Доза вести, Школа за медиумска писменост

„Лице в лице дурбин“  – Работилница за кокреирање приказни кои прават промена

Време на читање: 2 минути

„Лице в лице“, во соработка со здружението „Грит“ на 4.11.2024 година во Младински центар Пробиштип, организира работилница за млади од Злетово, Пробиштип и Кратово. Настанот е насловен „Лице в лице дурбин“  –  работилница за кокреирање приказни кои прават промена.

Учесниците ќе имаат можност подобро да ја разбeрат улогата на медиумите, заканите од поларизацијата и да ги развијат своите капацитети за дизајнирање, креирање и промовирање на медиумскиот активизам и на медиумската и информациската писменост. Дел од учесниците, понатаму ќе имаат можност да се вклучат во креирање содржини кои се однесуваат на борба против поларизацијата, дезинформациите, лажните вести и говорот на омраза, со акцент на овие предизвици на Интернет.

Осврт на овие предизвици ќе даде Сашо Богдановски, раководител на Одделението за човекови права и медиумска писменост од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Преку добрите практики на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“, на присутните ќе им го претставиме и моделот на вклучување на граѓаните во креирањето содржини.

На работилницата ќе присуствуваат ученици од локалните средни училишта, млади, претставници на медиумски и книжевни клубови, претставници на локални граѓански организации, наставници и новинари. Од ова ќе произлезе кампања и низа содржини кои „Лице в лице“ и Грит ќе ги комуницираат преку своите дигитални канали. Исто така, дел од содржините ќе бидат објавени и во следното печатено издание на уличното списание за одржлив развој „Лице в лице“.

На работилницата претходеа низа средби за вклучување на граѓанските организации, неформални групи, медиумски и книжевни клубови од Пробиштип, Злетово и Кратово, во практики за медиумски активизам, медиумска и информациска писменост.

Настанот се одржува во рамки на Деновите на медиумска писменост 2024.


Прочитајте и за други теми

Напишете коментар