Како промената на средината може да влијае на менструалниот циклус?
Авторки: Емина Токовиќ и Стефанија Арсова
Нередовната менструација е чест проблем кај девојките, особено во пубертетот, кога менструалниот циклус не е секогаш стабилен. Во некои случаи, менструацијата може да доаѓа со големи варијации во времето или со необично кратки или долги периоди. Иако ова може да биде нормално во почетокот на менструалниот циклус, важно е да се обрне внимание ако проблемот продолжи подолго време.
Лорен Бургелин, волонтерка на „Мировниот Корпус“ доаѓа од Тексас и вклучена е во активности на Организацијата на жени на општина Свети Николе. Таа веќе една година живее во Македонија. Го споделува свое искуство со нередовниот менструален циклус и како го решавала овој проблем со години. Иако посетувала повеќе лекари и пробала различни хормонални терапии, Лорен не можела да најде ефективно решение за својот проблем.
Сепак, по нејзиното доаѓање во Македонија, нејзиниот менструален циклус започнал да се регулира. За прв пат по долго време, Лорен почувствувала значителна разлика и започнала да има редовни менструации. Во видеото, таа споделува повеќе детали за своето искуство и за тоа како промена на средината можеби била клучна за подобрување на нејзиното здравје.
Личната приказна на Лорен покажува како понекогаш, и покрај напорите и медицинските третмани, можеби е потребна промена во животната средина и начинот на исхрана за да се постигне саканиот резултат.
Ако се соочувате со нередовна менструација која продолжува подолг период, важно е да се консултирате со лекар. Нередовната менструација може да биде сигнал за некој посериозен проблем, па затоа не треба да се занемарува. Раната дијагноза и соодветен третман можат да помогнат да се избегнат потенцијалните здравствени проблеми и да се обезбеди добро здравје во иднина.
Искуството на Лорен Бургелин покажува дека промената на средината, начинот на живот и можеби намалениот стрес можат позитивно да влијаат на регулирањето на менструалниот циклус. Иако хормоналните терапии се важна опција, некогаш неопходно е да се разгледаат и факторите на околината и психо-физичката благосостојба.
Содржината не изразува медицински факти, туку искуства кои ги споделуваат нашите читатели.
За сите предизвици со женското здравје, посоветувајте се со стручно медицинско лице.
- Една трансплантација чини колку една годишна дијализа
- Менторството како мост за промена: Од несигурност и страв кон самодоверба и самостојност
- Со „Лице в лице“ честитките множиме добрина, делиме радост
- Донаторска акција „Стопли детско срце“ – во Startup Club Skopje
- Хуманитарен настан во организација на ХЕРА: Промоција на креативноста на младите девојки и поттикнување на општествена солидарност