„КритикУМ“: конференција што го редефинира активизмот во Македонија

На 24 и 25 јануари во Скопје, Здружението за едукативен развој „Еквалис“ го организира второто издание на Националната конференција за активно граѓанство „КритикУМ“.
Оваа конференција е платформа за поврзување, споделување на искуства и градење заеднички стратегии за подобрување на заедниците. Преку примери на храбри и истрајни граѓански иницијативи, учесниците ќе имаат можност да се инспирираат, но и да ги разгледаат предизвиците и несовршеностите на активизмот.
Конференцијата излегува од класичните формати, нудејќи уникатно искуство преку интерактивна прошетка низ градот вториот ден. Учесниците ќе имаат можност да го истражат јавниот простор како сцена за секојдневните борби, истрајност и отпор, притоа испишувајќи нови приказни за промена.
„КритикУМ“ е место каде што активизмот не само што се анализира, туку и се доживува, мотивирајќи ги граѓаните кон заеднички чекори напред.
Повеќе детали за програмата – на линкот.
Читај повеќе и за други теми:
- Мисли за седум генерации нанапред: новата формула за деловен успех
- Пловен базар на Охридското Езеро: Креативна симбиоза на уметноста, занаетчиството и природата
- Купи „Лице в лице“ од Анабела: Таа не продава само списание, туку раскажува животна приказна
- Новинарството како мост до социјална правда: прогласени добитниците на „Гласник на невидливите“ 2025
- Нема пари? Нема проблем. Во Штип се вежба бесплатно