Инклузивно општество, Магазин

Туризмот сѐ уште е привилегија само за одредена група луѓе

Сè за пристапниот туризам и како да дојдеме до него

Што е првото нешто на кое помислувате кога избирате дестинација за вашето следно па­ту­ва­ње? Кои се неопходните работи што треба да ги понесете на патувањето? Кој ќе ве при­дру­жу­ва? Сигурно помисливте на некоја сончева песочна плажа, изолирана од врева и не­до­стап­на за широката популација. Или, пак, доколку сте личност што повеќе сака ур­ба­ни прошетки, можеби избравте некој од европските културни центри, како Рим, Париз, Бар­се­ло­на, Атина, каде што ќе ги посетите музеите и галериите, а и ќе нурнете во тесните улич­ки на урбаните квартови во тие градови. Единствено на што помислувате кога го под­го­тву­ва­те багажот, е да земeте едно мало ранче со најпотребните алишта и удобни обувки за шетање. Некои од нас преферираат да патуваат сами, а за поголемиот дел е многу важ­но да имаат одлично друштво, кое гарантира незаборавно патување.

Да­ли некогаш сте размислувале како изгледа планирањето на патување за лицата со по­себ­ни потреби?

Непристапните терени и објекти нѐ оддалечуваат од замислените патувања

Што сè треба да понесат со себе? Кого треба да понесат како помошник при патувањето? Кои се дополнителните трошоци што треба да ги преземат, а доаѓаат поради нивната по­пре­че­ност? И најважно од сѐ, од што треба да се откажат при посетата на одредена де­сти­на­ци­ја? Сте помислиле ли како се чувствуваат, доколку по долго истражување за нивната по­са­ку­ва­на дестинација, дознаат дека е невозможно да ја посетат бидејќи е непристапна за лица со посебни потреби или, пак, одредени јавни површини или објекти не се прис­по­со­бе­ни за нивниот вид попреченост?

Ко­га планираме патување со корисниците од „Порака нова“, мораме прво да раз­мис­ли­ме која ќе биде дестинацијата и дали е таа пристапна за луѓе во количка. Доколку не е при­стап­на, треба да направиме план кои двајца или тројца од вработените и во­лон­те­ри­те ќе бидат задолжени за мобилноста на лицето во количка. Тоа подразбира вни­ма­тел­но кревање и спуштање на количката на најмалку 20 места во текот на патувањето.
Тре­ба да се испланира и колку од корисниците се целосно или делумно независни, а кол­ку се целосно зависни од асистент. По сето тоа, се планира и помошниот персонал од вра­бо­те­ни, волонтери и родители, кои би патувале заедно со корисниците. Често се избираат ед­нод­нев­ни екскурзии, но доколку се планираат повеќедневни патувања со преспивање, тие подразбираат и пообемни планирања и помошен персонал. Многу дестинации што сме ги замислиле не се оствариле токму поради непристапноста на теренот и на об­је­кти­те. Сме биле соочени и со ситуации во кои угостителски објекти се претставуваат како це­лос­но пристапни, сѐ до оној момент кога треба да спуштиме количка по тесни и стрм­ни скали. Една, често несоодветна рампа не ни дава примат на пристапен објект.

Позитивни искуства од странство

Во 2008 година заминав на волонтерски престој во организацијата „Аспрона“, во Ал­ба­се­те, Шпанија. Навикната на овој начин на функционирање, за мене екскурзиите беа кош­мар.
Но, во Шпанија се соочив со нова ситуација. Сите јавни површини се пристапни, имаат ни­ски тротоари со накосени завршоци на крстосниците, разлика во текстурата на плоч­ки­те на тротоарите приспособени за слепи и за лица со слаб вид, звучни семафори за сиг­на­ли­за­ци­ја. Сите јавни објекти се пристапни, и тоа не само со рампа или лифт, туку се прис­по­со­бе­ни за лица со сите видови попречености, така што во музеите имате слу­шал­ки со водич, Брајово писмо, сликовити описи за лица со интелектуална попреченост. Ду­ри и паркот со атракции Parque Warner во Мадрид е пристапен, сите ролеркостери и дру­ги објекти се приспособени, а доколку не се, имаат задолжен персонал што им по­ма­га на луѓето на кои им е потребна асистенција. Ова беше прва екскурзија со лица со по­себ­ни потреби, (а ги имаше 50 на број) на која имав можност и јас да уживам, иако бев по­мо­шен персонал на неа.

