Што ако не се случеше?
Кочани, исполнетo со музика, полнo со енергија во ноќта,
додека искра не ја задуши радоста во хаос и страв.
Со еден чадлив здив, пламени јазли го проголтаа ритамот,
музиката замолкна под вресоци и плач.
Пепел ги зацрни соништата каде што некогаш одекнуваше смеа,
десетици гласови замолкнати! Никогаш повеќе нема да ги слушнеме.
Тагата носи солзи, но и глас полн со гнев.
Не е доволна тагата, правдата си бара сцена..
За да нема веќе заобиколувања по цена на животи,
бараме вистина додека не дојде правда.
Слушаме многу „можеби“,
но, што ако не се случеше?
Нашето бдеење е ветување: ќе се бориме за она што е исправно,
создавајќи надеж од пепелта на таа страшна ноќ!
Михаела Маџевска, средношколка
- Не го добиваш тоа што го заслужуваш, го добиваш тоа што ќе го испреговараш
- Заштитено: Иштван Фаркаш, продавач на „Лицеулице“ во Нови Сад: „Солидарноста не е милостина“
- Луѓе кои ја движат промената: инспиративни пристапни приказни за трансформација и зајакнување
- Отворен повик за млади фотографи: „Сликите на вкусот“ ги обединува креативците од Балканот
- Инклузивна изложба на графики по повод Меѓународниот ден за подигање на свеста за лицата со аутизам