Зелена република, Магазин

Климатската криза е ризик на иднината, но и на сегашноста

Климатската правда значи енергетска, социјална, политичка и економска правда. Не­оп­ход­но е колективно дејствување за нејзино постигнување и за радикално похумано и по­о­држ­ли­во општество

Кли­мат­ска­та криза е резултат на неправедниот и неодржлив социо-економски систем во кој живееме. Неолибералната парадигма го има заробено секој молекул на нашето ин­ди­ви­ду­ал­но и општествено постоење, при што ги има нормализирано индивидуалноста, би­нар­но­ста и експлоатацијата на природата, телото и на трудот на луѓето за профит на мал­ку­ми­на, додека колективитетот и плурализмот на визии и на практика за радикално по­до­бра иднина за сите – мачно страдаат. Во времето во кое живееме негувањето надеж, гри­жа­та за другиот, за околината и колективното дејствување кон климатска правда за со­ци­јал­но-праведна и климатско-безбедна иднина се крајно субверзивни акти.

Илѕстрација: Лирим Оџа

Суши, поплави, недостиг од чиста вода

Све­тот брзо се движи кон глобално затоплување од повеќе од 1,5 Целзиусов степен, што уште од 2018 година е граница за која Меѓувладиниот панел за климатски промени (ИПЦЦ), најреномираното меѓународно тело на научници, предупредува да не дозволиме да се премине. По оваа граница нѐ чека домино-ефект од уште поекстремни временски ус­ло­ви: зголемување на нивото на морето, поплави, суши, недостиг од чиста вода и од здра­ва храна и уште поголема општествена нееднаквост. Голем број заедници, особено од глобалниот југ, кои имаат најмалку придонесено кон климатската криза, веќе се со­о­чу­ва­ат со овие појави и тоа предизвикува климатска миграција. Нашето поднебје не е иск­лу­чок. Почнуваме да се соочуваме со сѐ потопла и посува клима. Извештајот на УНДП „Про­ек­ции за климатски екстреми до 2100 година за Република Северна Македонија“ укажува на ризикот од подолги, потопли и посуви лета, намалување на паѓањето снег и појавата на мраз, зачестени и интензивни топлотни бранови, поплави и суши и кај нас. Разговарајте со кој било долгогодишен земјоделец, ќе ви каже за промените во климата и во вре­мен­ски­те услови што ги чувствува во текот на годините одгледувајќи ја храната што ја јадеме. Кли­мат­ска­та криза не е ризик на иднината, туку и на сегашноста.

Крај на употребата на фосилни горива како прв чекор, но не и кај нас

Во специјалниот извештајна ИПЦЦ се вели дека имаме можност најдоцна до крајот на де­це­ни­ја­та комплетно да го промениме начинот на функционирање на нашата економија. Го­ре­ње­то фосилни горива, нафта, јаглен и гас за краткорочен профит на извршните ди­ре­кто­ри во фосилната индустрија, како и на нивните помагатели во јавната администрација на речиси секоја држава, го голта брзо јаглеродниот буџет на планетата во последните не­кол­ку децении – како никогаш досега. Македонија, повторно, не е исклучок. Сведоци сме на постапките на (привремени) јавни функционери што за акумулација на профит соз­да­ва­ат закони, законски акти и тендери што се за нивни бенефит, додека другите дишеме то­кси­чен, убиствен воздух. Да се потсетиме на епизодата „Заговор против воздухот“ од еми­си­ја­та „Редакција“ на Истражувачката репортерска лабораторија.

Ду­ри и Меѓународната агенција за енергетика, највисокото тело за моделирање глобални енер­гет­ски сценарија, историски склоно кон фосилната индустрија, неодамна излезе со ана­ли­за­та „Нето-нула до 2050 година“ во која повеќе од јасно кажува:

„Ин­ве­сти­ции во снабдување со нови фосилни горива не се компатибилни со сценариото за останување на пониско од 1,5 Целзиусов степен“.

Но, оваа анализа како да нема стигнато до ушите на македонските функционери, кои ток­му годинава потпишува договори за инвестиција од 370 милиони евра во терминал на те­чен фосилен гас во Александруполи и во изградба на гасна инфраструктура низ целата др­жа­ва, како што информираше Владата на Република Северна Македонија. Ова значи до­пол­ни­тел­но уништување на шумите, белите дробови на земјата, разорување на плодна поч­ва, потенцијален ризик од протекување на најпотентниот гас што предизвикува ефект на стаклена градина (метан) во почвата и во подземните води и потенцијално раселување на цели заедници што би се нашле на патот на гасоводот.

