ZEN Инклузивно Soirée – за промоција на вредностите на заедништво и општествената инклузија
На 25 септември, на препознатливата тераса на Музејот на современата уметност во Скопје, Здружението Икуалити ќе ги прошири хоризонтите на скопската модна култура, промовирајќи високи вредности на општествена инклузија и отворено општество преку настанот ZEN Инклузивно soirée.
Настанот ZEN Инклузивно soirée има за цел да приреди уникатно искуство на 31 лице со попреченост преку креирање на адаптирана гардероба во која тие ќе продефилираат на модната ревија. Овој културен настан ќе биде надополнет со префинета музичка програма, кулинарско уживање и ексклузивна изложба на портрети на лицата со мисија, во кои ќе ужива публиката од модниот и културниот свет.
Инклузивното Soiréeе настан на кој главни актери ќе бидат лицата со уникатни способности, директно вклучени во процесот на моделирање и креирање на колекцијата на адаптирана гардероба изработена по индивудална мерка. Истата ќе биде подарена во целост по завршување на настанот на овие лица, кои гордо ќе прошетаат по модната писта и ќе имаат можност да ги артикулираат своите предизвици и способности, како и да ја промовираат потребата за нивно активно општествено вклучување и унапредување на квалитетот на животот.
Преку модната ревија, ќе биде промовиран и брендот ЗЕН, основан од страна на Здружението Икуалити со општествена мисија – да пружи поддршка на лицата со попреченост, да го трансформира дотерувањето од фрустрација во задоволство, да влијае на квалитетот на животот, самодовербата и подигнување на нивото на нивната животна независност.
Мисијата на Инклузивното Soirée е преку верба во повисока цел да креира ненадминлива позитивна енергија која ќе ги руши бариерите за најранливите и маргинализираните и да постави пример за почитување на меѓусебните различности, преку создавање на заедништво и креативни решенија кои водат кон поквалитетен живот.
За повеќе информации и детали околу настанот, заследете ги официјалните профили на Здружението Икуалити https://www.instagram.com/equality_org_ и Зен Футурус https://www.instagram.com/zen.futurus.