Одговорна иднина

Пандемијата донесе загуба од работни часови еквивалентни на 120.000 ра-ботни места

Време на читање: 7 минути

На по­че­то­кот на кри­за­та, вла­ди­ни­те ре­стрик­ции и со­ци­јал­ни­те за­штит­ни мер­ки на ра­бот­но­то ме­сто вед­наш ја на­ма­ли­ја по­ну­да­та. Лу­ѓе­то не са­мо што ја на­ма­ли­ја по­тро­шу­вач­ка­та на одре­де­ни сто­ки и ус­лу­ги во те­кот на ка­ран­ти­нот, ту­ку, исто та­ка, за­гу­би­ја при­хо­ди и ја од­ло­жи­ја по­тро­шу­вач­ка­та на не­су­штин­ски про­из­во­ди и ус­лу­ги

Ко­га пан­де­ми­ја­та ја по­го­ди зем­ја­ва, вла­да­та, ра­бо­то­дав­ачи­те и син­ди­ка­ти­те, пре­ку Еко­ном­ско-со­ци­јал­ни­от со­вет, по­ба­раа од Ме­ѓу­на­род­на­та ор­га­ни­за­ци­ја на тру­дот (МОТ) да на­пра­ви про­це­на на вли­ја­ни­е­то на пан­де­ми­ја­та врз па­за­рот на труд, да да­де прег­лед на по­ли­ти­ка­та ка­ко од­го­вор на кри­за­та, ка­ко и пред­лог-ре­ше­ни­ја, до­де­ка зем­ја­та се оби­ду­ва да по­ми­не низ раз­лич­ни фа­зи од кри­за­та – за­тво­ра­ње, ре­а­кти­ви­ра­ње и за­креп­ну­ва­ње. Европ­ска­та бан­ка за об­но­ва и раз­вој (ЕБОР) се прик­лу­чи на на­по­ри­те на МОТ и во сре­ди­на­та на мај бе­ше об­ја­ве­но пр­во­то из­да­ние на из­ве­шта­јот „Ковид-19 и светот на работата: Брза процена на влијанијата врз работните места и политиката како одговор на кризата предизвикана од ковид-19“.
Ед­на од важ­ни­те ра­бо­ти што се истак­ну­ва во до­ку­мен­тот е пре­зе­ма­ње на ви­стин­ски­те мер­ки во ви­стин­ско вре­ме со цел да се по­стиг­не ма­кси­ма­лен ре­зул­тат од вло­жу­ва­ње­то. Во пер­и­од на мер­ки за изо­ла­ци­ја и за огра­ни­че­но дви­же­ње, се ста­ви ак­цент на за­чу­ву­ва­ње на ра­бот­ни­от од­нос и на одр­жу­ва­ње на ра­бот­ни­те ме­ста и при­хо­ди. Во фа­за­та на ре­а­кти­ва­ци­ја, зем­ја­та тре­ба да до­да­де до­пол­ни­тел­ни це­ли, вклу­чи­тел­но и под­го­то­вка на ра­бот­ни­те ме­ста за мож­но по­втор­но вра­ќа­ње на ви­ру­сот.

