Лице в лице тема

Жешка точка на биодиверзитетот – исклучителна перспектива

Про­из­водс­тво­то на ле­ко­ви­ти рас­те­ни­ја, со со­би­ра­ње од при­род­ни­те на­о­ѓа­ли­шта или со план­ско кул­ти­ви­ра­ње, ну­ди го­ле­ми фи­нан­си­ски мож­но­сти, осо­бе­но ако се при­ме­нат по­ви­со­ки стан­дар­ди за ква­ли­тет, ка­ко ор­ган­ско про­из­водс­тво, или ако се за­о­кру­жи про­це­сот и се дој­де до фи­на­лен про­из­вод што е ба­ран на па­за­рот.

Со по­ве­ќе од 3.000 раз­лич­ни ви­до­ви бил­ки што рас­тат во зем­ја­ва, зна­чи де­ка има­ме иск­лу­чи­тел­на рас­ти­тел­на би­о­раз­но­вид­ност, па за­тоа сме ед­но од ре­тки­те ме­ста што го но­сат на­зи­вот „Же­шка точ­ка на би­о­ди­вер­зи­те­тот“ (Biodiversity Hot Spot). За го­лем дел од ви­до­ви­те има по­да­то­ци за нив­на­та упо­тре­ба. По­ве­ќе од 700 раз­лич­ни рас­те­ни­ја се ко­ри­стат во се­којд­нев­ни­от жи­вот и во на­род­на­та ме­ди­ци­на.

bilkigjose

Ве­ков­на­та тра­ди­ци­ја за со­би­ра­ње ле­ко­ви­ти рас­те­ни­ја сѐ уште се не­гу­ва за лич­ни по­тре­би, но ко­мер­ци­јал­ни­от ас­пект сѐ по­ве­ќе се гу­би. Ако по­ра­но со­би­ра­ње­то ле­ко­ви­ти рас­те­ни­ја што рас­тат ди­во во при­ро­да би­ло мно­гу за­ста­пе­но со го­лем број со­би­ра­чи и би­ле ре­ги­стри­ра­ни по­ве­ќе од 20 откуп­ни ста­ни­ци на це­ла­та те­ри­то­ри­ја, де­нес ре­чи­си не­ма. Мо­дер­ни­за­ци­ја­та но­си и про­ме­на на ра­бот­ни­те про­фи­ли, па лу­ѓе­то сè по­ве­ќе ми­гри­ра­ат во ур­ба­ни­те сре­ди­ни, не са­мо од ру­рал­ни­те, ту­ку и од по­ма­ли­те гра­до­ви кон по­го­ле­ми­те ко­мер­ци­јал­ни цен­три.
Мож­но­ста за ра­бо­та од до­ма, пак, ја над­ми­ну­ва раз­ли­ка­та ме­ѓу ру­рал­на­та и ур­ба­на­та сре­ди­на, а со ова се пре­фр­ла те­жи­ште­то кон ра­бот­ни про­фи­ли по­вр­за­ни во це­лост со комп­ју­тер. Ова зна­чај­но вли­јае на мно­гу „тра­ди­ци­о­нал­ни про­фе­сии“, ка­ко и на раз­лич­ни ас­пе­кти на про­из­водс­тво на ле­ко­ви­ти рас­те­ни­ја, не­за­вис­но да­ли е тоа со­би­ра­ње од при­род­ни­те по­пу­ла­ции што рас­тат ди­во или со нив­но кул­ти­ви­ра­ње.

Ре­гу­ли­ра­но е со­би­ра­ње­то ле­ко­ви­ти рас­те­ни­ја

При кул­ти­ви­ра­ње­то ле­ко­ви­ти рас­те­ни­ја, нај­поз­на­ти сме по одг­ле­ду­ва­ње­то афи­он. Ма­ке­дон­ски­от афи­он се одг­ле­ду­ва со ве­ко­ви и од не­го се до­би­вал опи­ум со, мо­же­би, нај­ви­со­ка со­др­жи­на на ал­ка­ло­и­дот мор­фин, до 20 про­цен­ти. До­би­ва­ње­то опи­ум со за­ре­жу­ва­ње на афи­о­нот, со пот­пи­шу­ва­ње на Кон­вен­ци­ја­та за нар­ко­ти­ци во 1961 го­ди­на, се за­ме­ну­ва со про­из­водс­тво на афи­о­но­ви­те ал­ка­ло­и­ди со ек­страк­ци­ја на су­ви афи­о­но­ви чу­шки. За овој мно­гу по­комп­ле­ксен про­цес на ек­страк­ци­ја е по­треб­на фар­ма­цев­тска ин­ду­стри­ја. Су­ро­ви­на­та, су­ви­те чу­шки за ек­страк­ци­ја, се отку­пу­ва од ко­о­пе­ран­ти, па е мож­ност за за­ра­бо­тка.

