Магазин, Одговорна иднина

Јас ≤ Ние

При­ро­да­та на мис­ла­та е та­ква што го фраг­мен­ти­ра све­тот на де­ло­ви: јас и дру­ги­те, ние и вие, лу­ѓе­то и жи­вот­ни­те, чо­ве­кот и при­ро­да­та, со­лар­ни­от си­стем и га­ла­кси­ја­та, га­ла­кси­ја­та и уни­вер­зу­мот. Ко­га оваа илу­зи­ја ќе се сог­ле­да ка­ко та­ква, оста­ну­ва ре­ал­но­ста ка­ко це­ли­на. Ко­га ова ќе се до­жи­вее искус­тве­ноa, а не са­мо да се раз­бе­ре ин­те­ле­кту­ал­но, чо­век ги до­жи­ву­ва дру­ги­те, жи­вот­ни­те и све­тот ка­ко не­раз­де­лен дел од се­бе

Сѐ што ќе про­чи­та­те не­кој друг ве­ќе го ка­жал пред ме­не, а на по­ве­ќе­ми­на од вас, се­пак, ќе ви би­де но­вo.

Пред де­се­ти­на го­ди­ни ми се слу­чи­ја ред ко­ин­ци­ден­ции (ако ве­ру­ва­те во та­кви ра­бо­ти) што ме до­не­соа до ед­но искус­тво што е мно­гу те­шко да се об­јас­ни со збо­ро­ви, мо­же­би и за­луд­но, ама ко­га ве­ќе сум трг­нал да ви го ка­жам тоа што са­кам да ви го ка­жам, ќе тре­ба да се оби­дам да го опи­шам.
Тоа бе­ше искус­тво во кое го гле­дав све­тот око­лу се­бе исто ка­ко и во­о­би­ча­е­но, но го до­жи­ву­вав без да имам кон­цеп­ти во гла­ва­та за што е тоа не­бо, а што зем­ја, што е јас, а што дру­ги­те, ми­на­то­то и ид­ни­на­та пре­то­пе­ни во бе­ско­неч­но дол­го се­га. Всуш­ност, пер­цеп­ци­ја на све­тот ка­ко жи­ва це­ли­на, без мис­ли во гла­ва­та да го фраг­мен­ти­ра­ат на дел­чи­ња. Во исто вре­ме, си­те стра­во­ви ис­чез­наа, вклу­чу­вај­ќи го и тој од смрт, тоа бе­ше нај­го­ле­ма­та сло­бо­да што не­ко­гаш ја имам до­жи­ве­а­но.
Исто­то тоа искус­тво ми влеа еден не­ко­леб­лив мир де­ка се­кое зр­но пе­сок е на ви­стин­ско­то ме­сто.
На по­че­то­кот бев мно­гу ти­вок за тоа што ми се слу­чи, го спо­де­лив са­мо со не­кол­ку бли­ски лу­ѓе, еден од нив искус­но ме по­со­ве­ту­ва да не збо­ру­вам мно­гу на те­ма­та сè до­де­ка не со­зрее искус­тво­то. Де­се­ти­на го­ди­ни по­доц­на, еве ме, пи­шу­вам јав­но би­деј­ќи ми ре­коа де­ка има­ло лу­ѓе што ќе са­ка­ат да про­чи­та­ат, а јас сум си­гу­рен де­ка ќе има и лу­ѓе што ќе ме гле­да­ат чуд­но по ова. За­тоа ве за­мо­лу­вам да чи­тај­те со отво­рен ум и из­ви­не­те за анг­ли­циз­мот ама “here goes nothing”.

За мис­ли­те, свесноста е тоа што е хар­ти­ја­та за ре­че­ни­ци­те што ги чи­та­те

Це­ла­та по­ен­та мо­жам да ја све­дам во ед­на ре­че­ни­ца што зву­чи ва­ка: Ре­чи­си си­те чо­веч­ки проб­ле­ми по­тек­ну­ва­ат од ист из­вор, а тоа е по­греш­на са­мо­и­ден­ти­фи­ка­ци­ја. Во на­ше­то се­којд­нев­но по­сто­е­ње ние до­би­ва­ме ин­фор­ма­ции од над­во­реш­ни­от свет пре­ку пет­те се­ти­ла, а од вна­треш­ни­от свет пре­ку мис­ли и емо­ции. Про­пу­штам ли не­што?

Си­те на­ши искус­тва од ра­ѓа­ње до мо­мен­тов до­де­ка го чи­та­те ова се све­ду­ва­ат на тие се­дум на­чи­ни на при­ма­ње ин­фор­ма­ции. Од овие се­дум, ќе ви пре­зен­ти­рам ед­на по­и­на­ква перс­пе­кти­ва за тоа ка­ко ги пер­ци­пи­ра­ме ин­фор­ма­ци­и­те од мис­ли­те. Ге­не­рал­но­то ве­ру­ва­ње е де­ка пер­цеп­ци­ја­та на мис­ли­те ја вр­ши­ме со мо­зо­кот.