Исто­вре­ме­ни шо­ко­ви – и во по­ба­ру­вач­ка­та и во по­ну­да­та

Спро­ве­де­на­та ана­ли­за вклу­чу­ва по­ве­ќе ала­тки, ме­ѓу кои и ан­ке­та на по­ве­ќе од 300 прет­при­ја­ти­ја. Сло­же­но­ста на со­стој­ба­та ба­ра­ше по­ве­ќес­ло­ен при­стап за по­до­бро да се раз­бе­рат раз­лич­ни­те ас­пе­кти на кри­за­та.
Оваа кри­за е спе­ци­фич­на по­ра­ди исто­вре­ме­но­ста на шо­ко­ви­те и на стра­на­та на по­ба­ру­вач­ка­та и на по­ну­да­та. На по­че­то­кот, вла­ди­ни­те ре­стрик­ции и со­ци­јал­ни­те за­штит­ни мер­ки на ра­бот­но­то ме­сто вед­наш ја на­ма­ли­ја по­ну­да­та. Лу­ѓе­то не са­мо што ја на­ма­ли­ја по­тро­шу­вач­ка­та на одре­де­ни сто­ки и ус­лу­ги во те­кот на ка­ран­ти­нот, ту­ку, исто та­ка, за­гу­би­ја при­хо­ди и ја од­ло­жи­ја по­тро­шу­вач­ка­та на не­су­штин­ски про­из­во­ди и ус­лу­ги. Мар­тов­ски­те по­да­то­ци еви­ден­ти­ра­ат пад на тр­го­ви­ја на ма­ло за 4,6 про­цен­ти (во спо­ред­ба со прет­ход­на­та го­ди­на), во тр­го­ви­ја­та на ма­ло со не­пре­хран­бе­ни про­из­во­ди има пад од 12,7 про­цен­ти, до­де­ка тр­го­ви­ја­та на ма­ло со хра­на, пи­ја­ла­ци и со ту­тун бе­ле­жи по­раст од 3,5 про­цен­ти.
Кри­за­та ја по­ка­жа и спо­соб­но­ста на дел од ком­па­ни­и­те да се прис­по­со­бат на те­шка­та си­ту­а­ци­ја во ко­ја се нај­доа. Не­кои фар­ма­цев­тски ком­па­нии се оби­доа да би­дат во че­кор со окол­но­сти­те што се ме­ну­ваа и поч­наа да про­из­ве­ду­ва­ат средс­тва за де­зин­фек­ци­ја. Не­кои тек­стил­ни ком­па­нии се ори­ен­ти­раа кон про­из­водс­тво на ма­ски за ли­це, за­штит­на об­ле­ка и слич­ни про­из­во­ди, пред сѐ за здрав­стве­ни­от се­ктор, но и за дру­го­то на­се­ле­ние. Отка­ко без­бед­нос­ни­те мер­ки на изо­ла­ци­ја и на огра­ни­че­но дви­же­ње беа пов­ле­че­ни, зем­ја­ва поч­на да се дви­жи кон ре­а­кти­ви­ра­ње на сво­јот про­из­водс­твен ка­па­ци­тет, но по­тро­шу­вач­ка­та не се вра­ти на ни­во­а­та ка­ко пред кри­за­та.

