Лице в лице тема, Магазин

Храна што нема да ја најдете во супермаркет

Да­вај­ќи им по­го­лем про­стор на про­из­во­ди­те­ли­те од ло­кал­ни­те за­ед­ни­ци­те, до­би­ва­ме храна што не го про­па­ту­ва­ла све­тот пред да стиг­не до на­ша­та чи­ни­ја.

„На­ша­та хра­на, на­ша ид­ни­на“, е иде­ја­та во­дил­ка што стои зад кон­цеп­тот што го про­мо­ви­ра „Слоу Фуд Македонија“. Овоз­мо­жу­ва­ње­то по­до­бри пре­дус­ло­ви за ре­ви­та­ли­за­ци­ја на за­ед­ни­ци­те и на кон­цеп­тот на се­меј­ни­те фар­ми во ру­рал­ни­те сре­ди­ни тре­ба да би­де за­лож­ба на си­те во оп­штес­тво­то. Хра­на­та што ја про­из­ве­ду­ва­ат и по­ну­ду­ва­ат на па­за­рот има зна­чај­на уло­га од по­ве­ќе ас­пе­кти, за кои си­те тре­ба да сме свес­ни. Дој­де­но е вре­ме­то ко­га ва­кви­те раз­мис­лу­ва­ња за­се­га­ат сè по­ве­ќе лу­ѓе да поч­нат да ја пер­ци­пи­ра­ат ло­кал­на­та хра­на ка­ко важ­на, а, спо­ред нас, кои сме дел од ова дви­же­ње, и не­оп­ход­на во обез­бе­ду­ва­ње на ид­ни­на­та на чо­веш­тво­то.

Хра­на­та е за­ед­нич­ко до­бро, средс­тво што ги спо­ју­ва един­ки­те во за­ед­ни­ца и овоз­мо­жу­ва ко­му­ни­ка­ци­ја во са­ма­та за­ед­ни­ца, но и со све­тот. Не слу­чај­но се ве­ли, ако са­каш да се за­поз­на­еш со жи­во­тот и со кул­ту­ра­та на ло­кал­но­то на­се­ле­ние во одре­ден ре­ги­он, нај­лес­но ќе го за­поз­на­еш ако им се при­дру­жиш на тр­пе­за­та би­деј­ќи хра­на­та е дел и од иден­ти­те­тот на таа за­ед­ни­ца. Хо­ли­стич­ки­от при­стап  на „Слоу Фуд“ во од­нос на пра­ша­ње­то на хра­на­та, во цен­та­рот на сво­јот ин­те­рес ја ста­ва вр­ска­та на хра­на­та со ло­кал­ни­те за­ед­ни­ци.

Гло­бал­ни пре­диз­ви­ци за ло­кал­ни­те за­ед­ни­ци

Но де­нес, по­ве­ќе од ко­га би­ло по­ра­но, ло­кал­ни­те за­ед­ни­ци се со­о­чу­ва­ат со мно­гу­број­ни пре­диз­ви­ци за нив­ни­от оп­ста­нок, поч­ну­вај­ќи од ед­но од ос­нов­ни­те пра­ша­ња – нив­на­та хра­на. Ло­кал­ни­те про­из­во­ди­те­ли на хра­на се пот­це­не­ти, че­сто се сме­та­ат за не­про­ду­ктив­ни или за мо­дел од ми­на­то­то. Има­ат мно­гу­број­ни за­кон­ски преч­ки, по­ли­ти­ка и на­мет­на­ти ус­ло­ви на ра­бо­та што се не­до­стиж­ни за нив. Во овие ус­ло­ви тие ја гу­бат тр­ка­та и за­гри­жу­вач­ко е нив­но­то по­сто­ја­но оси­ро­ма­шу­ва­ње. Kон­ти­ну­и­ра­но се истис­ну­ва­ни од па­за­рот во ус­ло­ви на без­ми­лос­на кон­ку­рен­ци­ја на круп­ни­от ка­пи­тал и ин­ду­стри­ја­та, ко­ја, во­де­на од  иде­ја­та за про­фит, хра­на­та ја тре­ти­ра ка­ко тр­гов­ска сто­ка, што прет­ста­ву­ва се­ри­оз­на за­ка­на и за одрж­ли­ви­от раз­вој.