Енергетска правда значи достоинствена количина обновлива енергија за секого

Имај­ќи го ова на ум, борбата за климатска правда е неодвоива од борбата за социјална, енер­гет­ска, политичка и економска правда. Со отвореното собирање колективни визии за на­ци­о­на­лен зелен договор на платформата „Зелен глас“ на Коалицијата на иднината (zelenglas.mk), уви­ду­ва­ме дека повеќето од нас ја замислуваат блиската иднина на многу сли­чен начин: достоинствен живот со достоинствени примања, квалитетна и здрава ло­кал­на храна, квалитетно критично образование, квалитетно здравство за физичко и мен­тал­но здравје и работа за секој што може на кој било начин да придонесе во својата за­ед­ни­ца. Гледаме дека повеќето од нас ја замислуваме социјално и политички праведната ид­ни­на во заедништво, со интелектуално и со физички ослободени луѓе, во соживот со при­ро­да­та и со екосистемите, со модели на директна партиципативна демократија, осо­бе­но во донесувањето одлуки што нѐ засегаат нас и нашата заедница (одличен пример кај нас е платформата „Мој град“) и со слобода за критичко културно изразување.

Мо­де­ли­те, пак, за постигнување енергетска и економска правда веќе ги имаме.  Тие не вклу­чу­ва­ат централизирана приватизирана фосилна енергија од фосилен гас или кои било дру­ги фосилни горива. Земјава има голем број сончеви денови и огромен потенцијал за де­цен­тра­ли­зи­ра­на сончева и ветерна енергија. Место инвестирање на милиони евра во фо­си­лен гас, инвестициите би можеле да се насочат кон ова! Енергетската сиромаштија е на незавидно ниво:

„Во 2014 година повеќе од 40.000 домаќинства имале проблеми со плаќање на сметките за електрична енергија, а главниот дистрибутер на гас забележал пад и намалување на бро­јот на корисници од 30 проценти во периодот од 2007 година до 2014 година како ре­зул­тат на зголемувањето на цените“, се вели во статијата „Северна Македонија ја губи бор­ба­та против енергетската сиромаштија“ на „Клајмат хералд“. Енергетска правда значи до­сто­инс­тве­на количина обновлива енергија за секој, по достапна цена и ова би било воз­мож­но доколку приоритетите на власта се вистински насочени кон зачувувањето на здрав­је­то на луѓето, екосистемите и ублажувањето на климатската криза.

Почитување на принципите на праведна транзиција

За да не ги репродуцираме неправдите што ни ги има нанесено капитализмот, процесот кон напојување на трансформираниот економски систем со обновливи извори на енергија мо­ра да ги почитува принципите на праведната транзиција: заштитено вработување на лу­ѓе­то што моментно работат во фосилната индустрија, вистинско вклучување на за­сег­на­ти­те заедници, демократска сопственост на енергетскиот систем, инвестиции и субвенции во оваа насока, регенерација на уништените екосистеми поради екстракција и употреба на фо­сил­ни горива и обновување и подобрување на ефикасноста на моментната енер­гет­ска мрежа. Ова е наведено во „Запирањето на употребата на јаглен не е доволно, по­треб­на ни е праведна транзиција“ на „Клајмат хералд“.
Мно­гу од овие модели и стратегии воопшто не ни се туѓи, тие се веќе реализирани низ европ­ски­от континент и пошироко – во Тампере, Финска, во Палма Кампанија, Сан Џузепе Ве­зу­ви­ја­но и Стријано во јужна Италија, па дури и во Крижевци, Хрватска (municipalpower.org). Мо­де­ли­те на енергетски задруги се светол пример за енергетска и еко­ном­ска правда на заедниците во кои се иницирани.

Колективна акција преку радикална солидарност

На­ју­ба­во­то чувство е тоа што сѐ од ова ни е на дофат. Иднината е возбудлива и на нас останува како ќе ја обликуваме. Идентификувањето и предизвикувањето на вистинските при­чи­ни­те­ли на моментната испреплетена криза и радикалната солидарност еден кон друг и особено колективно кон засегнатата и маргинализирана заедница е неопходно ка­ко никогаш досега за зачувување и продолжување на животот на сите живи суштества на пла­не­та­та. За градење на посакуваниот свет, на похуманото и одржливо општество во кое са­ка­ме да живееме, мораме колективно, интерсекциски и визионерски да пристапиме на ре­ше­ни­ја­та. Трансформацијата кон тој свет почнува со секој од нас –  локално, во нашата за­ед­ни­ца, и глобално, со транснационална солидарност кон сите угнетувани и погодени од кли­мат­ска­та и социо-еколошката и политичка криза.

Упа­те­те се на платформата „Зелен глас“ денес и придонесете за националниот зелен до­го­вор со вашата визија!

(Автор­ка­та е коосновачка на организацијата за климатска и социјална правда, „Kolektiv Z“, не­за­вис­на истражувачка и студентка на докторската програма за политички и со­ци­јал­ни науки при Универзитетот „Помпеу Фабра“, Барселона)

Напишете коментар