална политика, демографија и млади со поддршката на Светска Банка.
- Заштитено: Иштван Фаркаш, продавач на „Лицеулице“ во Нови Сад: „Солидарноста не е милостина“
- Луѓе кои ја движат промената: инспиративни пристапни приказни за трансформација и зајакнување
- Отворен повик за млади фотографи: „Сликите на вкусот“ ги обединува креативците од Балканот
- Инклузивна изложба на графики по повод Меѓународниот ден за подигање на свеста за лицата со аутизам
- „Саранда“ во Жеровјане, место каде различностите се мешаат, токму како и вкусовите на сладоледот