Одговорна иднина

Неопходни се повеќе центри за активно стареење

Актив­но­то ан­га­жи­ра­ње на ста­ри­те и во­зрас­ни ли­ца со Про­гра­ма за здра­во / актив­но ста­ре­е­ње ќе вли­јае во за­ште­да­та на тро­шо­ци­те за ко­ри­сте­ње на си­сте­ми­те за со­ци­јал­на­та и за здрав­стве­ната за­шти­та, ќе ги на­ма­ли со­ци­јал­ни­те, еко­ном­ски­те и дру­ги оп­то­ва­ру­ва­ња, кои се по­вр­за­ни со не­а­ктив­ност на ста­ра­та по­пу­ла­ци­ја

На­се­ле­ни­е­то во све­тот сѐ по­бр­зо ста­рее и оваа де­мо­граф­ска тран­зи­ци­ја вли­јае врз ре­чи­си си­те ас­пе­кти на оп­штес­тво­то.
Ста­ре­е­ње­то на по­пу­ла­ци­ја­та, са­мо по се­бе, на­мет­ну­ва го­лем број проб­ле­ми од здрав­ствен, еко­ном­ски и со­ци­ја­лен ка­ра­ктер. До 2050 го­ди­на се оче­ку­ва по­пу­ла­ци­ја­та по­во­зрас­на од 60 го­ди­ни да до­стиг­не две ми­ли­јар­ди, за раз­ли­ка од 2015 го­ди­на, ко­га из­не­су­ва­ла 900 ми­ли­о­ни. Па­дот на стап­ка­та на на­та­ли­те­тот и про­дол­же­ни­от жи­во­тен век ја ме­ну­ва де­мо­граф­ска­та сли­ка во зем­ји­те во све­тот.

Спо­ред ста­ти­стич­ки­те по­да­то­ци, во Ма­ке­до­ни­ја има по­ве­ќе од 400.000 ли­ца по­во­зрас­ни од 65 го­ди­ни. Со 15 про­цен­ти ста­ро на­се­ле­ние, мо­же да ка­же­ме де­ка зем­ја­ва одам­на го над­ми­ну­ва ко­е­фи­ци­ен­тот на ста­ро на­се­ле­ние од 12 про­цен­ти, што зна­чи де­ка го по­ми­нав­ме пра­гот на де­мо­граф­ска­та ста­рост.

Во из­ми­на­ти­от пер­и­од беа на­пра­ве­ни зна­чај­ни на­по­ри за про­ши­ру­ва­ње на на­ци­о­нал­ни­те ин­сти­ту­ци­о­нал­ни и во­нин­сти­ту­ци­о­нал­ни фор­ми на гри­жа за ста­ри­те ли­ца.
Ин­сти­ту­ци­о­нал­на­та гри­жа се обез­бе­ду­ва, глав­но, пре­ку сме­сту­ва­ње во спе­ци­ја­ли­зи­ра­ни до­мо­ви на ста­ри­те ли­ца, кои, ина­ку, не­ма­ат со­од­вет­ни ус­ло­ви за жи­ве­е­ње во се­мејс­тво­то, или по­ра­ди дру­ги при­чи­ни им е по­треб­но сме­сту­ва­ње во уста­но­ва за со­ци­јал­на за­шти­та. До­де­ка, пак, сер­ви­си­те за не­га во до­маш­ни ус­ло­ви ну­дат про­фе­си­о­нал­на гри­жа  во до­мот и овоз­мо­жу­ва­ат ста­ри­те ли­ца по­дол­го да оста­нат до­ма. По­сто­јат и днев­ни цен­три за ста­ри ли­ца, кои, по­крај одре­де­ни актив­но­сти, во су­шти­на, тре­ба да има­ат бо­га­та и реализирана про­гра­ма за актив­но ста­ре­е­ње.

„Актив­но­ ста­ре­е­ње“ е тер­мин што се ко­ри­сти за да се опи­ше одр­жу­ва­ње­то по­зи­тив­на  и суб­је­ктив­на бла­го­со­стој­ба, до­бро фи­зич­ко, со­ци­јал­но и мен­тал­но здрав­је и кон­ти­ну­и­ра­на вклу­че­ност во се­мејс­тво­то и во за­ед­ни­ца­та во те­кот на це­ли­от про­цес на ста­ре­е­ње. Таа е де­фи­ни­ра­на од Свет­ска­та здрав­стве­на ор­га­ни­за­ци­ја (СЗО) ка­ко „про­цес на по­стиг­ну­ва­ње оп­ти­мум на мож­но­сти­те за здрав­је, учес­тво и за без­бед­ност, со цел – по­до­бру­ва­ње на ква­ли­те­тот на жи­во­тот на ста­ри­те ли­ца“.