Ран­ли­вост на ра­бот­ни ме­ста во одре­де­ни се­кто­ри

Наг­ло­то на­ма­лу­ва­ње на еко­ном­ска­та актив­ност ја на­ма­ли вра­бо­те­но­ста, во смис­ла на бро­јот на ра­бот­ни­те ме­ста и на збир­ни­те ра­бот­ни ча­со­ви. Еко­ном­ска­та актив­ност во це­ли се­кто­ри бе­ше се­ри­оз­но огра­ни­че­на, што до­ве­де до остро на­ма­лу­ва­ње на из­во­ри­те на при­ход за го­лем број прет­при­ја­ти­ја. Одре­де­ни ра­бот­ни ме­ста беа са­мо при­вре­ме­но скра­те­ни, до­де­ка дру­ги ќе би­дат из­гу­бе­ни за­се­ко­гаш. Из­ве­шта­јот да­ва одре­де­ни на­со­ки за ран­ли­во­ста на ра­бот­на­та си­ла во кон­крет­ни се­кто­ри и прет­при­ја­ти­ја из­ло­же­ни на ри­зик. Ту­ка ве­ро­јат­но­ста за гу­бе­ње на ра­бот­ни­те ме­ста, пред сѐ ри­зич­ни и не­о­држ­ли­ви, е нај­го­ле­ма. Зак­луч­но со 29 ју­ни 2020 го­ди­на, про­це­ни­те за зем­ја­ва ука­жу­ва­ат де­ка во вто­ро­то три­ме­сеч­је ра­бот­ни­те ча­со­ви се на­ма­ли­ле за 14,5 про­цен­ти. Ова ука­жу­ва де­ка во зем­ја­ва се за­гу­бе­ни ра­бот­ни ча­со­ви екви­ва­лент­ни на 120.000 ра­бот­ни ме­ста со полно ра­бот­но вре­ме, ако се има пред­вид 40-ча­сов­на ра­бот­на не­де­ла. Овој број не тре­ба да се сме­та за ре­ал­но за­гу­бе­ни ра­бот­ни ме­ста во те­кот на вто­ро­то три­ме­сеч­је имај­ќи пред­вид ка­ко вли­ја­е­ше кри­за­та врз ра­бот­ни­ци­те и прет­при­ја­ти­ја­та во зем­ја­ва и фа­ктот што мер­ки­те за за­др­жу­ва­ње на ра­бот­ни­те ме­ста беа нај­а­ве­ни и пре­зе­ме­ни во ра­на фа­за на пер­и­о­дот на за­тво­ра­ње и беа за­си­ле­ни по об­ја­ву­ва­ње­то на Из­ве­шта­јот на МОТ.
Скра­те­но­то ра­бот­но вре­ме и „вра­бо­те­но­ста без да се оди на ра­бо­та“ (на при­мер, ос­ло­бо­ду­ва­ње од ра­бо­та и ко­ри­сте­ње го­ди­шен од­мор) зна­чи­тел­но при­до­не­соа кон на­ма­лу­ва­ње­то на ра­бот­ни­те ча­со­ви во вто­ро­то три­ме­сеч­је. Ме­ѓу­тоа, про­дол­жу­ва­ње­то на си­ту­а­ци­ја­та мо­же да до­ве­де до не­вра­бо­те­ност и до не­а­ктив­ност на не­кои ли­ца. Ва­кви­те ва­ри­ја­ции во фа­кто­ри­те што при­до­не­су­ва­ат кон на­ма­лу­ва­ње на ра­бот­ни­те ча­со­ви упа­ту­ва на тоа де­ка стро­го­то фо­ку­си­ра­ње на не­вра­бо­те­но­ста не овоз­мо­жу­ва со­од­вет­на про­це­на на вли­ја­ни­е­то на пан­де­ми­ја­та врз па­за­рот на тру­дот во мо­мен­тов. МОТ ги со­ве­ту­ва кре­а­то­ри­те на по­ли­ти­ка вни­ма­тел­но да ги ана­ли­зи­ра­ат по­да­то­ци­те што им се на рас­по­ла­га­ње.

Фир­ми­те пр­во ги от­пу­шта­ат же­ни­те

Из­ве­шта­јот ја бе­ле­жи вкуп­на­та ран­ли­вост на ра­бот­на­та си­ла во 39 еко­ном­ски се­кто­ри, што прет­ста­ву­ва око­лу 92 про­цен­та од ра­бот­на­та си­ла. Де­вет се­кто­ри што се ек­стрем­но за­сег­на­ти од кри­за­та по­ка­жу­ва­ат зго­ле­ме­на ран­ли­вост: во нив 40.000 ра­бот­ни ме­ста се из­ло­же­ни на ди­ре­ктен ри­зик. Се­ктор­ска­та ана­ли­за по­ка­жу­ва де­ка кај уго­сти­тел­ски­те ус­лу­ги, тр­го­ви­ја­та на ма­ло, транс­пор­тот, ус­лу­ги­те за скла­ди­ра­ње, лич­ни­те ус­лу­ги, про­из­водс­тво­то на хра­на, гра­деж­ниш­тво­то и ус­лу­ги­те за одр­жу­ва­ње на згра­ди­те, има ком­би­на­ци­ја од ви­со­ка ран­ли­вост на ра­бот­ни­те ме­ста и од го­ле­мо вли­ја­ние на кри­за­та пре­диз­ви­ка­на од пан­де­ми­ја­та. Има по­ве­ќе од 26.000 са­мо­вра­бо­те­ни ли­ца и по­ве­ќе од 50.000 ми­кро­прет­при­ја­ти­ја во овие де­вет се­кто­ри. По­ве­ќе од 33.000 ра­бот­ни­ци има­ат до­го­вор на опре­де­ле­но вре­ме, а до­пол­ни­тел­ни 33.000 се не­фор­мал­ни ра­бот­ни­ци (ре­чи­си 26 про­цен­ти од вкуп­ни­от број не­фор­мал­но вра­бо­те­ни ли­ца во зем­ја­та). Же­ни­те се по­ве­ќе за­ста­пе­ни во де­вет­те се­кто­ри што се сил­но по­го­де­ни и се мно­гу ран­ли­ви, а по­себ­но во не­фор­мал­ни­те ус­луж­ни се­кто­ри и во тру­до­во­ин­тен­зив­ни­те про­из­водс­тве­ни се­кто­ри. На при­мер, 80 про­цен­ти од ра­бот­на­та си­ла во тек­стил­на­та ин­ду­стри­ја и во ин­ду­стри­ја­та за про­из­водс­тво на об­ле­ка се же­ни. Пре­ли­ми­нар­ни­те ин­ди­ка­ции од бла­ги­от по­раст на бро­јот на ба­ра­ња за на­до­мест во слу­чај на не­вра­бо­те­ност во те­кот на април се де­ка фир­ми­те пр­во ги от­пу­шта­ат же­ни­те, 90 про­цен­ти од но­ви­те ба­ра­ња, во спо­ред­ба со ја­ну­а­ри.