Во ва­кви окол­но­сти, ви­стин­ско­то зна­че­ње го до­би­ва­ат че­сто упо­тре­бу­ва­ни­те тер­ми­ни, ка­ко  „обез­бе­ду­ва­ње со хра­на“ што зна­чи да се обез­бе­ди при­стап и ко­ли­чи­на хра­на за се­кое чо­ве­ко­во би­тие на пла­не­та­та, ка­ко не­го­во еле­мен­тар­но чо­ве­ко­во пра­во.

На гло­бал­но ни­во 70 про­цен­ти од хра­на­та ја про­из­ве­ду­ва­ат ма­ли­те про­из­во­ди­те­ли, a има­ат са­мо 25 про­цен­ти од обра­бот­ли­ви­те по­вр­ши­ни. Ве­ќе не мо­же­ме да сме­та­ме де­ка хра­на­та тре­ба да ни ја про­из­ве­ду­ва­ат са­мо не­кол­ку ком­па­нии. Од­зе­ме­ни­те по­ли­ња на се­ла­та ќе мо­ра да им се вра­тат на ма­ли­те про­из­во­ди­те­ли за ло­кал­на­та еко­но­ми­ја да би­де по­ста­ве­на во служ­ба на ло­кал­ни­те за­ед­ни­ци. 

„Од ни­ва до тр­пе­за“ е ста­ро-но­ви­от кон­цепт

Да­вај­ќи им по­го­лем про­стор на за­ед­ни­ци­те, од пр­ва ра­ка ќе до­би­ва­ме ин­фор­ма­ции за хра­на­та што ја ја­де­ме. Тие при­ме­ну­ва­ат тра­ди­ци­о­нал­ни тех­но­ло­гии  на про­из­водс­тво, су­ро­ви­ни што по­тек­ну­ва­ат од ло­кал­ни­те сор­ти и рас­и, што прет­ста­ву­ва до­пол­ни­тел­на мож­ност за ва­ло­ри­за­ци­ја на нив­ни­от по­тен­ци­јал во раз­во­јот на сво­ја­та деј­ност ка­ко опе­ра­то­ри со хра­на. Но, нив­ни­от раз­вој со де­це­нии е за­ба­вен по­ра­ди тоа што при нив­на­та ра­бо­та и при­стап на па­за­рот, до крај­ни­от по­тро­шу­вач, тие се со­о­чу­ва­ат со мно­гу­број­ни пре­диз­ви­ци, кои ги обес­хра­бру­ва­ат.

„Од ни­ва до тр­пе­за“, „од ви­ла до ви­љу­шка“, се изра­зи што се по­вр­зу­ва­ат со без­бед­но­ста на хра­на­та, а ин­ду­стри­ја­та на хра­на ве­што ги ко­ри­сти. Со про­мо­ви­ра­ње на но­ви­те кон­цеп­ти во га­стро­но­ми­ја­та, зас­но­ва­ни на ло­кал­ни­от би­о­ди­вер­зи­тет, за­шти­та­та на жи­вот­на­та сре­ди­на и по­чи­ту­ва­ње­то на ло­кал­ни­те кул­ту­ри и тра­ди­ции, тие до­би­ва­ат но­во зна­че­ње. Во овој нов кон­цепт, клуч­на уло­га игра­ат ма­ли­те про­из­во­ди­те­ли, кои не ис­по­ра­чу­ва­ат са­мо про­из­во­ди, ту­ку „јав­ни до­бра“, до­да­де­на вред­ност и има­ат мул­ти­функ­ци­о­нал­на уло­га.
– На­ши­те си­ре­ња се со вкус на бо­га­та­та фло­ра на па­си­шта­та, бес­пре­кор­но чи­сто мле­ко и со љу­бо­вта што ја вло­жу­ва на­ше­то се­мејс­тво во про­из­водс­тво­то. Им ну­ди­ме из­бор на на­ши­те по­тро­шу­ва­чи, кој не им е до­ста­пен во су­пер­мар­ке­ти­те.  Ова ни по­мог­на да ја оси­гу­ри­ме на­ша­та ег­зи­стен­ци­ја и да го жи­ве­е­ме на­ши­от сон –  спо­де­лу­ва Да­вид Не­дел­ков­ски од „Ко­зи мле­ко пла­ни­на“, про­из­во­ди­тел на коз­ји си­ре­ња од се­ло Ра­штак, Скоп­ска Цр­на Го­ра (за кој по­ве­ќе чи­та­вте на прет­ход­ни­те стра­ни­ци).
Ма­ли­те про­из­во­ди­те­ли се но­сеч­ка си­ла во обез­бе­ду­ва­ње­то хра­на во на­ше­то  зем­јо­делс­тво. По­ло­ви­на­та од вкуп­ни­от број сто­панс­тва, чиј­што број из­не­су­ва по­ве­ќе  од 180.000, се со мал обем. Око­лу 40 про­цен­ти од на­се­ле­ни­е­то во  Ма­ке­до­ни­ја жи­вее во ру­рал­ни­те сре­ди­ни, 22 про­цен­ти од вкуп­но­то на­се­ле­ние жи­вее во си­ро­ма­шти­ја, од кои две тре­ти­ни во ру­рал­ни­те сре­ди­ни. Про­из­водс­тво­то на хра­на че­сто прет­ста­ву­ва и единс­тве­на оп­ци­ја за вра­бо­ту­ва­ње во ру­рал­ни­те сре­ди­ни и на тој на­чин се по­ма­га за ре­ша­ва­ње на ед­на од нај­бол­ни­те те­ми, си­ро­ма­шти­ја­та.