Мо­е­то соз­на­ние е де­ка, всуш­ност, мо­зо­кот е од­го­во­рен за про­из­ве­ду­ва­ње на мис­ли­те до­де­ка пер­цеп­ци­ја­та на мис­ли­те ја пра­ви (тоа што ов­де ќе го ви­ка­ме) свес­но­ста или не­кои тоа го ви­ка­ат умот. Не би са­кал јас да сум тој што ќе ре­ши ко­ја ќе би­де де­фи­ни­ци­ја­та што ќе ја ко­ри­сти­ме си­те ние, но би­деј­ќи јас го пи­шу­вам тек­стов би би­ло па­мет­но да ви об­јас­нам ка­ко јас ги раз­гра­ни­чу­вам.

Да ре­че­ме де­ка умот е склоп на мис­ли (се­ќа­ва­ња, со­но­ви, ви­зии, ме­ло­дии) и на емо­ции, а свес­но­ста тоа што знае за мис­ли­те и за емо­ци­и­те.Мис­ли­те се не­што врз кое има­ме ре­ла­тив­на, а не ап­со­лут­на кон­тро­ла, слич­но ка­ко и врз ди­ше­ње­то. Во спро­тив­но, ние лу­ѓе­то не би има­ле те­шко­тии со кон­цен­тра­ци­ја или проб­лем да пре­ки­не да ни се вр­ти не­ко­ја пес­на в гла­ва. Ду­ри и би мо­же­ле по на­ша вол­ја да ги пре­ки­не­ме мис­ли­те комп­лет­но.

Мо­зо­кот е ор­ган во те­ло­то ка­ко и си­те дру­ги. Ср­це­то ја цир­ку­ли­ра кр­вта, адре­на­лин­ска­та жлез­да ла­чи адре­на­лин – мо­зо­кот про­из­ве­ду­ва мис­ли. Но не по­стои „раз­мис­лу­вач“, исто ка­ко што не по­стои и „цир­ку­ли­рач“ на кр­вта.
Спо­ред тоа, јас не сум мо­и­те мис­ли или мо­јот ум.

Ај­де да го на­пра­ви­ме ова уште по­ед­но­став­но и по­јас­но со при­мер. За да мо­же­ме да ви­ди­ме не­кој пред­мет (ка­ко на при­мер спи­са­ни­е­то во ва­ши­те ра­це), мо­ра да има­ме се­ти­ло за вид со кое ќе пер­ци­пи­ра­ме, што зна­чи по­стои об­јект што е наб­љу­ду­ван и суб­јект што наб­љу­ду­ва. Оваа си­ту­а­ци­ја мо­же да пре­диз­ви­ка мис­ла ка­ко „Јас др­жам спи­са­ние во ра­це­те“. Оваа мис­ла е, исто та­ка, об­јект што е за­бе­ле­жан. Пра­ша­ње­то е – од што?! Мо­ра да по­стои не­што (суб­јект) што знае за мис­ла­та! Тоа не­што што знае за мис­ла­та не мо­же да би­де мис­ла би­деј­ќи мис­ла­та не знае за са­ма­та се­бе. Тоа не­што што знае за мис­ла­та е по­сто­ја­но не­за­бе­ле­жа­но, по­сто­ја­но „од­ми­на­то“ во на­ше­то се­којд­не­вие. Тоа не­штого на­ре­ку­вам(е) свес­ност.

Свес­но­ста е не­за­бе­ле­жа­на би­деј­ќи не­ма фор­ма до­стап­на за не­кое од на­ши­те се­ти­ла. Не мо­же­ме да ја ви­ди­ме или до­пре­ме, не­ма ми­рис, ни­ту вкус и не про­из­ве­ду­ва зву­ци. Таа е ка­ко праз­ни­от про­стор ме­ѓу ва­ши­те очи и овие бу­кви, по­стои ама не ја за­бе­ле­жу­ва­ме.

Што дру­го мо­же­ме да зна­е­ме за не­што што не­ма фор­ма, бо­ја, ми­рис и вкус? Мо­же ли да се ме­ну­ва? Не. Мо­же ли да се ро­ди или умре? Не. Мо­же ли да би­де сфа­те­на со раз­мис­лу­ва­ње? Не, би­деј­ќи мис­ли­те не мо­жат да раз­бе­рат не­што што не мо­жат да го пер­ци­пи­ра­ат.