„Ас­про­на“ спроведува програма за рурален туризам за лица со попреченост. Ор­га­ни­зи­ра­ат викенди или еднонеделни посети во селата низ цела Шпанија. Турите опфаќаат пе­ша­че­ње, планинарење, јавање коњи, кајакарење и други атракции што му се достапни на се­кој човек, а во случајов, приспособени на потребите на лицата со попреченост. Сме­сту­вач­ки­те капацитети, од типот на рурални традиционални куќи, ги завардуваат критериумите за пристапност, иако во исто време ја задржуваат автентичноста на градбата.

При една студиска посета во Тенерифе, на Канарските Острови, ни беше претставено ка­ко изгледаат пристапни плажи и какви сè помагала им се достапни на луѓето со цел ужи­ва­ње во нивните неколку дена одмор на плажа. Дел од опремат што им е на рас­по­ла­га­ње се пристапни патеки, дубаци за движење на песок, колички за движење на си­тен песок, и еден вид пловен објект за влегување во вода на лице со физичка по­пре­че­ност.

Порано повеќе се размислувало на ова тема

Ма­ке­до­ни­ја е земја што изобилува со природни убавини и прекрасни места за туризам на езе­ра, реки, планини, археолошки наоѓалишта, културни манифестации, музеи, модерни и традиционални ресторани и безброј други можности. За жал, многу малку од овие ло­ка­ции се пристапни и приспособени, не само за лица со попреченост, туку и за стари и ис­цр­пе­ни лица, а дел од нив и за родители со детска количка.

Ако се навратиме години наназад, можеме да увидиме дека во минатото можеби повеќе се размислувало да се искористат благодатите на природата на Македонија, токму за оние луѓе што имаат некаков здравствен проблем или некој вид попреченост. Така, во Охрид, на самиот брег на Охридско Езеро е изградена Специјализираната болница за ор­то­пе­ди­ја и трауматологија „Св.Еразмо“. Во Струга, исто така, на самиот брег на езерото е из­гра­ден Заводот за нефрологија, во кој за првпат е договорена т.н. холидеј – дијализа за па­ци­ен­ти од Србија, која потоа се проширила и со пациенти од Словенија, Белгија, Либија, Гер­ма­ни­ја и други земји, и тогаш се нарекувала „дијализа на одмор“. Од другата страна, пак, на планината Галичица, на брегот на Преспанско Езеро е изградена Специјализирана бол­ни­ца за превенција, лекување и за рехабилитација на хронични респираторни нес­пе­ци­фич­ни и алергиски заболувања – Отешево. Несомнено дека локацијата на спе­ци­ја­ли­зи­ра­на­та болница во Отешево на западниот брег на Преспанско Езеро не е случајност, туку е вни­ма­те­лен избор на средна надморска височина, благопријатна клима, без големи ва­ри­ја­ции во температурата и без никакви аерозагадувачи во близина. Тоа е место на кое ве­тро­ви­те од Јадранско, Јонско, Средоземно Море и од континенталниот дел се судираат и ток­му овој судир на ветрови резултира со специфична клима што влијае благопријатно врз дишните патишта и помага во лекувањето и во рехабилитацијата од белодробните за­бо­лу­ва­ња и алергии. Сигурно има уште многу вакви примери во Македонија, каде што не са­мо што се размислувало за добрата состојба на корисниците, туку тоа биле и зачетоци на пристапен туризам, здравствен туризам и еден вид општествено одговорен туризам. 

Непристапни се и туристичките капацитети и јавните површини

Во денешно време, благодарение на транзицијата, капитализмот и потрошувачкото оп­штес­тво, потребата од трчање спринт за да се постигне колку што е можно повеќе за по­кра­ток рок често забораваме на некои основни критериуми што би ги задоволиле по­тре­би­те на сите граѓани. Така, со текот на времето, туризмот стана луксуз и привилегија само на одредена група луѓе, исклучувајќи ги по пат тие што имаат поделикатни барања. Са­кај­ќи да се постигне универзалност во давањето услуги, се заборави на специфичните по­тре­би на одредени групи граѓани. Во исто време, сакајќи да се изградат помодерни и екск­лу­зив­ни градби, нивната пристапност стана непотребна. И низ сите овие години, и покрај си­те апели од граѓанскиот сектор за пристапност и за инклузија, дојдовме до степен кога не са­мо туристичките капацитети, туку и јавните површини стануваат комплетно не­прис­по­со­бе­ни на потребите на граѓаните со попреченост.

