Магазин

Смртноста кја бебињата ке се намали кога негрижата ќе се повика на одговорност

НА БЕБИЊАТА МОЖЕМЕ ДА ИМ ДАДЕМЕ ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ДЕН, ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН МЕСЕЦ - ПОВЕЌЕОД САМО ОПСТАНОК. МОЖЕМЕ ДА СПАСИМЕ ОГРОМЕН ДЕЛ ОД ДЕЦАТА ШТО УМИРААТ ВО ПРВИТЕ 28 ДЕНА ОД ЖИВОТОТ СО ЕКОНОМИЧНИ И КВАЛИТЕТНИ ЗДРАВСТВЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА СЕКОЈА МАЈКА И ЗА СЕКОЕ НОВОРОДЕНЧЕ

Ед­на од нај­го­ле­ми­те од­го­вор­но­сти на се­кое оп­штес­тво е од­го­вор­но­ста спре­ма сво­и­те де­ца. Во све­тот се­га по­стои мно­гу ед­но­ста­вен на­чин на ме­ре­ње на тоа што се­ко­ја зем­ја го пра­ви за сво­и­те најм­ла­ди гра­ѓа­ни. Тоа е стап­ка­та на смрт­ност кај но­во­ро­ден­чи­ња­та – бро­јот на де­ца што уми­ра­ат во пр­ви­те 28 де­на од жи­во­тот на ил­ја­да жи­во­ро­де­ни.

Таа лес­но се ме­ри и се ко­ри­сти за спо­ре­ду­ва­ње ме­ѓу зем­ји­те, а е одраз не са­мо на ефи­кас­но­ста на здрав­стве­ни­от си­стем, ту­ку и на си­ро­ма­шти­ја­та и на со­ци­јал­на­та бла­го­со­стој­ба, стап­ки­те на бо­ле­сти и ква­ли­те­тот на жи­вот­на­та сре­ди­на во зем­ји­те во раз­вој.

Во зем­ја­ва има­ме вто­ра по ви­си­на стап­ка на смрт­ност кај но­во­ро­ден­чи­ња­та во Евро­па. И до­де­ка таа е во по­сто­ја­но опа­ѓа­ње во дру­ги­те зем­ји од За­па­ден Бал­кан – ов­де, во пос­лед­ни­те го­ди­ни, е во по­раст. Но, со­стој­ба­та мо­же да се сме­ни. На овие бе­би­ња мо­же­ме да им да­де­ме по­ве­ќе од еден ден, по­ве­ќе од еден ме­сец – по­ве­ќе од са­мо оп­ста­нок. Мо­же­ме да спа­си­ме огро­мен дел од овие бе­би­ња што уми­ра­ат во пр­ви­те 28 де­на од жи­во­тот со еко­но­мич­ни и ква­ли­тет­ни здрав­стве­ни ре­ше­ни­ја за се­ко­ја мај­ка и за се­кое но­во­ро­ден­че.

За смрт­но­ста кај но­во­ро­ден­чи­ња­та да ста­не дел од ми­на­то­то, зем­ја­та тре­ба да обез­бе­ди со­од­вет­на ан­те­на­тал­на за­шти­та, прег­ле­ди и по­се­ти на си­те бре­ме­ни же­ни во це­ла­та зем­ја – осо­бе­но на же­ни­те што жи­ве­ат на се­ло и кои че­сто се на­о­ѓа­ат нај­да­ле­ку од здрав­стве­ни­те ус­лу­ги. Ва­кви­те па­ке­ти со бе­не­фи­ции и пра­ва се до­стап­ни и фи­нан­си­ра­ни пре­ку Фон­дот за здрав­стве­но оси­гу­ру­ва­ње, но си­те мај­ки не зна­ат за ова и про­пу­шта­ат важ­ни прег­ле­ди со кои мо­же да се спре­чат комп­ли­ка­ции за вре­ме на бре­ме­но­ста и на по­ро­ду­ва­ње­то.

Ко­га ста­ну­ва збор за гри­жа во те­кот на по­ро­ду­ва­ње­то, исто та­ка, тре­ба да обез­бе­ди­ме ви­стин­ска за­шти­та на ви­стин­ско­то ме­сто. Во мо­мен­тов, бол­ни­ци­те со по­ро­дил­ни од­де­ле­ни­ја не се рас­пре­де­ле­ни во сог­лас­ност со по­тре­би­те на на­се­ле­ни­е­то и има тен­ден­ци­ја на пре­ку­мер­но упа­ту­ва­ње слу­чаи за спе­ци­ја­ли­зи­ра­на не­га во глав­ни­от град, а тоа го оп­то­ва­ру­ва здрав­стве­ни­от си­стем. Со ова мај­ка­та и бе­бе­то се за­гро­зу­ва­ат би­деј­ќи транс­пор­тот на но­во­ро­ден­чи­ња­та е не­со­од­ве­тен – по­стои не­до­стиг од опре­ма, пре­воз­ни средс­тва и ква­ли­фи­ку­ван ме­ди­цин­ски пер­со­нал за ит­на по­мош – та­ка што обез­бе­ду­ва­ње­то при­стап и брз транс­фер до од­де­ле­ни­ја­та за ин­тен­зив­на не­га на мај­ка и на но­во­ро­ден­че во слу­чај на комп­ли­ка­ции, исто та­ка, прет­ста­ву­ва при­о­ри­тет.

