Одговорна иднина

Ако е град, нека биде зелен град

Еко­но­ми­ја­та ба­зи­ра­на на зна­е­ња е ид­ни­на­та за раз­вој на гра­до­ви­те, а кол­ку тие ќе би­дат атра­ктив­ни да прив­ле­чат биз­нис, за­ви­си од ус­ло­ви­те што ќе ги создадат. За­тоа, го­лем број гло­бал­ни гра­до­ви и ме­тро­по­ли се про­мо­ви­ра­ат ка­ко „зе­ле­ни“ и пре­ку тоа се оби­ду­ва­ат да прив­ле­чат ин­ве­сти­ции или т.н „зе­ле­ни прет­при­ја­ти­ја“ за да не за­о­ста­нат во сво­јот раз­вој

Зе­ле­но брен­ди­ра­ње за по­го­ле­ма атра­ктив­ност

Зе­ле­но­то брен­ди­ра­ње на гра­до­ви­те се на­мет­ну­ва не са­мо во еко­ном­ска смис­ла, ту­ку и ка­ко пос­ле­ди­ца на еко­ло­шки­те на­ру­шу­ва­ња на жи­вот­на­та сре­ди­на во ин­ду­стри­ски­те и во по­стин­ду­стри­ски­те гра­до­ви. Де­ин­ду­стри­ја­ли­за­ци­ја­та ја при­ну­ду­ва град­ска­та упра­ва да на­о­ѓа но­ви мо­бил­ни фор­ми на ка­пи­тал. Во ус­ло­ви ко­га гра­до­ви­те се под за­ка­на од вли­ја­ни­ја на кли­мат­ски­те про­ме­ни, од нив се оче­ку­ва да пре­зе­мат сѐ по­го­лем број ини­ци­ја­ти­ви и да го по­не­сат то­ва­рот на адап­та­ци­ја и на уб­ла­жу­ва­ње на пос­ле­ди­ци­те.
Кол­ка­во е вли­ја­ни­е­то на ур­ба­на­та зе­ле­на по­ли­ти­ка ка­ко дви­га­тел на еко­но­ми­ја­та – мо­же да се ви­ди на при­ме­рот на два ази­ски гра­да. Енорм­но­то за­га­ду­ва­ње на воз­ду­хот во Хон­гконг во из­ми­на­ти­те две де­це­нии прет­ста­ву­ва­ло за­ка­на, па го­лем број ком­па­нии поч­на­ле да раз­мис­лу­ва­ат за пов­ле­ку­ва­ње на сво­и­те прет­став­ниш­тва од гра­дот. Исто­вре­ме­но, ви­со­ко­то за­га­ду­ва­ње при­до­не­ло за зго­ле­му­ва­ње на бол­нич­ки­те тро­шо­ци и за на­ма­лу­ва­ње на про­ду­ктив­но­ста. Од дру­га стра­на, во исти­от пер­и­од, гра­до­на­чал­ни­кот на Се­ул про­мо­ви­рал спе­ктар зе­ле­ни ини­ци­ја­ти­ви, од еле­ктрич­ни авто­бу­си до про­гра­ми за еко­ло­шка ре­ста­вра­ци­ја на глав­ни­от по­ток низ цен­трал­но­то по­драч­је и не­го­ва транс­фор­ма­ци­ја во ли­не­а­рен парк со мул­ти­функ­ци­о­нал­на на­ме­на. Овие актив­но­сти  ја про­мо­ви­ра­ле Јуж­на Ко­ре­ја ка­ко зем­ја на чи­ста тех­но­ло­ги­ја, што до­ве­ло до зго­ле­му­ва­ње на бро­јот на ра­бот­ни ме­ста, ка­ко и до зго­ле­му­ва­ње на атра­ктив­но­ста на Се­ул ка­ко ре­ги­о­на­лен биз­нис-цен­тар во овој дел на Ази­ја.