Зе­мај­ќи ги пред­вид си­те овие по­да­то­ци, не­оп­ход­но е да се отво­ра­ат по­ве­ќе цен­три за актив­но ста­ре­е­ње во ур­ба­ни­те и во ру­рал­ни­те сре­ди­ни, кои, во су­шти­на, ќе обез­бе­дат бо­га­та про­гра­ма за по­вр­зу­ва­ње на изо­ли­ра­ни­те, не­а­ктив­ни ста­ри и во­зрас­ни ли­ца со дру­ги­те чле­но­ви на за­ед­ни­ца­та. Но, ќе овоз­мо­жат и нив­но со­ци­јал­но вмре­жу­ва­ње со што ќе го зац­вр­стат и нив­ни­от при­до­нес, оп­штес­тве­на­та уло­га и кон­ти­ну­и­раниот ан­гаж­ман во оп­штес­тво­то. Актив­но­то ан­га­жи­ра­ње на ста­ри­те и во­зрас­ни ли­ца со Про­гра­ма­та за здра­во / актив­но ста­ре­е­ње ќе вли­јае во за­ште­да­ на тро­шо­ци­те за ко­ри­сте­ње на си­сте­ми­те за со­ци­јал­на­та и за здрав­стве­ната за­шти­та и ќе ги на­ма­ли со­ци­јал­ни­те, еко­ном­ски­те и дру­ги оп­то­ва­ру­ва­ња, кои се по­вр­за­ни со не­а­ктив­носта на ста­ра­та по­пу­ла­ци­ја.Во Ма­ке­до­ни­ја по­сто­јат пи­лот-про­гра­ми за днев­ни цен­три за актив­но ста­ре­е­ње во две ру­рал­ни сре­ди­ни, во Ча­шка и во Исти­ба­ња. Нив­на­та пр­вич­на уло­га, всуш­ност, бе­ше клу­бо­ви за ста­ри ли­ца, но со пи­лот-про­гра­ма­та, овие цен­три пре­рас­наа во ви­стин­ски ме­ста за актив­но ста­ре­е­ње.

Во пог­лед на кре­и­ра­ње­то по­ли­ти­ка, во на­ши­от си­стем по­сто­јат Стра­те­ги­ја за де­мо­граф­ско ста­ре­е­ње и Стра­те­ги­ја за ста­ри ли­ца 2010-2020 го­ди­на. Но­ви­от за­кон и со­ци­јал­на­та ре­фор­ма обез­бе­ду­ва­ат и не­га во до­мот, што би зна­че­ло ли­ца­та што има­ат по­тре­ба од по­мош и од под­др­шка да ап­ли­ци­ра­ат за ва­ква ус­лу­га во Цен­три­те за со­ци­јал­на ра­бо­та и во сог­лас­ност со про­це­на­та на струч­ни­те ли­ца – да се овоз­мо­жи бесп­лат­на не­га до крај­ни­от ко­рис­ник.

Со про­це­сот на де­цен­тра­ли­за­ци­ја и со но­ви­от За­кон за со­ци­јал­на за­шти­та, оп­шти­ни­те тре­ба да изра­бо­тат пла­но­ви и да раз­ви­јат со­ци­јал­ни сер­ви­си / ус­лу­ги за сво­и­те гра­ѓа­ни што има­ат ва­ква по­тре­ба.

Цен­тар за гри­жи за во­зрас­ни­те

Здру­же­ни­е­то „Ху­ма­ност“ и Оп­шти­на Цен­тар ве­ќе тре­та го­ди­на го спро­ве­ду­ва­ат про­е­ктот „Цен­тар се гри­жи за во­зрас­ни­те“ ка­де што про­фе­си­о­нал­ни­от тим (со­ци­ја­лен ра­бот­ник, фи­зи­о­те­ра­пе­вти, не­гу­ва­те­ли) се­којд­нев­но се гри­жат за 90 ста­ри ли­ца на те­ри­то­ри­ја­та на оп­шти­на Цен­тар. Ре­зул­та­ти­те од оваа со­ци­јал­на сер­вис­на ус­лу­га се не­про­цен­ли­ви би­деј­ќи на те­рен се уви­ду­ва раз­ли­ка­та пред и по ко­ри­сте­ње на ус­лу­га­та од на­ши­те крај­ни ко­рис­ни­ци, во од­нос на олес­ну­ва­ње на нив­но­то се­којд­не­вие, под­др­шка во до­мот, не­га кај ли­ца ка­де што е нај­по­треб­на, вра­ќа­ње на нас­ме­вка­та и, пред сѐ, со­ци­ја­ли­за­ци­ја и об­но­ву­ва­ње на из­гу­бе­ни­те кон­та­кти со нив­ни­те најб­ли­ски род­ни­ни, при­ја­те­ли и со­се­ди. На­ши­те ко­рис­ни­ци ве­ќе соз­да­ва­ат бли­ска вр­ска и се­кој ден, миг и час оче­ку­ва­ат на вра­та да вле­зе или заѕ­во­ни нив­ни­от не­гу­ва­тел. Ус­лу­га­та за на­ши­те ко­рис­ни­ци е бесп­лат­на, а е суб­вен­ци­о­ни­ра­на од стра­на на Оп­шти­на Цен­тар.

(Авто­рот е из­вр­шен ди­ре­ктор на Здру­же­ни­е­то „Ху­ма­ност“)

Напишете коментар