Ток­му поради сето ова, со години апелирам и се залагам за воведување при­ста­пен туризам во Македонија. Идејата е претставена пред различни донатори, на форуми на гра­ѓа­ни, пред соодветни институции. Во име на „Порака нова“, воспоставуваме парт­нерс­тва со организации и институции од земјата и од странство, со цел да се почне со при­ме­ну­ва­ње пристапен туризам во земјава и донесување позитивни искуства и практика од зем­ји што веќе се искусни во областа. Целта ми е Македонија да ги искористи сопствените ка­па­ци­те­ти во корист на развивање пристапен туризам и со текот на времето да стане ед­на од главните дестинации за туристи со попреченост, токму поради природните при­до­би­вки што ги нуди. Тоа би се обезбедило преку овозможување туристичките дестинации, про­из­во­ди и услуги да станат приспособени и пристапни за сите туристи и воедно да се про­мо­ви­ра пристапниот туризам во земјава и благодатите од него, не само за ужи­ва­те­ли­те, туку и за давателите на туристички услуги. Во таа насока, ги повикувам сите за­ин­те­ре­си­ра­ни страни, кои сметаат дека можат да дадат придонес и да имаат бенефит, да кон­та­кти­ра­ат со нас со цел да почнеме со активности, прво за создавање национална стратегија за пристапен туризам, а потоа и со конкретни активности секој во својата област на дејс­тву­ва­ње.

Пристапниот туризам нуди можности за бизнисот

При­стап­ни­от туризам им овозможува на сите да уживаат во благодатите на патувањето и на туризмот. Можноста туризмот да стане попристапен не е само општествена од­го­вор­ност, туку истовремено го мотивира бизнисот што работи во секторот да стане по­ком­пе­ти­ти­вен на пазарот.

Искус­тва­та покажуваат дека приспособувањето на објектите и на услугите, ме­ѓу­се­ктор­ско­то поврзување и разбирањето на потребите на луѓето со попреченост, влијае на зго­ле­му­ва­ње на бројот на посетители. Подобрувањето на пристапноста на туристичките услуги, не са­мо што влијае на задоволството на туристите, туку, во исто време, го подобрува ква­ли­те­тот на живот на локалното население. Целите на давателите на туристички услуги би тре­ба­ле да бидат зголемување на туристичката понуда пристапна за посетители со по­себ­ни потреби, промовирање социјална инклузија и социјална одговорност и подобрување на вештините на вработените во секторот.

Една третина од светската популација е потенцијален корисник на пристапниот ту­ри­зам

Спо­ред податоци на ОН, 650 милиони луѓе низ светот живеат со некаков вид попреченост. За­ед­но со нивните семејства, тоа би значело дека околу две милијарди луѓе, или една тре­ти­на од светската популација, се директно засегнати.
Мно­гу од нив имаат потреба од пристапност, независно дали се работи за трајна по­пре­че­ност (физичка попреченост, проблеми со видот или слухот, интелектуална попреченост) или други причини. Тука би ги зеле предвид старите и исцрпени луѓе, кои имаат проблеми со подвижноста, луѓето што имаат привремена оневозможеност да се движат, а и луѓето со одредени видови хронични болести. Сите тие имаат потреба од пристапен туризам и до­кол­ку не им биде овозможен, оваа голема група луѓе (потенцијални туристи) би имале по­те­шко­тии при патување или, во најлош случај, воопшто не би можеле да одат на одмор. За сите нив, патувањето е вистински предизвик, кој често се покажува како проб­ле­ма­ти­чен, прескап и одзема премногу време за организација и за изведување, почнувајќи од ба­ра­ње информации за пристапност на објектите и на услугите, користење јавен превоз, ко­ри­сте­ње сметување што е приспособено на нивните потреби, ангажирање асистенти за па­ту­ва­ње­то.

Пристапен туризам во Шпанија

Од ден во ден, во Шпанија се појавуваат сè повеќе иницијативи за подобрување на при­стап­но­ста во туризмот. Пристапни тури, специјализирани услуги, адаптирани објекти и при­стап­ни водичи се секојдневие во Шпанија.