Ефект на по­зи­тив­на пре­поз­нат­ли­вост

За по­же­лен град се сме­та тој што ну­ди актра­ктив­ни ра­бот­ни ме­ста, до­бри ус­ло­ви за до­му­ва­ње, ефи­ка­сен ја­вен транс­порт, ква­ли­тет­ни мож­но­сти за обра­зо­ва­ние, до­бро ос­мис­ле­ни кул­тур­ни и ре­кре­а­тив­ни со­др­жи­ни до­стап­ни за го­лем дел од по­пу­ла­ци­ја­та, ка­ко и ква­ли­тет­ни еко­ло­шки ус­ло­ви за жи­вот.
Но­ви­те тех­но­ло­гии овоз­мо­жу­ва­ат ко­му­ни­ка­ци­ја­та на днев­но ни­во да се вр­ши од ко­ја би­ло ло­ка­ци­ја. Ва­кви­те мож­но­сти  го ос­ло­бо­ду­ва­ат чо­ве­кот од фи­зич­ка при­сут­ност на ед­но ме­сто за­ра­ди вр­ше­ње одре­де­на деј­ност и му оста­ва­ат иможност да од­бе­ре град што им од­го­ва­ра на лич­ни­те пре­фе­рен­ции и стил на жи­ве­е­ње. Нат­пре­ва­рот ме­ѓу гра­до­ви­те се све­ду­ва на мож­но­ста на гра­дот да прив­ле­че и за­др­жи ви­со­коква­ли­фи­ку­ва­на и кре­а­тив­на ра­бот­на си­ла. Ова е отрез­ну­вач­ки мо­мент на гра­до­ви­те што за­о­ста­ну­ва­ат во ур­ба­ни­от раз­вој.
За еден град да ста­не пре­поз­нат­лив, тие што се за­ни­ма­ва­ат со пла­ни­ра­ње тре­ба јас­но да ги изд­во­јат глав­ни­те цр­ти и пре­ку нив да соз­да­дат про­гра­ми што ќе го транс­фор­ми­ра­ат во атра­ктив­на ур­ба­на сре­ди­на. Ос­нов­на­та цел на оваа по­ли­ти­ка е да се по­стиг­не ефект на по­зи­тив­на пре­поз­нат­ли­вост на гра­дот. Брен­ди­ра­ње­то е про­цес пре­ку кој ни­за гра­до­ви се про­ја­ву­ва­ат ка­ко атра­ктив­ни и ну­дат не­што но­во и пре­поз­нат­ли­во. Одре­де­ни гра­до­ви (ка­ко Ду­баи, Се­ул), во сво­и­те раз­вој­ни про­гра­ми из­бра­ле опре­де­ле­ни ка­ра­кте­ри­сти­ки и ги пре­тво­ри­ле во сво­ја пре­поз­нат­ли­вост, не­за­вис­но од тоа да­ли се од­не­су­ва на мо­дер­на ар­хи­те­кту­ра, еко­ло­ги­ја, ви­со­ка тех­но­ло­ги­ја или пре­рас­ну­ва­ат во цен­три за со­ста­но­ци, ини­ци­ја­ти­ви, кон­вен­ции и из­лож­би, и тоа го иско­ри­сти­ле за да би­дат по­сто­ја­но во фо­кус на свет­ски­те збид­ну­ва­ња.

Прет­при­е­мач­ки ори­ен­ти­ра­ни гра­до­ви

Ако се разг­ле­да раз­вој­на­та по­ли­ти­ка на гло­бал­ни­те гра­до­ви се за­бе­ле­жу­ва де­ка сѐ по­ве­ќе од нив се ори­ен­ти­ра­ат кон соз­да­ва­ње јав­ни зе­ле­ни по­вр­ши­ни. Ур­ба­ни­от ди­зајн на 21 век на зе­ле­ни­ло­то во гра­дот гле­да ка­ко на фо­кал­ни точ­ки, кои мо­же ед­но ме­сто да го пре­тво­рат во по­ли­цен­три­чен си­стем, кој ќе вли­јае врз ви­тал­но­ста на це­ла­та не­го­ва те­ри­то­ри­ја. Гра­до­ви­те во сво­е­то брен­ди­ра­ње  мо­же да ко­ри­стат и одре­де­ни зна­ме­ни­то­сти, кои по­крај мо­мен­тот на пре­поз­нат­ли­вост на ур­ба­ни­от пеј­заж, има­ат и еко­ном­ска, еко­ло­шка и со­ци­јал­на вред­ност. Овие ур­ба­ни фор­ми, кои мо­же да вр­шат и дру­га функ­ци­ја, има­ат и фор­мат на ту­ри­стич­ка атрак­ци­ја и че­сто се јав­но зе­ле­ни про­сто­ри со функ­ци­о­нал­но зе­ле­ни­ло и со ур­ба­на опре­ма.