Ова зна­чи де­ка свес­но­ста е кон­стан­та, не­што ка­ко бр­зи­на­та на свет­ли­на­та што е кон­стан­та во при­ро­да­та на уни­вер­зу­мот. За раз­ли­ка од свет­ли­на­та, свес­но­ста не мо­же­ме да ја из­ме­ри­ме и за­тоа е те­ма на не­сог­ла­су­ва­ња во на­у­ка­та.
Тоа што е, мо­же­би, нај­ин­те­рес­но и нај­чуд­но за свес­но­ста е де­ка мо­же да се иден­ти­фи­ку­ва со не­шта­та што ги пер­ци­пи­ра до тој сте­пен што мо­же да за­бо­ра­ви за сво­е­то по­сто­е­ње.
Ка­ко во мис­ли­те, на при­мер.

Тоа зна­чи де­ка кол­ку и да е со­фи­сти­ци­ра­но мо­е­то мис­ле­ње за тоа кој сум јас, не е точ­но, за­тоа што мо­е­то есен­ци­јал­но „јас“ е свес­ност што не мо­же да би­де раз­бра­на со мис­ле­ње. Си­те на­ши се­ќа­ва­ња (што се, исто та­ка, мис­ли) се збир од жи­вот­ни искус­тва, мис­ли и емо­ции, кои соз­да­ва­ат при­каз­на за лич­ност или пер­со­на со ко­ја се иден­ти­фи­ку­ва­ме.
Ети­мо­ло­шки, збо­рот person по­те­к­ну­ва од ла­тин­ски­от збор persona што зна­чи актер­ска ма­ска или лик од прет­ста­ва. По­греш­на­та са­мо­и­ден­ти­фи­ка­ци­ја се слу­чу­ва ко­га јас (свес­но­ста) мис­лам де­ка сум лич­ност со име и презиме, одре­де­на исто­ри­ја и ка­ра­кте­ри­сти­ки. Оваа погрешна идентификација по­пу­лар­но се на­ре­ку­ва его. Ко­га чо­век се оби­ду­ва да се де­фи­ни­ра или раз­бе­ре со мис­ли, то­гаш се огра­ни­чу­ва се­бе­си. Со­о­чен со ва­кви идеи, мно­гу е воз­мож­но ва­ши­от ум да нај­де куп при­чи­ни зо­што ова не е точ­но и на тој начин егото се бори за својот опстанок. Сите тие причини се всушност са­мо уште мис­ли што се за­бе­ле­жа­ни од иста­та свест.

За мис­ли­те, свесноста е тоа што е хар­ти­ја­та за ре­че­ни­ци­те што ги чи­та­те

Мис­ли­те мо­жат да би­дат лош вла­де­тел или од­ли­чен слу­га!

Еве ка­ко да про­ве­ри­те да­ли ова што го збо­ру­вам е ви­сти­на. Ед­на ми­ну­та за­тво­ре­те ги очи­те и поч­не­те да си збо­ру­ва­те (во се­бе) за што би­ло. Штом за­вр­ши­те, по­ми­не­те на след­ни­от па­сус.

Се­га пра­шај­те се, што до­жи­ву­вам по­ин­тим­но или поб­ли­ску до се­бе – мис­ли­те што се ме­ну­ва­ат или тоа што знае за мис­ли­те?
Исто­то мо­же­те да го на­пра­ви­те и со емо­ции.
Да не се раз­бе­ре­ме по­греш­но, не са­кам да ка­жам де­ка мис­ли­те се не­што ло­шо од кое тре­ба да се огра­ди­ме. Ту­ку де­ка тие мо­жат да би­дат мно­гу лош вла­де­тел или од­ли­чен слу­га.  Сѐ што тре­ба да на­пра­ви­те е да ги за­бе­ле­жу­ва­те сопс­тве­ни­те мис­ли и емо­ции до­де­ка се слу­чу­ва­ат зна­еј­ќи де­ка вие сте свес­но­ста. То­гаш се ра­ѓа ин­те­ли­ген­ци­ја мно­гу по­го­ле­ма од таа на мис­ли­те и во тој мо­мент не сте роб на сво­јот ум.
Оваа де­пер­со­на­ли­за­ци­ја од мис­ли­те и од емо­ци­и­те е ос­ло­бо­ду­вач­ка, а се­ко­ја дру­га сло­бо­да е ми­нор­на во од­нос на неа.
Мис­ли­те има­ат огром­на моќ да нè убе­дат во ра­бо­ти што не по­сто­јат, до тој сте­пен што ве­ру­ва­ме де­ка се ап­со­лут­на ви­сти­на, пла­це­бо-ефе­ктот е од­ли­чен до­каз за ова. Овие не­шта што се из­мис­ле­ни од умот, а не­ма­ат ре­ал­ност са­ми по се­бе, ги на­ре­ку­ва­ме мен­тал­ни кон­цеп­ти.
На ист на­чин умот по­сто­ја­но соз­да­ва кон­цеп­ти ду­ри и од ре­ал­ни­те не­шта и не ни доз­во­лу­ва да ги до­жи­ве­е­ме не­шта­та та­кви ка­кви што се ви­стин­ски. Ва­ши­от ум ве­ќе има соз­да­де­но и кон­цепт за – што е тоа свес­ност. И до­кол­ку се­га ве­ру­ва­те де­ка е по­до­бро да се иден­ти­фи­ку­ва­те со свес­но­ста, откол­ку со умот, исти­от тој ум по­сто­ја­но ќе се „ма­ски­ра“ во ва­ши­от кон­цепт за свес­ност. Пре­поз­на­ва­ње­то на оваа итрост на умот е му­дрост.  
Па, ка­ко то­гаш мо­же­ме да из­ле­зе­ме од овој илу­зо­рен свет на кон­цеп­ти и да ги до­жи­ве­е­ме ра­бо­ти­те та­кви ка­кви што се? Мо­же­те ли да ги за­бе­ле­жи­те и  до­жи­ве­е­те пред­ме­ти­те и при­ро­да­та око­лу се­бе, без да се пот­пи­ра­те на мис­ли­те за ин­тер­пре­та­ци­ја? Тоа е воз­мож­но са­мо од ед­на со­стој­ба на свест, ко­ја се на­ре­ку­ва ме­ди­та­ци­ја, но за тоа во дру­га окол­ност.