Од­го­вор на не­га­тив­ни­те пос­ле­ди­ци од ко­вид-19 врз ран­ли­ви­те ра­бот­ни­ци

Не­вра­бо­те­но­ста во зем­ја­ва, спо­ред до­се­гаш­ни­те по­да­то­ци на Аген­ци­ја­та за вра­бо­ту­ва­ње, не за­бе­ле­жа дра­сти­чен по­раст. Има по­ве­ќе при­чи­ни за овој мар­ги­на­лен по­раст. За­тоа е важ­но да се раз­бе­ре што стои зад ин­ди­ка­то­ри­те за па­за­рот на тру­дот и што точ­но ме­ри­ме. Во из­ве­шта­јот се истак­ну­ва де­ка, од по­че­то­кот на кри­за­та, вла­да­та и со­ци­јал­ни­те парт­не­ри во зем­ји со сил­ни ин­сти­ту­ции на па­за­рот на тру­дот има­ат три глав­ни на­чи­ни за за­шти­та на ра­бот­ни­те ме­ста и на при­хо­ди­те на ра­бот­ни­ци­те. Пр­ви­от сет ин­тер­вен­ции се ше­ми­те за за­др­жу­ва­ње на ра­бот­ни­те ме­ста, чи­ја­што цел е за­чу­ву­ва­ње на вра­бо­те­но­ста до­де­ка прет­при­ја­ти­ја­та ми­ну­ва­ат низ кри­за­та.  Исто та­ка, се ко­ри­стат ше­ми за при­вре­ме­на под­др­шка на при­хо­ди­те за ра­бот­ни­ци што не се ква­ли­фи­ку­ва­ат за мер­ки­те за за­др­жу­ва­ње на вра­бо­те­но­ста (са­мо­вра­бо­те­ни­те и се­зон­ски­те ра­бот­ни­ци, ра­бот­ни­ци со не­ти­пич­ни фор­ми на ра­бо­та). Вто­ри­от сет ин­тер­вен­ции е про­ши­ру­ва­ње на под­др­шка­та на ра­бот­ни­ци што ќе ги за­гу­бат сво­и­те ра­бот­ни ме­ста по­ра­ди еко­ном­ско­то за­ба­ву­ва­ње, со при­вре­ме­но ре­ла­кси­ра­ње на кри­те­ри­у­ми­те за ква­ли­фи­ку­ва­ност за на­до­мест во слу­чај на не­вра­бо­те­ност. Тре­ти­от сет ин­тер­вен­ции е про­ши­ру­ва­ње на ала­тки­те за со­ци­јал­на за­шти­та, (со­ци­јал­на по­мош, ми­ни­ма­лен га­ран­ти­ран при­ход) за ли­ца и за до­ма­ќинс­тва што не се ква­ли­фи­ку­ва­ат за мер­ки­те за за­др­жу­ва­ње на ра­бот­ни­те ме­ста и за за­шти­та во слу­чај на не­вра­бо­те­ност.

