Магазин

Живот на село – чекор напред кон одржливо живеење

ПРЕ­СЕЛ­БА­ТА НА СЕ­ЛО НЕ Е ЛЕС­НА, НО ЈАС­НО Е ШТО НИ ТРЕ­БА: ВИ­ЗИ­ЈА, ВЛА­ДИ­НА СТРА­ТЕ­ГИ­ЈА, ИН­ВЕ­СТИ­ЦИИ И ЗА­ЛОЖ­БА ЗА РАЗ­НО­ВИД­НОСТ НА ПО­ЛИ­ТИЧ­КИ­ОТ И НА ФИ­НАН­СИ­СКИ­ОТ ФО­КУС ОД УР­БА­НИ­ОТ КОН РУ­РАЛ­НИ­ОТ ЖИ­ВОТ, ЗА­ДР­ЖУ­ВАЈ­ЌИ ГИ ПРЕД­НО­СТИ­ТЕ НА ДВА­ТА СВЕ­ТА. ТОА Е ВИ­ЗИ­ЈА ШТО, ВО СЕ­КОЈ СЛУ­ЧАЈ, ТРЕ­БА ДА СЕ ОС­ТВА­РИ, ПО­ДО­БРО ПО­РА­НО, ОТКОЛ­КУ ПО­ДОЦ­НА, ПО­РА­ДИ НЕ­О­ДРЖ­ЛИ­ВА­ТА ПРИ­РО­ДА НА ЕКО­НО­МИ­ЈА­ТА НА „ГО­ЛЕ­МИ­ОТ ГРАД“ И КЛИ­МАТ­СКИ­ТЕ ПРО­МЕ­НИ

Скоп­је ја вшму­ку­ва жи­во­ста од це­ла­та др­жа­ва. Ги прив­ле­ку­ва лу­ѓе­то што има­ат со­ни­шта за ра­бо­та во јав­на ад­ми­ни­стра­ци­ја, за за­ра­бо­тка, за го­ле­ми авто­мо­би­ли, за бег­ство од си­ро­ма­шти­ја­та. Во гра­дот се и нај­го­ле­ми­от дел од фи­нан­си­и­те, дом е на си­те вла­ди­ни ин­сти­ту­ции и на­ци­о­нал­ни аген­ции, ка­ко и на нај­го­ле­ми­от дел од се­ди­шта­та на при­ват­ни­те ком­па­нии. Ме­ѓу­на­род­ни­те ор­га­ни­за­ции и дип­ло­мат­ски ми­сии се ло­ци­ра­ни ов­де. Исто­то ва­жи и за по­ве­ќе­то гра­ѓан­ски ор­га­ни­за­ции. Гра­дот ба­ра це­ло­сен фо­кус врз се­бе и сво­и­те по­тре­би и жел­би.
Нѐ за­ду­шу­ва со за­га­ден воз­дух, се­којд­нев­но ни се за­ка­ну­ва­ат, ве­ро­јат­но, не­кои од нај­ло­ши­те во­за­чи во све­тот, на­ши­те да­ва­те­ли на ус­лу­ги пр­во си се ус­лу­жу­ва­ат се­бе, а на­се­ле­ни­е­то ба­ра на­чин ка­ко по­лес­но да до­бие не­што. Се­кој маж и же­на гле­да са­мо за сво­ја­та пар­ти­ја или при­ја­те­ли. Ну­ди пре­крас­на кул­ту­ра, му­зи­ка, друж­ба по ка­фе­а­ни, фас­ци­нант­но ми­на­то, кул­тур­на раз­но­вид­ност и ста­ну­ва сѐ по­прив­ле­чен за стран­ци­те. Важ­но е де­ка, се­пак, е бли­зу за да се вра­ти­те на се­ло за вре­ме на ви­кен­ди­те.

