(само)Свеста за различности – основа за здружени тимови во бизнисот
Како инклузивната култура во еден систем овозможува вистинска инклузија, било да е тоа прифаќање на лица со попреченост, бездомни лица, Роми или нов колега во тимот. Компаниите ја имаат моќта да го променат светот и да создадат подобро општество. Ги претставиме концептите на кои не ставаме доволно внимание во нашиот секојдневен живот.
Различноста и инклузијата се исклучително важни принципи за целото наше општество. Дека се важни и стануваат сè повидлива потреба и за бизнисот, ни сведочи нашето вчерашно гостување, на покана на компанијата „Мелон технологии“, која е дел од „Кin + Carta“, каде одржавме работилница и бевме гости со продажба на „Лице в лице“.
Со нив отворивме дијалог за нивната лична лога во процесите на инклузија.
– Разговаравме за тоа како инклузивната култура во еден систем овозможува вистинска инклузија, било да е тоа прифаќање на лица со попреченост, бездомни лица, Роми или нов колега во тимот. Компаниите ја имаат моќта да го променат светот и да создадат подобро општество. Ги претставиме концептите на кои не ставаме доволно внимание во нашиот секојдневен живот. Дружбата стави акцент на личен капацитет да ги забележиме нашите пристрасности и предрасуди кога се соочуваме со различности во националност, сексуална ориентација, ментално здравје или социјален статус на другиот. Оваа самосвест ја поставува и основата за здружени тимови, имплицира дијалог за кокреирање нови решенија наместо дебата и отвора врата за мотивација, лојалност и иновации- вели Небојша Илијевски, експерт за подобрување на квалитетот на односите во тимови со различности, кој ја водеше работилницата со дел од тимот на „Мелон“.
Во новото издание на „Лице в лице“, кое е посветено на решенијата за градење инклузивен пазар на труд., со „Мелон“, меѓу другото, разговаравме и за инклузивна работна средина.
Специјалистката за создавање препознатлив бренд на „Мелон“, Мартина Неданоска, посочи дека компанијата промовира отворени разговори, почит и поддршка меѓу вработените.
Со станувањето дел од „Kin + Carta“, ги здруживме силите за глобални и локални иницијативи за подигнување на свеста, едукација на нашите вработени и создавање атмосфера каде што секој може да биде своето автентично „јас“ и да ги прифати другите на ист начин. „Kin + Carta“ ја претстави програмата IDEA (Inclusion, Diversity, Equity and Awareness), која ги опфаќа правата на жените, различноста, менталното здравје, ЛГБТИ+, попреченост, сексуалното здравје, семејното насилство и здравјето на мажите. Со примена на оваа програма, имаме цел да го подобриме животот на нашето опкружување и пошироко. Нашата крајна цел е да поттикнеме позитивно и инклузивно работно место каде што секој вработен се чувствува прифатен и мотивиран за личен и професионален развој – вели Неданоска.
Во склоп пак на иницијативата „Лице в лице на гости“, дел вработените од „Мелон“ беа и домаќини на нашите продавачи Хари Аметовски од Црвен крст на Град Скопје и Рамајана Реџепи од Дневниот центар за деца на улица. Повеќе за оваа посета, на овој линк
Новиот број е во продажба, ќе го најдете овде