Актуелно, Доза вести

Какви се навиките за штедење енергија во вашето домаќинство?

Време на читање: < 1 минута
- банер -


Центарот за климатски промени спроведува истражување со цел утврдување на навиките на жителите на Скопје во врска со заштедата на  енергија во домаќинствата и примената на мерки за подобрување на енергетската ефикасност.
„Целта на истражувањето е го добиеме вашето мислење во врска со потрошувачката на енергија во вашите домови, но и да ги анализираме Вашите навики за користење на енергијата што ќе ни овозможи да предложиме мерки за заштеда и промена на однесувањето со цел поголема енергетска ефикасност и користење на обновливи извори на енергија“, велат од Центарот.
Граѓаните може да придонесат со пополнување на анкетата која е достапна на овој линк!

Активноста се спроведува во рамките на проектот „Соочување со загадувањето на воздухот во градот Скопје“, а целта е да се влијае на промена на однесувањето на граѓаните. Проектот овозможува и мерење на потрошувачката на електрична енергија кај домаќинствата што ќе се согласат на тоа. На тој начин ќе имаат можност да ги идентификуваат апаратите што се најголеми потрошувачи во нивниот дом, но и да направат промени што ќе им донесат енергетски и финансиски заштеди преку примена на мерки за енергетска ефикасност и промена на однесувањето.
Енергетските заштеди кај домаќинствата добиваат поголемо значење особено во актуелниов период имајќи го предвид воведувањето на блок-тарифите. 

Напишете коментар