Лице в лице со новата Земја – соочување!
Најновото 40-то издание на „Лице в лице“ e посветено на бизнисите, лидерството, на институциите и на граѓаните од иднината, како и на улогата на социјалната економија во кокреирањето на новиот систем и на иднината.
Бројот носи и содржини кои се врзани за многу иницијативи кои се појавија како резултат на лошите ефекти на Ковид 19, понатаму написи за важноста од поттикот на руралниот развој и социјалната економија, за потребите од нов модел на образование, и уште многу други четива на драги соработници.
Тука ги споделуваме насловницата на Лице в лице бр. 40, кавер страната на која се фотографирани продавачите на списанието, како и двата постера подготвени за настанот „Лице в лице со новата Земја – соочување“, кој има за цел да отвори дискусија за можните сценарија на развој на нашето опкружување, и светот воопшто, по соочувањето со пандемијата, на локално и глобално ниво.


Специјално за промоцијата на 40-от број на „Лице в лице“, театарската група „Пресврт“, подготви и видео нарација насловена „Рестарт“, чија цел е доближување на суштинските ставови на значајни светски имиња во поглед на насоката во која допрва ќе се движи светот.