По­тре­ба­та од ру­рал­на ре­ге­не­ра­ци­ја е ит­на и очиг­лед­на

Одете со автомобил или пеш до та­му. Вра­те­те се во се­ло­то на ба­ба ви, до­кол­ку мо­же­те, но и до­де­ка сè уште мо­же­те. При­се­те­те се на ве­ли­чес­тве­ни­те пла­ни­ни, зе­ле­ни­те шу­ми и на сту­де­ни­те по­то­ци пол­ни со ри­би. Па­ту­вај­те со сво­ја­та фан­та­зи­ја за ми­рен сел­ски жи­вот, пло­до­нос­но зем­јо­делс­тво, не­до­пре­на при­ро­да, ста­ра­та ку­ќа, иди­ла­та. По­тоа пог­лед­не­те го сво­е­то се­ло со отво­ре­ни очи и ка­же­те ми што гле­да­те.
Ко­га јас во­зам или пе­ша­чам низ ва­ши­те се­ла и отво­рен про­стор, јас го гле­дам се­то ова што прет­ход­но го спо­ме­нав и ужи­вам да сум та­му. Но, исто та­ка, гле­дам и за­пу­ште­ни имо­ти, раз­ур­на­ти се­ла, гр­ди но­ви град­би, кои не се гра­де­ни во сог­лас­ност со ур­ба­ни­стич­ки­те про­пи­си, не­ус­пеш­ни про­е­кти, лу­ѓе ка­ко се бо­рат да се за­ни­ма­ва­ат со зем­јо­делс­тво до­де­ка па­ти­шта­та се во ло­ша со­стој­ба, а ин­фра­стру­ктур­на­та под­др­шка е ми­ни­мал­на. Ја гле­дам и не­под­го­тве­но­ста на по­тро­шу­ва­чи­те да пла­тат фер це­на за про­из­во­дот. Гле­дам ма­сов­но ди­во се­че­ње на шу­ми­те, со што зем­ја­та се ого­лу­ва и се оста­ва без чист воз­дух, и ѓу­бре фр­ле­но на­се­ка­де, кое го до­не­ле лу­ѓе­то од гра­дот што дош­ле на из­лет, од не­од­го­вор­ни­те во­за­чи и нев­ни­ма­тел­ни­те ло­кал­ци. А не гле­дам мно­гу лу­ѓе. Се­ло­то, кр­во­то­кот што го одр­жу­ва ва­ши­от стил на град­ско жи­ве­е­ње, се праз­ни.

Но, од ка­де до­а­ѓа оваа опас­ност што нè дем­не? Ова е тол­ку ма­ла зем­ја, со пре­крас­на исто­ри­ја на ус­пеш­но зем­јо­делс­тво и прет­при­е­маш­тво. По­тре­ба­та и при­до­би­вки­те од ру­рал­на­та ре­ге­не­ра­ци­ја се ит­ни и очиг­лед­ни.
Еко­ном­ски­от по­раст во се­ла­та низ це­ли­от свет им по­мог­на на ми­ли­о­ни да си ја по­до­брат сво­ја­та ег­зи­стен­ци­ја, при­до­не­се за по­ја­ва на ру­рал­на ми­гра­ци­ја и ста­ва­ње­ крај на си­ро­ма­шти­ја­та, осо­бе­но ко­га е под­др­жа­но од по­ли­ти­ка за со­ци­јал­на за­шти­та, раз­вој на ин­фра­стру­кту­ра­та и про­мо­ци­ја на ло­кал­на­та еко­но­ми­ја. Кли­мат­ски­те про­ме­ни ба­ра­ат транс­фор­ма­ци­ја на по­ста­ве­но­ста на при­о­ри­те­ти­те во од­нос на ру­рал­ни­от раз­вој, нов си­стем за про­из­водс­тво на хра­на, ме­ну­ва­ње на фо­ку­сот над­вор од гра­до­ви­те. Не­кои ме­ста бе­ле­жат прос­пе­ри­тет со тра­ди­ци­о­нал­ни­те за­ни­ма­ња ка­ко што е зем­јо­делс­тво­то и одг­ле­ду­ва­ње­то ов­ци, но и со но­ви ини­ци­ја­ти­ви ка­ко што е ру­рал­ни­от ту­ри­зам и ар­хи­те­ктон­ска­та об­но­ва. По­стои из­во­нре­ден раз­вој на по­го­ле­ми­те ру­рал­ни ин­ду­стрии ка­ко што е вин­ска­та. Пред сѐ, по­стои огро­мен по­тен­ци­јал кај се­ла­та за еко­ном­ска и оп­штес­тве­на об­но­ва.

Што е по­треб­но за да се прив­ле­чат лу­ѓе­то по­втор­но да се вра­тат на жи­во­тот над­вор од го­ле­ми­те гра­до­ви?

