Актуелно, Магазин

Топли, забавни и шарени тонови во детскиот поглед кон 2021 година

Антонела Саздовска
Време на читање: 2 минути
- банер -

Во година полна со предизвици, која нѐ задржува да останеме дома со цел да го заштитиме сопственото здравје и здравјето на блиските, решивме да му дадеме друга боја на секојдневието и ги поканивме децата до 12 години да креираат дизајн на новогодишна честитка за „Лице в лице“.
Ги поттикнавме да создаваат, да се забавуваат и малку да се натпреваруваат.

Ни одговорија 89 автори, со вкупно 133 дела, кои донесоа позитивна нота и кои зрачат со креативност, досетливост, искреност, енергија и со најубави замисли за годината што ни доаѓа. Силно веруваме дека сите деца и понатаму ќе продолжат со своите творечки потези и дека ќе оставаат значаен печат во сѐ што ќе работат во иднина. 


Најдобро оценетите дизајни од публиката и од жирито, добиваат годишно членство на веб-платформата на „Лице в лице“, како и книги од издавачката куќа „Литература“.
Жирито кое ги избра петте најуспешни беше во состав: Томислав Георгиев, фотограф, и Ружица Мандичевска – Руки и Зоран Инадески, дизајнери – последниве двајца и автори на дел од новогодишните мотиви на традиционалните честитки на „Лице в лице“.

Наградените решенија се на дел од насловните страници на печатеното издание на 43 број списанието, кој може да го набавите на овој линк

Прво место од публика:

Антонела Саздовска
Антонела Саздовска, 11 години


Први пет места од жири:

- банер -
Кира Ѓеорѓиеска, 5 години
Ива Марија Видиновиќ, 12 години. Ментор: Марија Ристовска
Давид Атанасовски, 5 години

 

Софија Симеонова, 6 години
Јана Колевска, 6 години




Напишете коментар