Лице в лице читална

Ќе мора да научиме да размислуваме надвор од координатите на берзата и на профитот!

Ако вла­сти­те доз­на­ат де­ка не­ко­ја ком­па­ни­ја пра­ви ре­зер­ви од ми­ли­о­ни ма­ски че­кај­ќи го ви­стин­ски­от миг за да ги про­да­де, со таа ком­па­ни­ја не тре­ба да има ни­ка­кви пре­го­во­ри, ту­ку ма­ски­те, ед­но­став­но, тре­ба да би­дат кон­фи­ску­ва­ни

Ра­бо­ти­те се мно­гу по­зап­ле­тка­ни: за­ка­на­та од смрт, исто та­ка, ги обе­ди­ну­ва лу­ѓе­то – одр­жу­ва­ње­то фи­зич­ко рас­то­ја­ние е по­ка­жу­ва­ње по­чит кон дру­ги­от за­тоа што и јас, исто та­ка, би мо­жел да би­дам но­си­тел на ви­ру­сот. Си­но­ви­те се­га ме из­бег­ну­ва­ат за­тоа што се пла­шат да не ме за­ра­зат. Тоа што за нив, ве­ро­јат­но, би би­ло мин­ли­ва и кра­тко­трај­на бо­лест, за ме­не би мо­же­ла да би­де смр­то­нос­на. Ако во Сту­де­на­та вој­на пра­ви­ло­то за пре­жи­ву­ва­ње бе­ше та­ка­на­ре­че­но­то за­ем­но оси­гу­ре­но уни­шту­ва­ње[1], тоа де­нес е, исто та­ка, не­што за­ем­но оси­гу­ре­но – ди­стан­ци­ра­ње­то.

Во пос­лед­но вре­ме, по­сто­ја­но слу­ша­ме де­ка се­кој од нас е лич­но од­го­во­рен и мо­ра да ги сле­ди но­ви­те пра­ви­ла. Ме­ди­у­ми­те се пол­ни со при­каз­ни за лу­ѓе што не се од­не­су­ва­ле со­од­вет­но и та­ка се ста­ви­ле и се­бе­си и дру­ги во опас­ност, на при­мер, ин­фи­ци­ран маж вле­гу­ва во про­дав­ни­ца и каш­ла врз си­те или слич­но. Проб­ле­мот со ова е исти­от ка­ко тој на но­ви­нарс­тво­то и не­го­во­то со­о­чу­ва­ње со кри­за­та со жи­вот­на­та сре­ди­на: ме­ди­у­ми­те пре­ку­мер­но ја наг­ла­су­ва­ат на­ша­та лич­на од­го­вор­ност за проб­ле­мот на­ло­жу­вај­ќи ни да по­све­ту­ва­ме по­ве­ќе вни­ма­ние на ре­цик­ли­ра­ње­то и на дру­ги слич­ни ра­бо­ти по­вр­за­ни со на­ше­то од­не­су­ва­ње. Ста­ва­ње­то тол­кав фо­кус на ин­ди­ви­ду­ал­на­та од­го­вор­ност, што е, на­ви­сти­на, до из­ве­сен сте­пен не­оп­ход­на, поч­ну­ва да функ­ци­о­ни­ра ка­ко иде­о­ло­ги­ја исти­от миг ко­га поч­ну­ва да ги за­маг­лу­ва по­го­ле­ми­те пра­ша­ња што се од­не­су­ва­ат на про­ме­на­та на це­ли­от еко­ном­ски и оп­штес­твен си­стем. Би­тка­та про­тив ко­ро­на ви­ру­сот мо­же да се од­ви­ва са­мо за­ед­но со би­тка­та про­тив иде­о­ло­шки­те ми­сти­фи­ка­ции, во­ед­но и ка­ко дел од ед­на оп­шта еко­ло­шка би­тка. Или, ка­ко што тоа го ар­ти­ку­ли­ра Кејт Џонс, пре­не­су­ва­ње­то на бо­ле­ста од жи­вот­ни­те на лу­ѓе­то е:

скри­е­на це­на што тре­ба да се пла­ти за чо­веч­ки­от еко­ном­ски раз­вој. Ед­но­став­но, нè има сè по­ве­ќе, во се­ко­ја жи­вот­на сре­ди­на. При­сут­ни сме на мно­гу прет­ход­но мир­ни и не­воз­не­ми­ру­ва­ни ме­ста и ста­ну­ва­ме сè по­из­ло­же­ни. Соз­да­ва­ме жи­ве­а­ли­шта ка­де што ви­ру­си­те се пре­не­су­ва­ат мно­гу по­лес­но, а по­тоа се из­не­на­ду­ва­ме ко­га ќе откри­е­ме но­ви ви­ру­си.[2]