Се­кој мо­ра да има ра­бо­та, ме­сто за жи­ве­е­ње, да по­стои до­бра со­о­бра­ќај­на по­вр­за­ност и да има при­стап до при­стој­ни ус­лу­ги. Мо­ра да се кон­цен­три­ра­ме на тоа за што нè би­ва. Но, исто та­ка, мо­ра­ме актив­но да ја са­ка­ме оваа зем­ја, да ја по­чи­ту­ва­ме неј­зи­на­та при­ро­да, да пре­зе­ме­ме лич­на и ко­ле­ктив­на од­го­вор­ност за неј­зин одрж­лив раз­вој. Мо­ра да има­ме ве­ро­до­стој­ни по­да­то­ци од се­ла­та. На при­мер, ко­га кре­а­то­ри­те на по­ли­ти­ка и гра­ѓан­ски­те ор­га­ни­за­ции збо­ру­ва­ат за си­ро­ма­шти­ја­та и за мар­ги­на­ли­зи­ра­ни­те гру­пи, да­ли тие ги вклу­чу­ва­ат лу­ѓе­то што жи­ве­ат во си­ро­ма­шти­ја во се­ла­та? Мо­ра­ме да има­ме на­пред­на и по­зи­тив­на вла­ди­на стра­те­ги­ја, ло­кал­ни и ре­ги­о­нал­ни те­ла, прет­при­е­маш­тво и ино­ва­ции, по­чит за тие што и по­на­та­му ра­бо­тат и жи­ве­ат во ру­рал­ни­те об­ла­сти, за­лож­ба и, над сѐ, мно­гу на­пор­на ра­бо­та.
Ај­де за мо­мент да раз­мис­ли­ме за дел од овој по­тен­ци­јал.

Са­ми­те вла­ди­ни ин­сти­ту­ции што тол­ку мно­гу за­та­и­ја во за­шти­та­та на жи­вот­на­та сре­ди­на и во ре­ви­та­ли­за­ци­ја­та на град­ски­те сре­ди­ни на еко­ном­ски и на со­ци­ја­лен план, пр­во тре­ба да спро­ве­дат ре­фор­ми, да соз­да­дат ра­бот­ни ме­ста во зем­ја­та и да пре­ста­нат со тру­па­ње не­по­треб­на др­жав­на ад­ми­ни­стра­ци­ја. На при­мер, по­стои огро­мен по­тен­ци­јал за не­ко­рум­пи­ра­но ра­ко­во­де­ње и ра­бо­те­ње во об­ла­сти­те на упра­ву­ва­ње шу­ми, за­шти­та на при­ро­да­та и ри­барс­тво.
Со ефе­ктив­на стра­те­ги­ја за пре­воз кон ру­рал­ни­те по­драч­ја, ќе има до­бри ра­бот­ни ме­ста за одр­жу­ва­ње на ма­ли­те па­ти­шта во до­бра со­стој­ба – а не да се ис­чи­стат ед­наш и да се оста­ват да про­па­ѓа­ат. Овие ра­бо­ти мо­жат да ги вр­шат лу­ѓе­то што жи­ве­ат во об­ла­ста, а на кои тоа ќе им по­мог­не да оста­нат, но и за да дој­де но­ва, све­жа си­ла. Се­ко­ја вла­ди­на ин­сти­ту­ци­ја мо­же да се пра­ша што би мо­же­ло да се на­пра­ви и над­вор од гра­до­ви­те, исто та­ка ка­ко што се пра­ви во мо­мен­тов во гра­до­ви­те.

Исто та­ка, мо­ра да се има пред­вид зем­јо­дел­ски­от се­ктор, осо­бе­но ма­ли­те и сред­ни прет­при­ја­ти­ја. Мо­ра да за­пом­ни­ме де­ка 85 про­цен­ти од зем­јо­дел­ски­те имо­ти во све­тот се по­ма­ли од два хе­кта­ра. Овој се­ктор тре­ба да се транс­фор­ми­ра врз ос­но­ва на но­ви, еко­ло­шки одрж­ли­ви мо­де­ли, кои му по­ма­га­ат на ру­рал­ни­от раз­вој и ги за­др­жу­ва­ат лу­ѓе­то на нив­на­та зем­ја, про­ду­ктив­ни и со очи­те впе­ре­ни кон ид­ни­на­та. На та­квио­т биз­ни­с му тре­ба­ат суб­вен­ции што има­ат јас­но де­фи­ни­ра­ни це­ли и кои се ко­ри­стат пра­вил­но, ка­ко и со­ци­јал­на за­шти­та за да се овоз­мо­жи по­ри­зи­чен и ино­ва­ти­вен раз­вој во под­др­шка на зем­јо­делс­тво­то, ло­зарс­тво­то, хор­ти­кул­ту­ра­та, пче­ларс­тво­то, ов­чарс­тво­то и про­из­водс­тво­то на си­ре­ње – на­ша­та са­ка­на тра­ди­ци­о­нал­на хра­на за ло­кал­на по­тро­шу­вач­ка и из­воз. И мо­ра да ги ку­пу­ва­ме на­ши­те ло­кал­ни про­из­во­ди за­ра­ди под­др­шка на сто­панс­тво­то на на­ша­та зем­ја и за да се за­до­во­ли на­ше­то се­ти­ло за вкус со се­зон­ски про­из­во­ди.

