Меките вештини се важни за вработување, но занемарени во образовниот систем

РАЗГОВОР СО АЛЕКСАНДАР МИТАНОСКИ, СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК КОЈ РАБОТИ СО МЛАДИ ЛИЦА ОД РАЗЛИЧНИ КАТЕГОРИИ
Во Македонија, свеста за значењето на меките вештини расте, но реалната запознаеност и практична примена меѓу младите не се уште на високо ниво во споредба со техничките или професионалните вештини. Меките вештини, како комуникација, тимска работа, решавање конфликти, креативност и лидерски способности, се важни за вработување и развој во модерниот свет, но често се занемаруваат во образовниот систем.
Филип Костов
Александар Митаноски е социјален работник кој повеќе од 10 години активно работи со млади и со лица од различни категории, вклучувајќи социјално исклучени и ранливи групи. Неговата професионална кариера е исполнета со учество во бројни проекти и иницијативи насочени кон подобрување на животот и можностите за младите во Македонија.
Во ова интервју, тој ги споделува своите размислувања за важноста на меките вештини, зошто тие сè уште не се доволно застапени кај младите, како може да се подигне свесноста за нивното значење, и кои чекори треба да се преземат за да се поттикне нивниот развој. Покрај тоа, разговараме и за улогата на институциите, организациите и социјалните работници во овој процес, како и за тоа како развојот на меките вештини може да ги мотивира младите да останат и да придонесат за својата земја.
Зошто мислите дека младите во Македонија не се доволно запознаени со меки вештини?
Многу од младите во нашата држава не се целосно свесни за значењето на меките вештини во изградба на успешна кариера. Меките вештини се важни, и тие се процес на секојдневно учење и напредување.
Наспроти тоа, постои растечка свест дека развојот на меките вештини е важен за личен и професионален напредок, и започнуваат да се вклучуваат во различни програми и иницијативи. Сепак, за да станат еднакво важни како и тврди вештини (технички), потребно е повеќе внимание во образованието и културата на учење.
Во Македонија, свеста за значењето на меките вештини расте, но реалната запознаеност и практична примена меѓу младите не се уште на високо ниво во споредба со техничките или професионалните вештини. Меките вештини, како комуникација, тимска работа, решавање конфликти, креативност и лидерски способности, се важни за вработување и развој во модерниот свет, но често се занемаруваат во образовниот систем.
Како можеме да ја подигнеме свесноста за важноста и нивната улога во професионалниот успех?
Некои иницијативи, тренинзи и проекти за развој на меките вештини се спроведуваат во рамките на различни невладини организации и институции, но не сите млади ги имаат можностите или ресурсите да учествуваат во нив.
Сметам дека треба да им се овозможи и пристам на младите од руралните средини, со цел и тие да имаат пристап до овие можности за професионален успех. Подигнувањето на свесноста за важноста на меките вештини и нивната улога во професионалниот успех може да се постигне преку неколку клучни стратегии, на пример преку образовниот систем, поголема промоција преку социјална медиуми, како и дополнителни обуки, тренинзи, неформално образование и сл. Младите потребно е да имаат многу појасна слика за тоа како меките вештини влијаат на нивниот професионален успех, и така ќе бидат повеќе мотивирани да ги развиваат.
Кои чекори сметате дека треба да се преземат за да се едуцираат младите и да се обучат во таа насока?
Едукацијата на младите за важноста на меките вештини може да се постигне преку неколку пристапи и активности кои ќе ги направат свесни за нивната вредност и корист во секојдневниот живот и кариера: обуки за меки вештини, активно застапување и лобирање за важноста на меките вештини, спроведување на кампањи, менторство на младите, поврзување со компании и индустрија. Создавање на јасна слика за важноста на меките вештини.
Како развојот на меки и други вештини може да ги поттикне малдите да останат и да допринесат во државата ?
Развојот на меките и други вештини може да има големо влијание на младите во Македонија и да ги поттикне да останат во земјата и активно да придонесат во нејзиниот развој. Еве неколку начини како овие вештини можат да имаат позитивен ефект. Зголемување на можностите за вработување и кариерна стабилност, подобрување на претприемничките способности, подобрување на социјалната одговорност и активизмот, развој на критичко размислување и иновации, поттикнување на регионален и локален развој. За Македонија, ова значи зголемена економска продуктивност, повеќе иновации, како и млади кои се мотивирани да останат во земјата и да создадат долгорочен позитивен ефект на локалните заедници и државата во целина.
Дали вашата професија може да помогне во процесот на едукација и поттикнување на младите за развој на овие вештини?
Социјалните работници имаат специфичен пристап и алатки за работа со млади луѓе, што им овозможува да влијаат на нивниот развој и да ги поддржат во социјализацијата и изградбата на кариери. Социјалниот работник има многу значајна улога во процесот на едукација и поттикнување на младите за развој на меките вештини. Тој може да им помогне на младите да ги развијат клучните меки вештини кои ќе им овозможат да бидат поуспешни, адаптивни и способни да се соочуваат со предизвиците на современото општество. Со ова, тие не само што ќе се придонесат за личен напредок, туку и за поширок развој на заедницата и земјата.
Кои институции или организации сметате дека треба да бидат вклучени во овој процес?
Развојот на меките вештини кај младите во Македонија е динамичен и креативен процес кој вклучува соработка на различни институции и организации, како на државно така и на локално ниво. Во таа насока сметам дека треба да бидат вклучени најпрво образовните институции (училиште, факултети, академии), клучните министерства како МОН, Министерство за социјална политика, демографија и млади, Министерство за млади и спорт. Потоа важни се и невладините организации кои работат со млади, младински организации, како и вклчување на бизнис секторот и компаниите. Верувам дека само преку сеопфатно вклчуавње на сите засегнати страни, може да има успешен процес. И секако најважно е учеството и мислењето на младите.