Вла­да­та на­вре­ме до­не­се ни­за при­вре­ме­ни мер­ки за спре­чу­ва­ње и за уб­ла­жу­ва­ње на не­га­тив­ни­те еко­ном­ски и со­ци­јал­ни пос­ле­ди­ци од оваа кри­за. Фо­ку­сот бе­ше ста­вен на за­др­жу­ва­ње на вра­бо­те­но­ста, пре­ку под­др­шка на прет­при­ја­ти­ја­та да ја за­др­жат ра­бот­на­та си­ла, ме­сто да ги от­пу­шта­ат ра­бот­ни­ци­те. Ре­зул­та­ти­те од ан­ке­та­та за прет­при­ја­ти­ја спро­ве­де­на од ор­га­ни­за­ци­и­те на ра­бо­то­дав­ци во зем­ја­ва го по­твр­ди­ја овој тренд – по­мал­ку од 10 про­цен­ти от­пу­штен пер­со­нал за вре­ме на без­бед­нос­ни­те мер­ки на изо­ла­ци­ја и на огра­ни­че­но дви­же­ње. Во след­ни­те фа­зи од кри­за­та, мож­но е да се за­бе­ле­жи по­раст на не­вра­бо­те­но­ста, осо­бе­но ре­ги­стри­ра­на­та не­вра­бо­те­ност, ка­ко и по­раст на не­до­вол­на ра­бот­на ан­га­жи­ра­ност, не­си­гур­на ра­бо­та и обес­хра­бру­ва­ње. Овие ин­ди­ка­то­ри ќе има­ат зна­чај­на уло­га во на­со­чу­ва­ње на од­лу­ки­те за по­ли­ти­ка во вто­ра­та по­ло­ви­на од оваа го­ди­на, ка­ко и во 2021 го­ди­на.
Ка­ко ди­ре­ктен ре­зул­тат на пре­по­ра­ки­те пред­ло­же­ни од МОТ, вла­да­та до­не­се уред­ба со ко­ја се про­ши­ри оп­фа­тот на ше­ма­та за па­ри­чен на­до­мест во слу­чај на не­вра­бо­те­ност на си­те ра­бот­ни­ци што има­ле пре­кин на ра­бо­тен од­нос во пер­и­о­дот од 11 март до 30 април. Со оваа мер­ка се оп­фа­ти­ја си­те ра­бот­ни­ци во вре­ме­тра­е­ње од два ме­се­ца од де­нот на пре­кин на нив­ни­от до­го­вор.  Ова е че­кор кон пра­вил­на на­со­ка за од­го­вор на не­га­тив­ни­те пос­ле­ди­ци од кри­за­та врз ран­ли­ви­те ра­бот­ни­ци, имај­ќи пред­вид де­ка оваа уред­ба ре­зул­ти­ра­ше со по­ве­ќе од 3.800 ба­ра­ња за па­ри­чен на­до­мест во слу­чај на не­вра­бо­те­ност.