Не­гу­ва­ње­то на ру­рал­но­то прет­при­е­маш­тво и раз­но­вид­но­ста на ра­бот­ни­те ме­ста, осо­бе­но за же­ни­те и на мла­ди­те, ба­ра раз­вој на ве­шти­ни и, по­втор­но, под­др­шка, чи­ја­што цел е ру­рал­на­та ин­фра­стру­кту­ра. На при­мер, има го­лем по­тен­ци­јал за вра­бо­ту­ва­ње во ру­рал­ни­от ту­ри­зам, до­кол­ку се да­де ви­стин­ски со­вет и по­чет­на по­мош. За да се олес­ни ова тре­ба да се сра­бо­ти мно­гу, на при­мер, да се ре­но­ви­ра­ат ста­ри­те сел­ски ку­ќи, да се прив­ле­чат лу­ѓе да ги по­се­тат и да жи­ве­ат на та­кви ме­ста. Ве­ќе има ус­пеш­ни при­ме­ри ка­ко што се Јан­че, Га­лич­ник или Брај­чи­но и ту­ри­стич­ки­те аген­ции ра­бо­тат на под­го­то­вка на та­кви по­ну­ди. Уште по­ве­ќе, ра­бо­та тре­ба да се за­вр­ши за ре­ви­та­ли­за­ци­ја­та на на­ци­о­нал­на­та мре­жа на пла­нин­ски ку­ќи, по­вр­за­но со пла­нин­ски спор­то­ви, про­е­кти за кон­зер­ва­ци­ја, за­шти­та на ди­ви­от свет, во­де­ње хо­сте­ли, во­ди­чи, про­мо­ви­ра­ње на овие ра­бо­ти на за­ин­те­ре­си­ра­ни­те по­се­ти­те­ли. Ве­ќе по­сто­јат одре­де­ни мож­но­сти за ту­ри­сти­те „де­гу­ста­то­ри“ – си­ре­ње, ви­но, сел­ски оброк, пе­ша­че­ње, во­зе­ње ве­ло­си­пед, ја­ва­ње и се­то ова уште по­ве­ќе мо­же да се раз­вие.
Мно­гу ра­бо­та тре­ба да се за­вр­ши во де­лот на истра­жу­ва­ње­то и под­др­шка­та, или ожи­ву­ва­ње­то на исто­ри­ја­та, кул­ту­ра­та и на тра­ди­ци­ја­та на се­ло­то, по­зи­ти­вен при­до­нес за на­ци­о­нал­ни­от иден­ти­тет и бла­го­со­стој­ба. Има ар­хе­о­ло­шки ло­ка­ции што не се до­вол­но истра­же­ни и на кои тре­ба да се по­ра­бо­ти, да се истра­жи исто­ри­ска­та ме­мо­ри­ја, раз­но­вид­на­та кул­ту­ра итн… и се­то тоа мо­же да се на­пра­ви во на­ши­те се­ла, пре­ку истра­жу­вач­ки про­е­кти што ќе им до­не­сат ко­рист на овие ло­ка­ли­те­ти.

Ра­бо­та од до­ма мо­же да би­де ра­бо­та од се­ло

Со со­вре­ме­на­та тех­но­ло­ги­ја и кул­ту­ра­та на ра­бо­те­ње од до­ма сѐ е мож­но, од се­ка­де, вклу­чи­тел­но и од се­ла­та. До­кол­ку по­ве­ќе лу­ѓе са­ка­ат да ра­бо­тат во ру­рал­на сре­ди­на, тие со се­бе ќе го до­не­сат при­ти­со­кот за по­до­бра ин­фра­стру­кту­ра и ус­лу­ги и за­ед­но со ло­кал­ни­те за­ед­ни­ци ќе ба­ра­ат по­до­бру­ва­ње.
Исто та­ка, по­тре­бен е го­лем ан­гаж­ман за да се сре­ди ха­о­сот што го на­пра­вив­ме – да се со­бе­ре ѓу­бре­то, да се рас­чи­сти шу­тот, да се ис­чи­стат и по­ри­бат ре­ки­те и по­то­ци­те, да се за­са­дат дрв­ја и да се от­стра­ни фр­ле­ни­от ме­бел по шу­ми­те. Зо­што лу­ѓе­то да не би­дат пла­те­ни за ова? Зо­што тоа не се пра­ви ре­дов­но?
Што е со служ­бе­ни­ци­те за под­др­шка на ло­кал­на­та за­ед­ни­ца? Де­цен­тра­ли­за­ци­ја­та на ре­дот и на по­ре­до­кот мо­же да би­де од ко­рист за за­сег­на­ти­те ру­рал­ни за­ед­ни­ци, на при­мер, со ле­гал­но се­че­ње др­ва и ле­гал­но гра­де­ње. На тој на­чин кри­ми­нал­ци­те мо­же да ста­нат чес­ни гра­ѓа­ни.