Не­кол­ку на­ши ком­па­нии вр­шат откуп на ле­ко­ви­ти рас­те­ни­ја за про­из­водс­тво на ча­е­ви. Ра­сте­ни­ја­та што ги отку­пу­ва­ат се из­бра­ни спо­ред нив­ни­те по­тре­би и за нив по­сто­јат ли­сти што им се до­стап­ни на со­би­ра­чи­те и на одг­ле­ду­ва­чи­те. Со­би­ра­ње­то ле­ко­ви­ти рас­те­ни­ја, ка­ко и га­би и дру­ги шум­ски про­из­во­ди, е со­од­вет­но ре­гу­ли­ра­но. Не­оп­ход­но е со­би­ра­чи­те да би­дат ре­ги­стри­ра­ни и да се во ко­ор­ди­на­ци­ја со Јав­но­то прет­при­ја­тие „Ма­ке­дон­ски шу­ми“, кое сто­па­ни­су­ва со нај­го­лем дел од по­вр­ши­ни­те ка­де што се со­би­ра­ат овие про­из­во­ди. Не­оп­ход­но е план­ско и одрж­ли­во со­би­ра­ње за да го за­чу­ва­ме овој ва­жен ре­сурс. По­треб­но е и мал­ку по­ве­ќе ан­гаж­ман и ор­га­ни­за­ци­ја за да мо­же со­би­ра­ње­то рас­те­ни­ја од при­ро­да да до­бие сер­ти­фи­кат ка­ко ор­ган­ско. Ор­ган­ско­то  со­би­ра­ње оп­фа­ќа јас­но де­фи­ни­ран на­чин на одрж­ли­во со­би­ра­ње од чи­сти ре­ги­о­ни, што се ре­ги­стри­ра­ни за тоа и ка­де што се зна­ат ко­ли­чи­ни­те што мо­жат да се на­бе­рат на го­диш­но ни­во.  Су­ше­ње­то и до­ра­бо­тка­та на ма­те­ри­ја­лот се од­ви­ва­ат спо­ред опре­де­ле­ни пра­ви­ла. Та­ка, вред­но­ста на со­бра­ни­от ма­те­ри­јал е по­ви­со­ка и мно­гу по­ба­ра­на.

