Доза вести

Одбележување на Светскиот ден на ретки болести

Централниот настан за одбележување на Светскиот ден на ретки болести ќе се одржи утре, сабота 29.02.2020, со почеток во 12 часот на градскиот плоштад во Охрид.

Под мотото „Многу сме! Силни сме! Горди сме!“, со боење на дланките како симболика за 5% од пациентите со ретки болести за кои има лек, но, и со многу креативни творби, медицински работници, училишта, градинки, спортски клубови, поединци ги преплавија социјалните мрежи со прекрасни фотографии.
– Да бидеме што помасовни во сабота на 29-ти февруари  за да се слушне нашиот глас да им покажеме на сите дека НИЕ ПОСТОИМЕ! Ги повикуваме сите училишта и поединци што сакаат да ни се придружат на настанот во кој низ песна ќе ја подигнеме свеста за ретките болести. Бидете присутни и покажете ја својата реткост, хуманост , сплотеност – велат од иницијативата „Ги запознаваме ретките болести“.

Охрид и охриѓани повторно сплотени, цел февруари го посветија на лицата со ретки болести со цел да ја изразаат поддршката и да го свртат вниманието за постоењето на оваа група пациенти.

Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови.

Напишете коментар