Ин­ве­сти­ра­ње во ра­бот­ни ме­ста за мла­ди­те е сти­му­ла­ти­вен па­кет

Во из­ве­шта­јот се истак­ну­ва важ­но­ста од про­дол­жу­ва­ње на под­др­шка­та, па ду­ри и про­ши­ру­ва­ње на мер­ки­те за вра­бо­ту­ва­ње на мла­ди­те. Ин­ве­сти­ра­ње­то во ра­бот­ни ме­ста за мла­ди­те би мо­же­ла да има по­зи­ти­вен ефект на одр­жу­ва­ње на вкуп­на­та по­ба­ру­вач­ка во бли­ска ид­ни­на. Во ус­ло­ви на ко­вид-19, ка­ко по­тро­шу­ва­чи, мла­ди­те се по­мал­ку огра­ни­че­ни од здрав­стве­ни проб­ле­ми во спо­ред­ба со по­во­зрас­ни­те ра­бот­ни­ци, кои ќе се воз­др­жат од по­тро­шу­вач­ка со ви­со­ко ни­во на кон­та­кти (па­ту­ва­ња, ре­сто­ра­ни), а ве­ро­јат­но и од вло­жу­ва­ње во нед­ви­жен имот и во трај­ни про­из­во­ди. Со ин­ве­сти­ции во одр­жу­ва­ње на ра­бот­ни­те ме­ста и на при­хо­ди­те на мла­ди­те лу­ѓе би се под­др­жа­ле прет­при­ја­ти­ја­та во нив­ни­те оби­ди за за­креп­ну­ва­ње во вре­ме ко­га по­тро­шу­вач­ка­та на сто­ка и на ус­лу­ги од по­во­зрас­ни­те ра­бот­ни­ци не е до­вол­на за да се прид­ви­жи и одр­жи вкуп­на­та по­ба­ру­вач­ка.  Ин­ве­сти­ра­ње­то во ра­бот­ни ме­ста за мла­ди­те лу­ѓе, во крај­на ли­ни­ја, е сти­му­ла­ти­вен па­кет.

Пан­де­ми­ја­та ги на­ма­ли­ла при­хо­ди­те на 43 от­сто од ми­кро­прет­при­ја­ти­ја­та 

Спо­ред ан­ке­та­та на прет­при­ја­ти­ја­та, пан­де­ми­ја­та има­ла се­ри­оз­но вли­ја­ние врз 82 про­цен­ти од прет­при­ја­ти­ја­та. По­го­лем број (43 про­цен­ти) при­ја­ви­ле на­ма­лу­ва­ње на при­хо­ди­те од 50 про­цен­ти или по­ве­ќе, а 11 про­цен­ти при­вре­ме­но ги за­тво­ри­ле прет­при­ја­ти­ја­та. Ми­кро­прет­при­ја­ти­ја­та се најм­но­гу по­го­де­ни од кри­за­та, и 50 про­цен­ти при­ја­ви­ле де­ка нив­ни­те при­хо­ди се пре­по­ло­ви­ле, до­де­ка 19 про­цен­ти ги за­тво­ри­ле сво­и­те прет­при­ја­ти­ја. Ре­чи­си 50 про­цен­ти од ис­пи­та­ни­ци­те из­ја­ви­ле де­ка нив­но­то прет­при­ја­тие не би мо­же­ло да пре­жи­вее до тре­то­то три­ме­сеч­је без зна­чи­тел­ни про­ме­ни на си­ту­а­ци­ја­та. По­мал­ку од по­ло­ви­на (47 про­цен­ти) од ан­ке­ти­ра­ни­те прет­при­ја­ти­ја има­ат при­стап до фи­нан­си­ска под­др­шка што ќе им по­мог­не да за­креп­нат. По­го­ле­ми­те прет­при­ја­ти­ја по­ка­жу­ва­ат по­го­ле­ма от­пор­ност: иа­ко 48 про­цен­ти од нив при­ја­ви­ле пад на при­хо­ди­те по­го­лем од 50 про­цен­ти, 78 про­цен­ти из­ја­ви­ле де­ка тие би мо­же­ле да има­ат при­стап до сопс­тве­ни фи­нан­си­ски средс­тва или над­во­реш­на фи­нан­си­ска под­др­шка во те­кот на прет­стој­ни­те ме­се­ци.

(Автори на тек­стот:
Даниела Ѕампини, Специјалист за вработување, Ме­ѓу­на­род­на­ ор­га­ни­за­ци­ја на тру­дот, МОТ
Наташа Мечкароска Симјаноска, координатор на проектот на МОТ Зајакнување на социјалниот дијалог)

Напишете коментар