Стан­дар­дот „Фер вајлд“ зна­чи ин­ве­сти­ци­ја во ло­кал­на­та за­ед­ни­ца

По­сто­јат и дру­ги стан­дар­ди за ква­ли­тет што беа спро­ве­де­ни во на­ша­та зем­ја, ка­ко на при­мер стан­дар­дот „Фер вајлд“ што га­ран­ти­ра де­ка точ­но опре­де­лен дел од фи­нан­си­ски­те средс­тва што ќе би­дат за­ра­бо­те­ни од про­даж­ба на фи­нал­ни­те про­из­во­ди ќе ги до­би­јат со­би­ра­чи­те, но и дел ќе би­де ин­ве­сти­ран во ло­кал­на­та за­ед­ни­ца за уна­пре­ду­ва­ње на при­ро­да­та во тој ре­ги­он. На ва­ков на­чин се за­чу­ву­ва­ат рас­ти­тел­ни­те ви­до­ви, кои по­ра­ди пре­ку­мер­но­то и не­пра­вил­но со­би­ра­ње се под за­ка­на од ис­чез­ну­ва­ње.
Еден та­ков при­мер е ди­ви­от че­мер (си­ри­штар­ка или лин­цу­ра), кој е за­бра­нет за про­мет во Евро­па ако е со­бран од при­ро­да. Друг та­ков при­мер е пла­нин­ски­от чај (шарп­ла­нин­ски или га­лич­ки чај) што рас­те на на­ши­те ви­со­ки пла­ни­ни, а отсе­ко­гаш се со­би­ра по­ра­ди сво­ја­та ка­ра­кте­ри­стич­на аро­ма и има ви­со­ка це­на, про­да­ван на ма­ло и на го­ле­мо.
Ед­но­стра­на­та за­бра­на за со­би­ра­ње не е ре­ше­ние, а обу­ки­те и пре­ду­пре­ду­ва­ња­та за одрж­ли­во со­би­ра­ње не го да­ва­ат по­са­ку­ва­ни­от ре­зул­тат. За­тоа се по­зи­тив­ни искус­тва­та од не­го­во кул­ти­ви­ра­ње на по­ма­ли по­вр­ши­ни во пла­нин­ски­те ре­ги­о­ни од ка­де што се до­би­ва мно­гу ква­ли­те­тен и ре­чи­си иден­ти­чен рас­ти­те­лен ма­те­ри­јал со тој што е со­бран во при­ро­дата.
На­ша­та зем­ја ва­жи за еден од нај­го­ле­ми­те про­из­во­ди­те­ли на бо­бин­ки мо­дра смре­ка во овој ре­ги­он, што во це­лост се со­би­ра­ат од при­ро­да, и по­тоа се из­ве­зу­ва­ат ка­ко су­ше­ни бо­бин­ки за за­чин, или пре­ра­бо­те­ни и ек­стра­хи­ра­ни ка­ко ете­рич­но мас­ло. По­сто­јат не­кол­ку ка­па­ци­те­ти за де­сти­ла­ци­ја на ете­рич­но мас­ло што про­из­ве­ду­ва­ат за сопс­тве­ни по­тре­би, но вр­шат и ус­луж­на деј­ност на дру­ги суб­је­кти. Нај­го­лем и нај­експ­ло­а­ти­ран е по­го­нот за ек­страк­ци­ја на ете­рич­ни мас­ла на ЈП „Ма­ке­дон­ски шу­ми“ во по­друж­ни­ца­та во Бе­ро­во. Во овие по­го­ни се ек­стра­хи­ра­ат и дру­ги рас­те­ни­ја, ка­ко бо­ро­ви иг­лич­ки, на­не, смиљ и дру­го.

Кул­ти­ви­ра­ње за ин­ду­стри­ски по­тре­би, ама и за ма­ли по­вр­ши­ни

Пос­лед­ни­ве го­ди­ни се зго­ле­ми­ја по­вр­ши­ни­те по­са­де­ни со ле­ко­ви­ти  и со аро­ма­тич­ни рас­те­ни­ја, ка­ко на­не и ка­ми­ли­ца, а сè по­ве­ќе и ла­ван­да и смиљ (глав­но за ек­страк­ци­ја на ете­рич­но мас­ло). Ра­стеч­ки­от па­зар за ча­е­ви ги зго­ле­ми по­ба­ру­ва­ња­та на не­кои рас­ти­тел­ни су­ро­ви­ни, ка­ко на при­мер се­ме­то од рас­те­ни­е­то мле­чен трн, што по­ра­но се со­би­ра­ше од при­ро­дата, а пос­лед­ни­ве го­ди­ни ова на­се­ка­де рас­про­стра­не­то рас­те­ние поч­на да се кул­ти­ви­ра на го­ле­ми по­вр­ши­ни за да се за­до­во­лат по­тре­би­те на ин­ду­стри­ја­та.
Освен кул­ти­ви­ра­ње­то на го­ле­ми по­вр­ши­ни за ин­ду­стри­ски по­тре­би, по­стои одг­ле­ду­ва­ње и на ма­ли по­вр­ши­ни, мал се­ме­ен биз­нис, или на не­кои ма­ли за­ед­ни­ци ка­де што про­из­водс­тво­то и до­ра­бо­тка­та одат до фи­на­лен про­из­вод во ма­ла се­ри­ја. Ва­кви при­ме­ри има мно­гу, а и че­сто сре­ќа­ва­ме про­из­во­ди ка­ко ла­ван­да во плат­не­ни тор­бич­ки за аро­ма и за за­шти­та про­тив мол­ци, бо­ров мед, ле­ко­ви­ти со­ко­ви, су­ше­ни га­би и дру­го.
Про­из­водс­тво­то на ле­ко­ви­ти рас­те­ни­ја, со со­би­ра­ње од при­род­ни­те на­о­ѓа­ли­шта или со план­ско кул­ти­ви­ра­ње, ну­ди го­ле­ми фи­нан­си­ски мож­но­сти, осо­бе­но ако се при­ме­нат по­ви­со­ки стан­дар­ди за ква­ли­тет, ка­ко што е ор­ган­ско про­из­водс­тво, или ако се за­о­кру­жи про­це­сот и се дој­де до фи­на­лен про­из­вод што е ба­ран на па­за­рот. По­ба­ру­вач­ка­та по­сто­ја­но рас­те во овој ре­а­лен и ма­те­ри­ја­лен се­ктор, за што има­ме тра­ди­ци­ја и зна­е­ња, од ед­на стра­на, а по­год­на ме­сто­по­лож­ба и кли­мат­ски ус­ло­ви, од дру­га стра­на, што овоз­мо­жу­ва­ат раст на ле­ко­ви­ти и на аро­ма­тич­ни рас­те­ни­ја што се ба­ра­ни на па­за­рот.