Ко­ре­нот на ре­чи­си си­те проб­ле­ми е чо­веч­кото его

Ко­га ќе пог­лед­не­ме об­је­ктив­но на лич­ни­те или гло­бал­ни­те проб­ле­ми и ќе се оби­де­ме да сфа­ти­ме зо­што се слу­чу­ва­ат, мо­же да уви­ди­ме де­ка ко­ре­нот на ре­чи­си си­те проб­ле­ми е чо­веч­кото его. А тоа про­из­ле­гу­ва од по­греш­но са­мо­и­ден­ти­фи­ку­ва­ње. Ова не зна­чи де­ка чо­век тре­ба да гле­да са­мо за дру­ги­те и да за­бо­ра­ви на се­бе, ту­ку да сфа­ти на кој на­чин пра­веј­ќи ра­бо­ти за се­бе, не­свес­но им предизвикува проб­ле­ми на дру­ги­те и на при­ро­да­та. Јас ≤ Ние.
Мис­ли­те и емо­ци­и­те што ги до­жи­ву­ва­ме се мно­гу ре­ал­ни, но тие креираат илузорен идентиет со кој се доживуваме како единка, одделна и независна од светот околу себе. Тоа е са­мо при­вид, исто ка­ко што ни се при­чи­ну­ва де­ка има во­да на ули­ци­те во лет­ни­те же­шки де­но­ви. При­ро­да­та на мис­ла­та е та­ква што го фраг­мен­ти­ра све­тот на де­ло­ви: јас и дру­ги­те, ние и вие, лу­ѓе­то и жи­вот­ни­те, чо­ве­кот и при­ро­да­та, со­лар­ни­от си­стем и га­ла­кси­ја­та, га­ла­кси­ја­та и уни­вер­зу­мот. Ко­га оваа илу­зи­ја ќе се сог­ле­да ка­ко та­ква, оста­ну­ва ре­ал­но­ста ка­ко це­ли­на. Ко­га ова ќе се до­жи­вее искус­тве­но, а не са­мо да се раз­бе­ре ин­те­ле­кту­ал­но, чо­век ги до­жи­ву­ва дру­ги­те, жи­вот­ни­те и све­тот ка­ко не­раз­де­лен дел од се­бе. По­ве­ќе не се до­жи­ву­ва­ме ка­ко чо­век што го иску­су­ва жи­во­тот и уни­вер­зу­мот, ту­ку ка­ко жи­во­тот и уни­вер­зу­мот да се во при­вре­ме­но искус­тво на чо­век.
Во та­кво­то искус­тво ду­ри и да се по­ја­ви не­што што го на­ре­ку­ва­ме „проб­лем“, не е прос­ле­де­но со стра­да­ње или бол­ка. До­пол­ни­тел­но си­те си­ту­а­ции се лес­но реш­ли­ви би­деј­ки со­лу­ци­ја­та до­а­ѓа од по­ви­со­ко ни­во на свест и ин­те­ли­ген­ци­ја од таа на мис­ли­те.

(Авто­рот по про­фе­си­ја е филм­ски ре­жи­сер, а по долж­ност учи­тел по јо­га и ме­ди­та­ци­ја)

Напишете коментар