„Заминуваме…
Или ќе менуваме?“
Со ова прашање го отвораме новиот, 56-ти број на „Лице в лице“.
Во светот на природната козметика, сè повеќе луѓе се свртуваат кон чисти, екоповолни производи, кои не само што го негуваат нивното тело, туку и не ја нарушуваат животната рамнотежа на нашата планета.
Во Македонија, една таква трговска марка, која ги комбинира природата и науката, е „пура перла“.
ИНТЕРВЈУ СО МАРИЈА ЧУНДЕ
Во потрага по целосно природен, а притоа и ефикасен антиперспирант, и неможноста да го најдеме на нашиот пазар, почнав со потрага по некои рецепти за подготовка во домашни услови. И така некако почна целата приказна.
Дружењето со Горде и Анабела ни даде сосема нова перспектива за нивната работа и влијанието на самото списание.
Граѓаните можат – нова „Лице в лице“ дружба
Продавачките работат наутро и попладне, искористувајќи ги сончевите денови за да го донесат списанието пред што повеќе луѓе. За нив, ова не е само продажба, ова е можност да разговараат, да споделат корисни информации и да создадат вистински поврзаности со луѓето низ градот!
Расте бројот на лица што умираат како последица на болести на ендокриниот систем и болести на метаболизмот што, според научниците, во голема мера е поврзано со хемикалиите со кои сме во секојдневен контакт и кои ја нарушуваат функција на жлездите со внатрешно излачување.
Епидемија на хормонални нарушувања: како индустријата и стресот влијаат на нашето здравје?
Порастот на овие болести, според мислењето на научниците, е поврзан со стресот, но и со хемикалиите со кои сме во секојдневен контакт и кои ја нарушуваат функцијата на жлездите со внатрешно излачување.
Во земјава живеат вкупно 351.218 млади лица на возраст од 15 до 30 години, или 20 отсто од вкупната популација, покажува последниот попис. Според истражувањата на Фондацијата за демократија на Вестминистер, објавени 2024 година, 62 отсто од нив би ја напуштиле земјава ако им се укаже можност.
Колку млади ќе останат во земјава до следниот попис? Да останам или да заминам?
Лина, 22-годишна девојка што ги завршува своите студии по психологија, вели дека младите, како категорија, се занемарени и зависни од одлуките што се донесуваат во нивно име. Не затоа што така сакаат, туку затоа што државата нема волја да ги вклучи во општествените процеси.
Подгответе совршено меко и миризливо фокача лебче! Со комбинација на маслиново масло, рузмарин, шери домати и црни маслинки, ова италијанско печиво е вистинско гурманско уживање.
Сѐ што ти треба за совршена фокача
Замесете. Оставете да нарасне. Наредете ги состојките. Испечете на 250°C, на евтина струја :-).
Совршено за секој оброк!
Неодамна имаше фама со бизарен предизвик во училишта поради кој многу млади завршија со скршеници. А ова не е изолиран случај, само што другите случувања не добиле доволно внимание од медиумите. Токму поради неконтролираното време што се поминува на „Тикток“ и предизвикување насилство кај младите, Албанија ја забрани мрежата, што е тема за сосема поинаква дискусија.
Неретко некои од инфлуенсерите, блогерите, влогерите, јутуберите, тиктокерите, истаграмџиите намерно или ненамерно ги повредуваат чувствата на младите, ги нарушуваат нивната самоперцепција, самодоверба, создаваат искривена слика за реалноста… Па оттука, ние ќе го ставиме под лупа влијанието на социјалните мрежи врз младите. Колку младите загризуваат на ширење дезинформации на социјалните мрежи?
Креативни сте, ама тоа го знаат само вашите пријатели? Можеме и ние да бидеме ваши блиски, споделете ни #Лицевлице за вашите способности и нека дознае и нашата голема заедница.
Го купи новото „Лице в лице“?
Запознајте ги нашите микро претприемачи


Менторството како мост за промена
Лице в лице факти
Најнови написи
Приказни во движење
Откријте ги приказните што ја водат нашата мисија. Ги ловиме реалните искуства, предизвиците и триумфите на оние што прават разлика во нашата заедница.
Ставови на млади од Струмица
Слушнете тука како му поминува еден ден на младите во Македонија