По­тен­ци­ја­лот на при­ро­да­та на стак­ле­ни но­зе

Пре­тсе­да­тел­ка­та на Ме­ѓу­на­род­ни­от цен­тар за умет­ност и одрж­лив раз­вој ,,Арт по­инт – гум­но”, од Сло­е­шти­ца, Ире­на Ан­дре­ев­ска ве­ли де­ка из­во­нред­ни­от би­о­ди­вер­зи­тет во ми­на­то­то играл мно­гу важ­на уло­га во оп­штес­тво­то и во еко­но­ми­ја­та – обез­бе­ду­вал до­бра и ус­лу­ги што ди­рект­но ги под­др­жу­ва­ле ос­нов­ни­те при­хо­ди на на­се­ле­ни­е­то, осо­бе­но на тоа во ру­рал­ни­те пре­де­ли. Таа по­со­чу­ва де­ка на­ши­те ба­би ре­дов­но па­за­ре­ле во „ап­те­ка­та од при­ро­да­та“, а би­о­ди­вер­зи­те­тот има не­про­цен­ли­ва кул­тур­на, естет­ска и ре­кре­а­тив­на вред­ност. 

– Таа ве­ков­на вр­ска ме­ѓу лу­ѓе­то и при­ро­да­та и огром­ни­от, не­до­вол­но иско­ри­стен по­тен­ци­јал од неа, де­нес стои на стак­ле­ни но­зе. Не ус­пе­ав­ме да го ста­ви­ме ру­рал­ни­от раз­вој на зас­лу­же­ни­от пи­е­де­стал. Не са­мо што не се иско­ри­сти ве­ќе по­стој­на­та пра­кти­ка од по­ра­неш­на­та др­жа­ва, пун­кто­ви­те за откуп, ка­па­ци­те­ти­те за пре­ра­бо­тка на ле­ко­ви­ти и аро­мат­ски бил­ки и пе­чур­ки, ка­ко и ус­пеш­но вос­по­ста­ве­ни­те еко­ном­ски ре­ла­ции, ту­ку нај­го­ле­ми­от дел од нив се уни­ште­ни – ве­ли Ан­дре­ев­ска.