Пре­сел­ба­та на се­ло не е лес­на, но јас­но е што ни тре­ба: ви­зи­ја, вла­ди­на стра­те­ги­ја, ин­ве­сти­ции и за­лож­ба за раз­но­вид­ност на по­ли­тич­ки­от и на фи­нан­си­ски­от фо­кус од ур­ба­ни­от кон ру­рал­ни­от жи­вот, за­др­жу­вај­ќи ги пред­но­сти­те на два­та све­та. Тоа е ви­зи­ја што, во се­кој слу­чај, тре­ба да се ос­тва­ри, по­до­бро по­ра­но, откол­ку по­доц­на, по­ра­ди не­о­држ­ли­ва­та при­ро­да на еко­но­ми­ја­та на „го­ле­ми­от град“ и кли­мат­ски­те про­ме­ни.
Др­жа­ва­та е на кр­стос­ни­ца и не тре­ба да че­ка на ЕУ или на кој би­ло друг за да се ре­фор­ми­ра и да се раз­вие. По­сто­јат ит­ни при­о­ри­те­ти што мо­ра да се раз­ре­шат над­вор од го­ле­ми­те гра­до­ви. Пред сѐ, мо­ра­ме да пре­ста­не­ме да го ро­ман­ти­зи­ра­ме жи­во­тот на се­ло и да пре­ста­не­ме да фан­та­зи­ра­ме де­ка се­ло­то од на­ше­то „нас­ледс­тво“ е, и се­ко­гаш ќе би­де, та­му. И да пре­ста­не­ме актив­но да го уни­шту­ва­ме со на­ше­то нез­на­е­ње и не­од­го­вор­ност. Но, оти­де­те и по­тро­ше­те ги сво­и­те па­ри та­му. Ин­ве­сти­рај­те во ру­ра­лен биз­нис. Ис­про­бај­те се да­ли мо­же­те да ра­бо­ти­те и / или да жи­ве­е­те та­му. И, евен­ту­ал­но, ужи­вај­те во поз­драв и по­прос­пе­ри­те­тен жи­вот на се­ло.

РУРАЛНИ ПРАВИЛА: по­чи­ту­вај, по­втор­но раз­мис­ли, ре­но­ви­рај, по­пра­ви, ре­ви­та­ли­зи­рај.

Еле­ги­ја за сел­ски­от жи­вот

Остар воз­дух, ко­балт­но не­бо,
сла­ва на го­диш­ни­от дар.
Дожд од зла­те­сти лис­ја,
сол­зи од лу­ти­те пи­ли,
пад­на­ти дру­га­ри
рас­чи­сте­но­то зем­ји­ште сме­не­то,
по­то­ци­те за­ду­ше­ни во пе­сок.
Го­ре ви­со­ко ов­ци­те
ги про­наш­ле пос­лед­ни­те тре­вки, а ов­ча­ри­те ги чи­стат тр­ла­та.

Се­мејс­тво со­би­ра крв цр­ве­ни бо­бин­ки
за на па­зар.
Пос­луш­не­те! Во мр­тва­та ти­ши­на
ку­че­то чу­вар лае; а во шу­ма­та
оса­ме­но клу­кај­дрв­че
клу­ка по пад­на­то­то др­во.
Оваа зем­ја са­ка­на што уми­ра.
Elergy for Rural Life

Crisp air, cobalt heaven,
glory of the year’s turn.
It’s raining golden leaves,
tears for the angry saws,
fallen comrades;
cleared earth shifting,
streams drowned in sand.
In the high places, the sheep
find the last grass and the shepherds
clear the pens.

A family picks market berries
red as blood.
Listen! In unnatural quiet
a guard dog barks; and in the woods
a lonely woodpecker
hammers into fallen wood.
This is a land loved and dying.

Напишете коментар