Об­но­ва на ло­кал­ни­от си­стем на хра­на ка­ко ре­ше­ние

За­ед­ни­ци­те што се вклу­че­ни во про­из­водс­тво­то на хра­на игра­ат актив­на уло­га во вос­по­ста­ву­ва­ње­то на овој ло­ка­лен си­стем. „Слоу Фуд“ да­ва под­др­шка за гра­де­ње на ло­кал­ни­от си­стем во си­те не­го­ви сег­мен­ти – про­из­водс­тво, пре­ра­бо­тка, ди­стри­бу­ци­ја, кон­су­ма­ци­ја, упра­ву­ва­ње от­пад и по­тро­шу­вач­ка на ре­сур­си. При­тоа ја спро­ве­ду­ва сво­ја­та фи­ло­зо­фи­ја за до­бра, чи­ста и за пра­вич­на хра­на, пре­ку раз­вој и под­др­шка на про­е­кти, во­де­ње кам­па­њи и ло­би­ра­ње, со кои се соз­да­ва­ат пре­дус­ло­ви за нив­ни раз­вој. На тој на­чин, про­мо­ви­рај­ќи одрж­ли­во про­из­водс­тво, ди­стри­бу­ци­ја и по­тро­шу­вач­ка на ло­кал­на, се­зон­ска и здра­ва хра­на,  „Слоу Фуд“ има цел да им овоз­мо­жи на лу­ѓе­то при­стап до ва­ква­та хра­на­та што исто­вре­ме­но зна­чи и обез­бе­ду­ва­ње под­др­шка за по­ма­ли­те зем­јо­дел­ци, сто­ча­ри  и за­на­ет­чии. 
Из­ми­на­ти­те 10 го­ди­ни, ка­ко дел од ми­си­ја­та на „Слоу Фуд“, да­ва­ме глас и по­го­ле­ма за­бе­леж­ли­вост на ма­ли­те про­из­во­ди­те­ли, ја по­ди­га­ме јав­на­та свест за ви­стин­ска­та вред­ност на нив­на­та ра­бо­та и це­ли­ме да ги от­стра­ни­ме преч­ки­те до при­ста­пот на па­за­рот за нив­ни­те про­из­во­ди. Ед­на од преч­ки­те што од не­о­дам­на е от­стра­не­та е до­не­су­ва­ње­то на но­ви­те пра­вил­ни­ци за фле­кси­бил­на при­ме­на на ба­ра­ња­та за ус­ло­ви­те на про­из­водс­тво и на ста­ва­ње во про­мет на про­из­во­ди што ги про­из­ве­ду­ва­ат ма­ли­те про­из­во­ди­те­ли од стра­на на Аген­ци­ја­та за хра­на и ве­те­ри­нарс­тво.