Истра­же­те го Мадрид преку адаптирани тури

Кул­ту­ра­та во Мадрид е попристапна од кога било. На располагање ви стојат пристапни во­ди­чи што нудат адаптирани тури за лица со кој било вид попреченост. Луѓето што користат ко­лич­ка можат да го прошетаат „Златниот триаголник на уметноста“ во Мадрид без да се гри­жат за архитектонските пречки. Квартот Las Letras може да се истражи со придружба на во­дич со засилувач на гласот. Важните музеи, како Националниот музеј дел Прадо и Цен­та­рот на уметноста „Кралица Софија“, имаат приспособена инсталации. Но, музеј што е во це­лост приспособен на лицата со попреченост е Тифлолошкиот музеј, каде што по­се­ти­те­ли­те можат да ги земат в раце макетите од главните споменици и тактилно да ги истра­жат. Понудите за овие тури се достапни во сите туристички информативни катчиња.

Бар­се­ло­на и нејзините најпристапни зони

Нај­при­стап­ни зони во Барселона се Готскиот кварт и маршрутата на модерната уметност. Пр­ви­от се наоѓа во стариот дел на Барселона и е пристапен за лица со ограничена мо­бил­ност. Во маршрутата на модерната уметност посетителите можат да уживаат во уметноста на Гауди и во зградите Pedrera и Casa Batlló, исто така, можат да ги посетат и Sagrada Familia и паркот Güell. Сите тие се прогласени за заштитено културно наследство од страна на УНЕСКО и сите поседуваат макети за тактилна интерпретација.

Гра­до­ви без пречки

Се­којд­нев­но се зголемува бројот на градови во Шпанија што работат на отстранување на си­те архитектонски пречки. Градовите Алкала де Енарес, Авила, Касерес, Куенка, Еивиса, Ме­ри­да, Саламанка, Сан Кристобал де ла Лагуна, Сантијаго де Компостела, Сеговија, Та­ра­го­на, Толедо и Убеда имаат подготвено документи со критериуми за пристапност на об­је­кти­те и на јавните површини.

При­стап­ни знаменитости што не смеат да се пропуштат

Вле­гу­ва­ње­то во праисториска пештера е интересна понуда, но знае да биде проб­ле­ма­тич­но кога станува збор за лица со попреченост. Но, не и на северот на Шпанија, во Кан­та­бри­ја, во пештерата Соплао и во музејот „Алтамира“, каде што има автентична реплика на ори­ги­нал­на­та пештера, а истовремено лицата со попреченост имаат пристап и до водич со функционалности за визуелна и аудитивна попреченост.

При­ста­пен театар

Во последните години, изведбените уметности се приклучија кон иницијативата и кул­ту­ра­та да стане пристапна за сите. Програмата „Пристапен театар“, секоја година прет­ста­ву­ва многубројни претстави што се приспособени на лицата со различни попречености. Иа­ко поголемиот дел од изведбите се одвиваат во Мадрид и во Барселона, пристапниот те­а­тар патува во повеќе од 40 градови и 100 театри низ цела Шпанија.

Преку пристапен туризам до еднакви можности за сите

При­стап­ни­от туризам е право што треба да им биде загарантирано на луѓето со посебни по­тре­би. Спроведувањето на овој вид туризам подразбира обезбедување на сите мерки што овозможуваат пристапност и непречено користење и уживање во туристичката ин­фра­стру­кту­ра, производи, опкружување и услуги, на нормализиран, независен и безбеден на­чин. Tака, туристот со попреченост нема само потреба од соодветен превоз и сме­сту­ва­ње, туку и од приспособени угостителски објекти каде што ќе може да руча или да пие ка­фе, од посета на музеи каде што ќе има можност да ја разбере уметноста, не само да биде фи­зич­ки присутен во објектот, од спортско-рекреативни активности, независно дали се од­ви­ва­ат на плажа, на планина или во некој живописен кањон.

Не­до­сти­гот од пристапност во туристичкиот сектор е еден вид дискриминација. Така што, преку внесување на пристапноста во туризмот, истовремено работиме на обез­бе­ду­ва­ње еднакви можности за сите луѓе.

(Автор­ка­та е секретар во „Порака нова“, Струга)

Напишете коментар