Пријавете се на првата crowdfunding платформа за млади социјални претприемачи
„Млади претприемачи“ е новата crowdfunding платформа наменета за генерирање почетен капитал за реализација на социјални бизнис идеи на млади лица. Платформата ја работи Национален младински совет на Македонија (НМСМ), од каде појаснуваат дека платформата ќе понуди и можности за унапредување на услуги / производи на веќе постоечки социјални претпријатија кои се младински и/или вработуваат млади лица.
Платформата е отворена за користење за веќе постоечки социјални претпријатија, граѓански организации и млади индивидуи/тимови кои имаат идеја за сопствен бизнис, меѓутоа немаат почетен капитал кој може да го вложат за развој/oсновање или унапредување.
Ве охрабруваме сите кои имате идеи или познавате некој со идеја – да ја пополните кратката апликациска форма на веб страната и да почнете со прибирање на вашиот почетен капитал уште денес! Идејата треба да е концизна, прецизна, кратка и јасна, ваше е само да ја образложите накратко, а тимот на НМСМ ќе ја води промоцијата за прибирање на средства на секој регистриран корисник- велат од НМСМ.
Повеќе за начинот на користење на платформата и условите може да прочитате тука.
Во склоп на платформата е поставен и првиот регистар на социјални претпријатија во земјава, како и основна студија за социјалните претпријатија во земјава.