– Но­ви­те мож­но­сти ни доз­во­лу­ва­ат да раз­мис­лу­ва­ме по­да­ле­ку од про­из­водс­тво и ди­ре­ктен плас­ман на ме­дот и на дру­ги­те про­из­во­ди од пче­ли ди­рект­но од на­ши­от пче­лар­ник. Пр­ви по­ну­див­ме апи­ту­ри­зам, а се­га на­ши­от пче­лар­ник ста­на и ту­ри­стич­ка атрак­ци­ја. Ја зго­ле­мив­ме па­ле­та­та про­из­во­ди што ги ну­ди­ме на по­се­ти­те­ли­те за­ед­но со еду­ка­ци­ја, а ги вклу­чив­ме и во ме­ни­то на на­ши­от ре­сто­ран. На тој на­чин до­да­дов­ме вред­ност на на­ши­те про­из­во­ди – спо­де­ли На­цо Јов­чев­ски, пче­лар од се­ло Ди­хо­во, Би­то­ла.

Овој на­чин на ди­стри­бу­ци­ја  по­ма­га да се соз­да­дат бли­ски еко­ном­ски и оп­што­ко­рис­ни од­но­си во ло­кал­на­та за­ед­ни­ца. Пре­ку на­ма­лу­ва­ње­то на рас­то­ја­ни­е­то и бро­јот на фа­кто­ри во син­џи­рот на ди­стри­бу­ци­ја на хра­на, со што се пре­ве­ни­ра рас­и­пу­ва­ње на хра­на­та, ге­не­ри­ра­ње от­пад со неј­зи­но фр­ла­ње, ка­ко и от­пад од па­ку­ва­ње, се про­мо­ви­ра свес­но­ста за одрж­ли­ва­та пра­кти­ка со ни­ско вли­ја­ние врз жи­вот­на­та сре­ди­на, ко­ја е ос­но­вен прин­цип во гра­де­ње­то на ло­кал­ни­от си­стем на хра­на.

Вир­ту­ел­ни мож­но­сти за ре­а­лен раз­вој

Со­ци­јал­на­та ин­те­рак­ци­ја и ко­му­ни­ка­ци­ја де­нес е пре­не­се­на од ре­ал­ни­от во вир­ту­ел­ни­от про­стор, ко­ри­стеј­ќи го­лем број лес­но до­стап­ни ала­тки. Tака е и во тр­го­ви­ја­та.  Без сом­не­ние, е-тр­го­ви­ја­та сè по­ве­ќе се за­си­лу­ва, таа има по­зи­тив­ни ефе­кти би­деј­ќи цен­тра­ли­зи­ра­ни­те ре­сур­си на овој на­чин ќе пре­ми­нат од ра­це­те на не­кол­ку­ми­на во ра­це­те на тие што има­ат мно­гу мал­ку.  Во бли­ска ид­ни­на ре­ви­та­ли­за­ци­ја­та на за­ед­ни­ци­те ќе оди под ра­ка со раз­во­јот на ин­тер­не­тот.

-Гле­дај­ќи ја по­све­те­но­ста и те­жи­на­та на про­из­водс­тво­то на ориз во мо­е­то се­мејс­тво, не­ма­ње­то плас­ман, во ус­ло­ви ко­га на па­за­рот се ну­ди уво­зен ориз пре­па­ку­ван ка­ко „ко­чан­ски“, ја пла­си­рав на­ша­та автен­тич­на при­каз­на и про­из­вод пре­ку со­ци­јал­ни­те мре­жи. Во рок од две го­ди­ни ус­пе­ав­ме да соз­да­де­ме мре­жа на ку­пу­ва­чи и да ја пла­си­ра­ме це­ла­та ре­кол­та со про­даж­ба на ма­ло. Сфа­тив­ме де­ка има го­ле­ма за­ин­те­ре­си­ра­ност. По­тро­шу­ва­чи­те уви­доа де­ка ну­ди­ме кон­стан­тен ква­ли­тет и здо­би­ја до­вер­ба во нас, по што поч­наа да ни ба­ра­ат пре­по­ра­ки и ди­рект­ни кон­та­кти со дру­ги про­из­во­ди­те­ли. Та­ка се ро­ди иде­ја­та за „зе­ле­но па­зар­че на ин­тер­нет“ и таа мо­ја ак­ци­ја по две го­ди­ни прив­ле­че по­ве­ќе од 7.300 чле­но­ви да по­ну­дат или ку­пу­ва­ат до­маш­ни про­из­во­ди ди­рект­но. Тоа за нас отво­ри но­ви мож­но­сти и де­нес мо­же­ме да раз­мис­лу­ва­ме за иден раз­вој – ве­ли Мир­ја­на Ди­ми­тров, про­из­во­ди­тел на ориз од Ко­ча­ни.