За­тоа, не е до­вол­но да се вос­по­ста­ви са­мо не­ка­ков гло­ба­лен здрав­ствен си­стем за лу­ѓе. Во не­го мо­ра да би­де вклу­че­на це­ла­та при­ро­да. Ви­ру­си­те ги на­па­ѓа­ат и рас­те­ни­ја­та, а тие се на­ши­от ос­но­вен из­вор на хра­на. По­сто­ја­но мо­ра­ме да ја има­ме на ум гло­бал­на­та сли­ка на све­тот во кој жи­ве­е­ме, со си­те па­ра­до­кси што тоа ги но­си со се­бе. Та­ка, на при­мер, до­бро е да се знае де­ка за­тво­ра­ња­та по­ра­ди ко­ро­на ви­ру­сот во Ки­на спа­си­ја по­ве­ќе жи­во­ти откол­ку што е бро­јот на по­чи­на­ти­те од ви­ру­сот (ако се ве­ру­ва на офи­ци­јал­ни­те ста­ти­стич­ки по­да­то­ци):

Еко­но­ми­стот за жи­вот­на сре­ди­на Мар­шал Бурк ве­ли де­ка по­стои до­ка­жа­на вр­ска ме­ѓу ло­ши­от ква­ли­тет на воз­ду­хот и слу­ча­и­те на пред­вре­ме­на смрт по­вр­за­ни со ди­ше­ње­то на тој воз­дух. „Имај­ќи го тоа на ум“, ве­ли тој, „ед­но при­род­но – иа­ко, исто­вре­ме­но, и чуд­но – пра­ша­ње е да­ли бро­јот на жи­во­ти­те спа­се­ни од на­ма­лу­ва­ње­то на за­га­ду­ва­ње­то по­ра­ди на­ру­шу­ва­ња­та во еко­но­ми­ја­та пре­диз­ви­ка­ни од ко­вид-19 го над­ми­ну­ва бро­јот на по­чи­на­ти­те од са­ми­от ви­рус.“ „Ду­ри и во нај­кон­зер­ва­тив­ни­те прет­по­ста­вки, мис­лам де­ка од­го­во­рот е не­сом­не­но ’да‘.“ По са­мо два ме­се­ца од на­ма­лу­ва­ње­то на ни­во­а­та на за­га­ду­ва­ње, тој ве­ли де­ка ве­ро­јат­но се ра­бо­ти за спа­се­ни жи­во­ти на 4.000 де­ца под пе­тго­диш­на во­зраст и на 73.000 ли­ца по­во­зрас­ни од 70 го­ди­ни, са­мо во Ки­на.[3]

Фа­те­ни сме во трој­на кри­за: здрав­стве­на (епи­де­ми­ја­та), еко­ном­ска (чиј­што удар ќе би­де си­лен, без раз­ли­ка на ис­хо­дот од епи­де­ми­ја­та) и пси­хо­ло­шка. Ос­нов­ни­те ко­ор­ди­на­ти на се­којд­нев­ни­от жи­вот на ми­ли­о­ни лу­ѓе се рас­па­ѓа­ат, а про­ме­на­та ќе вли­јае на сè, од оде­ње­то на од­мор со ави­он до нај­ед­но­став­ни­те те­лес­ни кон­та­кти. Ќе мо­ра­ме да на­у­чи­ме да раз­мис­лу­ва­ме над­вор од ко­ор­ди­на­ти­те на бер­за­та и на про­фи­тот и, ед­но­став­но, да нај­де­ме друг на­чин за про­из­водс­тво и за рас­пре­дел­ба на не­оп­ход­ни­те ре­сур­си. Ако вла­сти­те доз­на­ат де­ка не­ко­ја ком­па­ни­ја пра­ви ре­зер­ви од ми­ли­о­ни ма­ски че­кај­ќи го ви­стин­ски­от миг за да ги про­да­де, со таа ком­па­ни­ја не тре­ба да има ни­ка­кви пре­го­во­ри, ту­ку ма­ски­те, ед­но­став­но, тре­ба да би­дат кон­фи­ску­ва­ни.

(Из­ва­док од кни­га­та „ПАНДЕМИЈА!: Ко­вид-19 го тре­се све­тот“ на Сла­вој Жи­жек, из­да­ние на „Арс ли­брис“. Пре­во­дот е на Ана Авра­мо­ска Си­ља­но­ска, а де­ло­то мо­же да се нај­де во кни­жар­ни­ци­те на „Ли­те­ра­ту­ра“)


[1] Англ. Mutually Assured Destruction или MAD, воена доктрина според која доколку секоја страна има доволно нуклеарно оружје за целосно уништување на другата, никој нема да се осмели да нападне бидејќи тоа ќе значи сигурен одговор од другата страна. Така, парадоксално, уништувањето на непријателот автоматски значи и себеуништување, со што, всушност, се обезбедува траен мир (заб. на уред.).

[2] https://www.theguardian.com/environment/2020/mar/18/tip-of-the-iceberg-is-our-destruction-of-nature-responsible-for-covid-19-aoe.

[3] https://www.dailymail.co.uk/sciencetech/article-8121515/Global-air-pollution-levels-plummet-amid-coronavirus-pandemic.html.

Напишете коментар