Одговорно претставување

Дуално образование – решение за предизвиците со недостиг од стручен кадар

Со воведување паралелки за дуално образование во две стручни училишта, во Скопје и во Го­сти­вар, ЕВН Македонија влијае врз предизвиците на недостиг од стручен кадар во областа на еле­ктро­тех­ни­ка­та и на намалување на невработеноста во земјава.
Про­гра­ма­та за дуално образование, која за првпат почна во СЕТУ „Михајло Пупин“ Скопје во 2017 го­ди­на, иницијално беше насловена „20-20-20“, и предвидуваше 20 ученици – електромонтери и еле­ктро­тех­ни­ча­ри, во 2020 година да добијат сигурна работа во ЕВН со почетна плата од минимум 20.000 де­на­ри. Но, по иницијалниот успех од воведувањето на паралелката во Скопје, ваква па­ра­лел­ка се оформи и во ОСТУ „Гостивар“, и сега оваа програма веќе четврта година успешно се спро­ве­ду­ва во двете училишта и е дел од регуларното образование.

[ihc-hide-content ihc_mb_type=”block” ihc_mb_who=”unreg,6″ ihc_mb_template=”3″ ]

До сега, тригодишната програма ја завршија 32 ученици, од кои 15, од првата генерација, веќе ра­бо­тат во ЕВН.

Про­гра­ма­та според која учениците ја изучуваат предметната настава е приспособена на реалните и актуелни потреби за работа во електродистрибутивната мрежа. Со ова, по завршувањето на сред­но­то стручно образование, тие стануваат кадри што можат веднаш да се вработат, подготвени за вистинските предизвици на терен.

„Уште една силна компонента на програмата е и менторството, имено искусни вработени од ЕВН ги обучуваат учениците за работа на вистински сценарија и предизвици. Активната вклученост на уче­ни­ци­те во работата на терен, низ сите учебни години, овозможува полесно совладување на ра­бот­ни­те задачи при вработувањето“, велат од компанијата.

Во изработката на курикулумот активно учествува тим експерти од ЕВН, а за потребите од пра­ктич­на работа, компанијата изгради и полигон за вежби во рамки на училиштето каде што се одвива пра­ктич­на­та настава. Исто така, во двете училишта целосно е опремен и кабинет со богат избор на наг­лед­ни средства. На учениците им е достапна и целосна опрема за заштита при работа, а осо­бе­но се поттикнува запишувањето на девојчиња во овие паралелки со цел зголемување на бројот на же­ни во техниката, што во моментов е на ниско ниво. Изминатиов период компанијата обезбеди и таблети за овие ученици, а промовираше и платформа за дигитално учење „Канвас“, преку која тие имаат пристап до повеќе дигитални ресурси за учење.

Про­гра­ма­та демонстрира како претпријатијата треба да се вклучат во образовниот процес, со цел да ги доближат реалните потреби на пазарот на труд до образованието.

[/ihc-hide-content]

Напишете коментар