Доза вести, Лице в лице

Ден за кариера во Битола – вмрежување, забава и можности за невработени лица

Младинскиот културен центар Битола, во соработка со низа партнери организира поврзување на бизнис заедницата со невработени лица и промоција на отворени работни позиции

Настан кој нуди информација, мотивација и можност за невработени лица од општина Битола да се поврзат, да аплицираат и да се вработат, организира Младинскиот културен центар Битола во соработка со низа партнери. Настанот ќе се одржи утре, 25.04.2023 година на платото пред Офицерски дом од 12 до 19 часот. Овие можности се во склоп на Ден за кариера, во чии рамки ќе бидат претставн проектот „ЕНТЕГ – Претприемништво за дипломирани студенти со високо образование“, како и активностите насловени „УКЛО и пријателите – нови перспективи“.

МКЦ – Битола во соработка со Агенција за вработување и Регионална комора Битола организира поврзување на бизнис заедницата промоција на отворени работни позиции со невработени лица. Овој дел од настанот нуди информација, мотивација и можност за невработени лица од општина Битола да се поврзат, да аплицираат и да се вработат во брзорастечки компании, големи компании, мали и средни бизниси, иновативни бизниси и старт ап компании од една страна, и компании кои имаат потреба од работници со стручни квалификации, кои нудат слободни работни места. Во овој дел, повеќе од 20 компании ќе промовираат повеќе од 100 отворени работни позиции за различни профили на граѓани, велат организаторите.

На програмата се и забавни активности, промоција на студиските програми на УКЛО, програми за мобилност, едукација, лаборатории, коктел и вмрежување.

Овој дел од Денот на карира се реализира со обединување на капацитетите и ресурсите на УКЛО, јавните институции, Локалниот економско социјален совет на Општина Битола, бизнис заедницата, Регионалната стопанска комора, граѓанскиот сектор и креативците во Битола.

24.04.2023

Напишете коментар