Овој нов се­ктор ќе по­ну­ди но­ви мож­но­сти за мла­ди­те, кои го поч­ну­ва­ат свој  биз­нис ка­ко стар­тап-иде­ја, без раз­ли­ка да­ли се про­из­во­ди­те­ли, ра­бо­тат во ди­стри­бу­ци­ја­та и во уго­сти­телс­тво­то или кре­а­тив­ни­те зна­е­ња ги ре­а­ли­зи­ра­ат во про­мо­ци­ја­та и во по­ну­да­та на ва­ква­та хра­на. За си­те нив ова е но­ва шан­са за вра­бо­ту­ва­ње, обез­бе­ду­ва­ње ег­зи­стен­ци­ја и се­бе­ре­а­ли­за­ци­ја.


Ви­зи­ја из­гра­де­на на одрж­ли­ва ос­но­ва

Ко­га се раз­мис­лу­ва за соз­да­ва­ње зем­јо­дел­ски стра­те­гии и по­ли­ти­ка од го­ле­ма важ­ност е да се сог­ле­да ви­стин­ска­та со­стој­ба­та на те­рен во пог­лед на при­ме­на­та на по­стој­ни­те за­ко­ни и ре­гу­ла­ти­ви, ка­ко и по­тре­ба­та од нив­но до­пол­ну­ва­ње, про­ме­на или соз­да­ва­ње но­ви, кои при­до­не­су­ва­ат за на­та­мо­шен раз­вој на оваа ка­те­го­ри­ја про­из­во­ди­те­ли.

По­стиг­ну­ва­ње­то за­бе­леж­ли­ви ре­зул­та­ти, во го­лем дел за­ви­си од са­ми­те про­из­во­ди­те­ли. За да ги по­до­брат ка­ра­кте­ри­сти­ки­те на сво­и­те фар­ми и за да ста­нат за­бе­леж­ли­ви и кон­ку­рент­ни на па­за­рот, тре­ба да би­дат по­а­ктив­но вклу­че­ни во от­стра­ну­ва­ње на вна­треш­ни­те огра­ни­чу­ва­ња. По­треб­но е да се ра­бо­ти врз раз­во­јот на сопс­тве­ни­те ка­па­ци­те­ти на фар­ма­та со по­мош на еду­ка­ци­ја, здо­би­ва­ње но­ви зна­е­ња и ве­шти­ни, раз­вој на прет­при­е­мач­ки и нат­пре­ва­ру­вач­ки дух; при­ме­на на ино­ва­ции во про­из­водс­тво­то и во де­лов­но­то ра­бо­те­ње. Ту­ка се и еле­мен­ти­те ка­ко про­ме­ни во све­ста и уви­ду­ва­ње на сопс­тве­ни гре­шки, по­до­бру­ва­ње на ква­ли­те­тот на про­из­во­дот, по­тре­ба за здру­жу­ва­ње и за­ед­нич­ко де­лу­ва­ње.

Идеи по­сто­јат, но ко­ја е ви­зи­ја­та за ма­ли­те про­из­во­ди­те­ли?
– Ќe има на­ма­лу­ва­ње на ли­бе­рал­ните по­ли­ти­ки . Имам до­вер­ба во кон­цеп­тот за одрж­ли­ва ид­ни­на, кој по­драз­би­ра но­ва­та еко­но­ми­ја да не ме­ри сè пре­ку БДП. Да­де­на ни е мож­ност да на­пра­ви­ме про­ме­на во мо­де­лот. Да се по­ста­ви си­стем што ќе им да­де по­ве­ќе про­стор на те­ри­то­ри­и­те и за­ед­ни­ци­те, а пра­ша­ња­та за одрж­ли­во­ста и за су­ве­ре­ни­те­тот на хра­на­та ќе ста­нат во­о­би­ча­е­ни – ќе спо­де­ли пре­тсе­да­те­лот на „Слоу Фуд“, Кар­ло Пе­три­ни во ед­но ско­раш­но ин­терв­ју.

(Авто­рот е пре­тсе­да­тел на На­ци­о­на­лен од­бор на „Слоу Фуд Ма­ке­до­ни­ја“)

Напишете коментар