Ме­ха­низ­ми­те на па­за­ри­те ги при­ну­ду­ва­ат ло­кал­ната вла­ст и еко­но­мија да се пре­о­ри­ен­ти­ра­ат кон над­во­реш­ни из­во­ри на средс­тва. Сѐ по­ве­ќе град­ска­та упра­ва го до­би­ва епи­те­тот прет­при­е­мач­ка град­ска упра­ва со ог­лед на тоа де­ка го­лем број про­е­кти има­ат ка­ра­кте­ри­сти­ки на ин­вен­тив­ност и на ос­тва­ру­ва­ње про­фит. Прет­при­е­мач­ки ори­ен­ти­ра­ни­те гра­до­ви ме­ѓу­себ­но се нат­пре­ва­ру­ва­ат во три фа­кто­ри: та­лент, ино­ва­ции и кре­а­тив­ност. За еден град да прив­ле­че ли­ца со овие ка­ра­кте­ри­сти­ки мо­ра да по­ну­ди ви­сок ква­ли­тет на жи­ве­е­ње и ви­со­ки и до­бро пла­те­ни ра­бот­ни ме­ста.
Еко­но­ми­ја­та ба­зи­ра­на на зна­е­ња е ид­ни­на­та за раз­вој на гра­до­ви­те, а кол­ку тие гра­до­ви ќе би­дат атра­ктив­ни за да прив­ле­чат биз­нис, за­ви­си од ус­ло­ви­те што ќе ги соз­да­ва гра­дот. По­ра­ди се­то ова, го­лем број гло­бал­ни гра­до­ви и ме­тро­по­ли актив­но се про­мо­ви­ра­ат ка­ко „зе­ле­ни“ и се оби­ду­ва­ат да прив­ле­чат ин­ве­сти­ции или т.н „зе­лен биз­нис“ со цел да не за­о­ста­нат во сво­јот раз­вој.

Но­ви па­ра­диг­ми за одрж­ли­вост – ос­но­ва за до­бро град­ско упра­ву­ва­ње

Пеј­заж­но­то уре­ду­ва­ње е уште еден при­стап што се ко­ри­сти од град­ска­та упра­ва за по­ди­га­ње на ква­ли­те­тот на жи­ве­ње. Под зе­ле­на ин­фра­стру­кту­ра на град се по­драз­би­ра фи­зич­ки и функ­ци­о­нал­но по­вр­за­на мре­жа на зе­ле­ни по­вр­ши­ни што за­ед­но ис­по­ра­чу­ва­ат еко­ло­шки сер­ви­си и при­до­би­вки на оп­штес­тво­то. Ос­нов­ни ком­по­нен­ти на ур­ба­на­та зе­ле­на ин­фра­стру­кту­ра се ур­ба­ни­те пар­ко­ви, ур­ба­ни­те шу­ми и отво­ре­ни­от про­стор. Овие фор­ми, исто­вре­ме­но, по­крај естет­ска­та вред­ност во про­сто­рот, има­ат ефект врз на­ма­лу­ва­ње  на одре­де­ни вли­ја­ни­ја, ка­ко што се на­ма­лу­ва­ње на тем­пе­ра­ту­ра­та, за­га­ду­ва­ње­то, бу­ча­ва­та. Но­ви­те па­ра­диг­ми за одрж­ли­вост ста­наа ос­нов­ни па­ра­ме­три што тре­ба да се сле­дат за до­бро град­ско  упра­ву­ва­ње. Ва­кви­те за­фа­ти на раз­зе­ле­ну­ва­ње на гра­дот, се­пак, се со­о­чу­ва­ат и со пре­диз­ви­ци. Де­лум­но, тие се и под вли­ја­ние на еко­ном­ски­те со­стој­би во ед­но оп­штес­тво. Пре­диз­ви­кот се со­стои во на­о­ѓа­ње ре­ше­ние ка­ко, од ед­на стра­на, да се по­стиг­не зе­лен ур­бан раз­вој со ус­ло­ви на по­раст на бро­јот на жи­те­ли. Од дру­га стра­на, пак, се пре­диз­ви­ци­те на на­ма­лу­ва­ње на бу­џе­тот, кои се од­не­су­ва­ат на ва­кви актив­но­сти, со што се соз­да­ва опас­ност од за­стој во ур­ба­ни­от зе­лен раз­вој.

(Автор­ка­та е до­ктор од об­ла­ста на со­ци­о­ло­шки­те на­у­ки – еко­ло­шки ас­пе­кти на ур­ба­но пла­ни­ра­ње град)

Напишете коментар