До­да­ва де­ка со при­ва­ти­за­ци­ја­та и во овој се­ктор кај нас се до­ве­де до де­гра­да­ци­ја на при­ро­да­та и до оси­ро­ма­шу­ва­ње на на­се­ле­ни­е­то во ру­рал­ни­те сре­ди­ни што ре­зул­ти­ра со кон­ти­ну­и­ра­но исе­лу­ва­ње. По­со­чу­ва де­ка има­ме од­ли­чен За­кон за при­ро­да и де­лум­но до­не­се­ни под­за­кон­ски акти, но, во пра­кти­ка ни­што не се спро­ве­ду­ва.
– Во Де­мир­хи­сар­ско, дел од пла­нин­ски­те се­ла се сѐ уште жи­ви са­мо бла­го­да­ре­ние на таа вр­ска со при­ро­да­та. Во до­бри го­ди­ни, се слу­чувало во еден ден и во ед­но се­ло да се отку­пат два то­на вр­гањ. Но, це­на­та на тој про­из­вод е ми­ни­мал­на. Го­ди­на­ва, за пр­ва кла­са вр­гањ се пла­ќаа 90 де­на­ри. Ду­ри да дој­де до фи­нал­ни­от ку­пу­вач, пе­чур­ка­та ќе по­ми­не низ ра­це­те на 10-ина пре­куп­ци. Се­то тоа со бла­гос­лов од др­жа­ва­та – наг­ла­су­ва таа.
Ве­ли де­ка по­тен­ци­ја­лот на бил­ки­те што ре­дов­но се ко­ри­стат и во ку­ли­нарс­тво­то е го­лем, но за­се­га тоа оста­ну­ва во до­ме­нот на сел­ски­те се­мејс­тва.
– Се про­ја­ву­ва­ат сра­меж­ли­ви оби­ди да се пла­си­ра не­што и на ме­ни­ја­та на ло­кал­ни­те ре­сто­ра­ни, но тоа е са­мо еден от­сто од тоа што би мо­же­ло да им се по­ну­ди на ту­ри­сти­те. За го­лем дел од бил­ки­те што ги има­ме, мо­же­ме до­пр­ва да на­у­чи­ме ка­ко да ги ко­ри­сти­ме и ко­му да ги про­да­де­ме. По­треб­ни се го­ле­ма по­ли­тич­ка ви­зи­ја и жел­ба, а мал­ку ин­ве­сти­ции за да се ста­ви во по­гон не­и­ско­ри­сте­ни­от по­тен­ци­јал на при­ро­да­та и да им се вдах­не жи­вот на се­ла­та. За­мис­ле­те, кол­ку би би­ло уба­во ко­га си­те ние би се гор­де­е­ле што сме ру­рал­на зем­ја – по­ра­чу­ва Ан­дре­ев­ска.

Мо­ќта на ете­рич­ни­те мас­ла

За здрав­стве­на­та стра­на на бил­ки­те го­во­ри и Диjана Цве­тков­ска, ко­ја се за­ни­ма­ва со про­из­водс­тво на ете­рич­ни мас­ла. Тие, ве­ли, се жи­вот­на енер­ги­ја на бил­ки­те.
– На па­за­рот се про­да­ва­ат мас­ла со сом­ни­те­лен ква­ли­тет, па тре­ба да би­де­ме вни­ма­тел­ни. Нив­но­то про­из­водс­тво е мно­гу ска­по и за­ви­си од при­ро­да­та, што зна­чи де­ка не мо­же се­ко­ја го­ди­на да се га­ран­ти­ра про­из­водс­тво­то на иста ко­ли­чи­на ете­рич­но мас­ло. Тре­ба да би­дат ис­пол­не­ти и след­ни­те ус­ло­ви: рас­те­ни­е­то да рас­те на автох­то­но зем­ји­ште, на одре­де­на над­мор­ска ви­си­на, ва­жен е ква­ли­те­тот на се­ме­то, бро­јот на сон­че­ви де­но­ви во го­ди­на­та, тем­пе­ра­ту­ра­та и влаж­но­ста на воз­ду­хот, бе­ре­ње­то на рас­те­ни­ја­та е во одре­ден вре­мен­ски пер­и­од и мно­гу вни­ма­тел­но, и нај­че­сто рач­но, се бе­ре оној дел од рас­те­ни­е­то што се упо­тре­бу­ва за про­из­водс­тво на ете­рич­но­то мас­ло – об­јас­ну­ва Цве­тков­ска до­да­вај­ќи де­ка дејс­тво­то на ете­рич­ни­те мас­ла не се за­др­жу­ва са­мо на фи­зич­ко­то, ту­ку тие дејс­тву­ва­ат и на мен­тал­но­то, емо­тив­но­то и на ду­хов­но­то ни­во кај се­кој чо­век.

(Авто­рот е про­фе­сор на Ин­сти­ту­тот за фар­ма­ког­но­зи­ја, при Фар­ма­цев­тски­от фа­кул­тет, УКИМ, Скоп­је)

Напишете коментар