Има од­лич­ни здрав­стве­ни ра­бот­ни­ци во зем­ја­та – но, ле­ка­ри­те и ме­ди­цин­ски­те се­стри се тол­ку до­бри кол­ку што е до­бар си­сте­мот во кој ра­бо­тат. Не са­мо што тре­ба да по­сто­јат ме­ѓу­на­род­но акре­ди­ти­ра­ни про­то­ко­ли и упат­ства зас­но­ва­ни на по­да­то­ци спо­ред кои функ­ци­о­ни­ра­ат по­ве­ќе­то европ­ски здрав­стве­ни си­сте­ми, ту­ку струч­ни­те ли­ца тре­ба да има­ат ка­па­ци­тет да ги при­ме­ну­ва­ат. Не­кои ви­тал­ни про­то­ко­ли и упат­ства не се прис­по­со­бе­ни – на при­мер, про­то­ко­лот за за­шти­та во те­кот на бре­ме­но­ста, ту­ку се во­ве­де­ни без да се зе­ме пред­вид кон­крет­ни­от кон­текст на зем­ја­та. По­сто­јат дру­ги про­то­ко­ли, ка­ко тие за во­де­ње комп­ли­ку­ва­ни по­ро­ду­ва­ња и за кр­ва­ве­ње по по­ро­ду­ва­ње­то, но не се спро­ве­ду­ва­ат це­лос­но, осо­бе­но во оп­шти­те бол­ни­ци.

Во пос­лед­ни­ве не­кол­ку го­ди­ни ак­цен­тот бе­ше ста­вен на ре­но­ви­ра­ње и на на­ба­вка на опре­ма, но, исто ка­ко со учи­ли­шта­та или со по­ли­ци­ја­та, тоа ​​што е, на­ви­сти­на, важ­но е вло­жу­ва­ње во чо­веч­ки ка­пи­тал и си­стем, кои ќе обез­бе­дат ус­лу­ги со ви­сок ква­ли­тет и гри­жа ка­ква што зас­лу­жу­ва­ат гра­ѓа­ни­те. По­тре­бен ни е си­стем во кој ќе се на­гра­ду­ва­ат ква­ли­те­тот и те­мел­но­ста, а не­гри­жа­та ќе се по­ви­ку­ва на од­го­вор­ност. Тоа не зна­чи де­ка тре­ба да пре­ста­не­ме со ин­ве­сти­ра­ње во јав­на­та ин­фра­стру­кту­ра, над­град­ба и одр­жу­ва­ње на опре­ма­та. „Хард­ве­рот“ е, исто та­ка, ва­жен, со ог­лед на тоа што фи­зич­ки­от при­стап до бол­ни­ци­те е ло­шо ос­мис­лен, а ме­ди­цин­ска­та опре­ма че­сто е за­ста­ре­на, ло­шо се одр­жу­ва или во­оп­што ја не­ма. По­ен­та­та е „хард­ве­рот“ и „соф­тве­рот“ да одат ра­ка под ра­ка за да се обез­бе­ди ква­ли­тет­на за­шти­та.

На кра­јот, тре­ба да се освр­не­ме и на дру­ги кри­тич­ни фа­кто­ри што до­ве­ду­ва­ат до комп­ли­ка­ции во бре­ме­но­ста. Во зем­ја­ва ре­чи­си се­ко­ја че­твр­та же­на пу­ши за вре­ме на бре­ме­но­ста. Ова го зго­ле­му­ва ри­зи­кот од не­кол­ку не­га­тив­ни здрав­стве­ни ис­хо­ди, вклу­чу­вај­ќи и ни­ска ро­дил­на те­жи­на, не­о­на­тал­на смрт­ност, ра­ѓа­ње мр­тво де­те и пред­вре­ме­но по­ро­ду­ва­ње.

Бре­ме­на­та же­на тре­ба да би­де по­до­бро ин­фор­ми­ра­на за зна­ци­те и за симп­то­ми­те на опас­ност и за ри­зи­ци­те при тру­до­ви­те и по­ро­ду­ва­ње­то. А, нај­до­бар на­чин да се по­стиг­не тоа е пре­ку за­си­лу­ва­ње на мај­ки­те и се­мејс­тва­та да ба­ра­ат и да до­би­ва­ат ква­ли­тет­на здрав­стве­на за­шти­та.

Ја поз­дра­ву­ва­ме не­о­дам­неш­на­та за­лож­ба на Ми­ни­стерс­тво­то за здрав­ство за изра­бо­ту­ва­ње ак­ци­ски план за се­кое но­во­ро­ден­че со цел да се ре­шат овие не­до­ста­то­ци. За­ед­но со на­ши­те се­стрин­ски аген­ции на Обе­ди­не­ти­те на­ции, Свет­ска­та здрав­стве­на ор­га­ни­за­ци­ја (СЗО) и Фон­дот за на­се­ле­ние на ОН (УНФ­ПА), УНИ­ЦЕФ ги под­др­жу­ва Вла­да­та и на­ро­дот во ис­пол­ну­ва­ње на вро­де­но­то пра­во на се­кое де­те на жи­вот. На кра­јот на кра­и­шта­та, ова е важ­но за си­те нас би­деј­ќи при­до­би­вки­те од со­од­вет­на­та гри­жа во пр­ва­та фа­за од жи­во­тот се трај­ни и прет­ста­ву­ва­ат глав­на де­тер­ми­нан­та за бла­го­со­стој­ба­та во це­ли­от жи­во­тен цик­лус на де­те­то и за дол­го­роч­ни­от еко­ном­ски раз­вој на зем­ја­та.

(Авто­рот е поранешен прет­став­ник на УНИ­ЦЕФ)

* Текстот е објавен во 30.број на „Лице в лице“

Напишете коментар