Пристигнува „Лице в лице“ број 54: Добредојде за економијата која е фокусирана на човекот
Новото издание на списанието за одржлив развој е посветено на транзицијата која ни претстои – економија фокусирана на човекот.
Електронското издание на списанието може да се набави преку продавницата, а печатеното списание е во продажба од петок, 25.04.2024 година
„Лице в лице“ број 54 ја носи приказната за новата работна сила, за турбуленциите на пазарот на труд и недостигот од работници коишто ги изместија работодавците, пазарот на труд и општествата, генерално. Од една страна, се соочуваме со одлевање на работната сила, а од друга, бизнисите не успеваат секогаш да разберат што им треба на нивните вработени за да чувствуваат дека припаѓаат во работната средина.
Исто така, податоци од релевантни извори упатуваат дека вклученоста на работникот на работното место го засилува чувството на припадност во една компанија. Чувството на припадност, пак, ја засилува мотивацијата, а мотивацијата влијае на ефикасноста.
Програмите за трансформација на работната култура се дел од програмите за диверзитет и вклучување, кои стануваат сè поактуелни во западноевропските земји, пред сè, поради проблемот со недостиг од работна сила, потребата да се задржуваат талентираните луѓе и да се привлекува нов кадар. Овие програми даваат одговор на потребите на новата работна сила и го засилуваат капацитетот на менаџментот да создава услови и работна култура фокусирани на човекот.
Носечката тема на бројот ги носи и успешните приказни на три менторирани лица од програмата Менторство за работна интеграција, како и содржина за придобивките од employer branding. Покрај носечката тема, ќе најдете и интервјуа со актерката Слаѓана Вујошевиќ, која е на насловната страна на новното издание, со режисерката Тамара Котевска, со нашиот продавач Кико Марковки, кој се опоравува од сообраќајната несреќа која ја доживеа минатата пролет, и многу други содржини.