Фијук саем во Скопје: независна уметност – книги, фанзини и работилници на 27 и 28 декември
Саемот на независна уметност „Фијук“, овој викенд, на 27-ми и 28-ми декември, го отвора своето издание кое ќе се одржи во „Трн“ во скопско Дебар Маало (спроти Министерството за култура).
Промовирајќи нови форми на независна уметност, настанот ќе обедини над 30 излагачи и колективи кои работат на книги, фанзини, стрипови, музика, слики, фотографии, колажи, постери, разгледници и плакати.

Настанот започнува во сабота, 27 декември од 14 часот, со изложбата на Марко Печеновиќ насловена „Само напред“ и ќе трае до 18 часот. Следниот ден, недела, 28 декември од 14 до 23 часот, програмата ќе вклучува нови излагачи, целодневна радио програма „Зборуе Радио Скопје“ на Канал 103, како и креативни работилници: работилница за длабок печат и работилница за колаж.
Настанот претставува интерактивна платформа за креативност и соработка, каде посетителите можат да создадат свои колажи, печатени честитки или други уметнички проекти. Настанот ја комбинира алтернативната уметност со забава, музика и практично учење, а целта е зајакнување на домашната независна сцена.
- Јазикот на присутноста
- Што ги движи протестите и зошто општествените движења не се само левичарски каузи?
- Патувачкото кино на „МакеДокс“ повторно тргнува низ Македонија: Бесплатни проекции во шест места
- Историски успех: „Приказната за Силјан“ е првиот македонски филм номиниран за наградите „Еми“
- „Зрно“ 2026 ги претставува избраните автори од меѓународниот отворен повик