Креираме со младите за младите!
Платформата за одржлив развој „Лице в лице“, во соработка со Националниот младински совет на Македонија, ја отпочнува кампањата „Земи што ти треба“, која има за цел да ја скрши стигмата за менталното здравје, да едуцира, да понуди простор за разговор, сослушување, споделување и да даде поддршка.
Со ова кампања, воедно, го најавуваме и новото, 55. издание на „Лице в лице“, кое се фокусира на темата ментално здравје.
Оваа иницијатива е дизајнирана за да обезбеди основни информации, да крене свест, да понуди стручни совети и заедница за поддршка каде што вашиот глас е важен.
Се фокусираме на едукација и кревање свесност кај младите, но и кај нивните родители, за менталното здравје. Веруваме дека информираните умови чекорат кон креирање на здрава заедница.
Во нашето делување сакаме да бидеме партнери и со вас!
Вашите мислења и согледувања се клучни за обликување на оваа кампања. Кокреирањето како принцип на „Лице в лице“ нуди можност за создавање и простор каде младите ќе можат да ги изразат своите потреби, да ги споделат своите мисли и да се поврзат со другите кои го разбираат нивното патување.
Што ти треба?