Лице в лице интервју

Лице в лице со Алмир Мустафа

Ако не бев продавач на уличното списание, ќе бев тоа што ме учеше вујко ми да бидам –  мо­лер. А, ако ме прашате зошто молер, затоа што сакам кога правам промена и од неуредно станува чи­сто и бело. Многу ја сакам промената

Се­ко­ја промена е чудна на почетокот, но прекрасна на крајот. Тоа помеѓу е зоната во која растеме. Ова е патот што го поминува и ранливиот сограѓанин кон целта да стане работно интегрирано ли­це што е економски и социјално засилено.  Сте се прашале ли кои се продавачите на „Лице в ли­це“ надвор од униформата и зошто останале истрајни во процесот на работната интеграција?
Мен­тор­ски­те средби што се специјално дизајнирани за продавачите на уличното списание се инс­пи­ра­ци­ја и поттик за да се постави токму ова прашање, да се роди љубопитноста за интересите, жел­би­те и за нивните приказни, затоа што сите ние ги имаме.
На овој начин, со низа прашања и фотографии го претставуваме Алмир Мустафа, продавачот со харизма на која сите „паѓаме“! ☺
Ал­мир е продавач на списанието од 2015 година, со неколку паузи поради непредвидливоста на жи­во­тот, но тој со неговата харизма и ненаметливост, тивко, а смело повторно освојува свои те­ри­то­рии.
Та­тко е на три деца, Муксин (4 години ), Един (2 години) и Амин (5 месеци), а самиот вели дека парт­нер­ка­та Кадрие ја чува како вистинска кралица. И двајцата се трудат да бидат добри ро­ди­те­ли, кои ќе ги научат своите деца на вредности. На прашањето како би се опишал себеси, низ нас­ме­вка одговара:
– Ух, како да почнам… Најтешко ми е кога треба да зборувам. Добар човек сум, чесен, сакам да ра­бо­там, ама не во политика. И, не лажам, освен тебе Ема, кога сум ти задоцнил на средбите за ко­ор­ди­на­ци­ја – почна да раскажува Алмир со доза трема, но и љубопитност за прашањата.
Го пренесуваме интересното патување низ кое го запознаваме Алмир, на поинаков начин.

Што би работел ако не беше продавач на „Лице в лице“?
Ќе бев тоа што ме учеше вујко ми – молер. А ако ме прашаш зошто молер, затоа што сакам кога пра­вам промена и кога од неуредно станува чисто и бело. Многу ја сакам промената.

Те­шко ли е да се продава улично списание? Опиши го искуството.
– За мене воопшто не е тешко. Ме радуваа оваа работа. Сум имал искуство да работам и да по­ма­гам, ама многу сакам што кога продавам „Лице в лице“ излегувам и се враќам чист. Се движам ме­ѓу убави луѓе, а тие го уважуваат тоа што го работам. А има многу случки од терен!

Оми­ле­но место за продавање
Мо­ја­та локација е на плоштадот во Скопје, таму ми е најубаво!

Ако треба да избираш меѓу Дебар маало и Лепоткарија за продажба, кое е твоето омилено ме­сто?
Ако веќе морам да избирам од овие две, тогаш мојот избор е Дебар маало.

На што последно се смееше?
Не можам да се сетам, ама знам на што се насмевнувам секој ден. Тоа е кога ги продавам сите спи­са­ни­ја или кога продавам на некои убави девојки.

Што знаеш најдобро да готвиш?
Оу­у­уу, сакам да готвам многу нешта! Правам најубав ориз во тавче. Децата и жена ми го сакаат мно­гу. А од салата, марулата ми е најубава, можам секој ден да јадам.

Ко­ја ти е омилена песна?

– Ех… јас не пеам, ама има ромски сплетови што ги сакам многу. Сплетот на Ервин ми е омилен.

По што те препознаваат луѓето?
Де­фи­ни­тив­но по униформата на „Лице в лице“ и мило ми е поради тоа!

Спо­де­ли интересна случка од терен
Мно­гу ми е интересно кога правам пауза од работа и седнувам да пијам кафе во кафулињата. Газ­ди­те и персоналот ме честат бидејќи ме знаат по „Лице в лице“ и униформата. Еднаш додека го че­кав кафето дојде еден човек и ми купи од маса, обратна ситуација – јас одморав, а тој дојде да ку­пи од мене, не отидов јас кај него

Ка­ко и каде сакаш да го пиеш првото кафе?
Во „Џино“. Особено кога е лето. Со вработените многу се почитуваме и уживам во нивно друш­тво.

Без што Алмир не е Алмир?
– Без фризурата и униформата.

Фуд­бал или кошарка?
-Фуд­бал, пред ковид често игравме во маало.

Са­каш ли да црташ? Што би нацртал ако имаше сега лист и молив?
– Са­кам да цртам и да бојам. Често си купувам боенки и боички. Дај ми лист да нацртам нешто

Што би купил ако добиеш седумка на лото?
Тре­нер­ки.

Да имаш магично стапче или моќ што би променил во светот?
– Би го сменил животот на Ромите во Шуто Оризари!

Ка­ков совет би си дал ако можеш да се вратиш на 18-годишна возраст?
Да бидам истраен на добриот пат. Ме чека убава работа и дружба со „Лице в лице“.

На кои вредности сакаш да ги научиш твоите деца?
– Да учат школо, да бидат учени. Да имаат своја визија во животот и да останат чесни.

Кој е твојот животен ментор?
– Вуј­ко ми и наставничката Ирена Велкоска од дневниот центар. Таа ме научи како да бидам кул­ту­рен и вешт, а вујко ми како да бидам добар мајстор.

Ко­ја е најголема животна лекција што си ја научил досега?
– Се­ко­гаш да бидам на страна на вистината.

Од кого најмногу научи за продажбата на уличното списание?
Од теренот и од различните луѓе што ги среќавам низ Скопје.


Прашањата и одговорит испланирани разиграно, различно од воведниот дел од текстот

Напишете коментар