Актуелно

МЕД: Годинава девет египетски мршојадци се испилија во Македонија и заминаа за Африка

Време на читање: 2 минути

На вкуп­но 14 те­ри­то­рии со 13 актив­ни двој­ки еги­пет­ски мр­шо­јад­ци оваа го­ди­на се ис­пи­ли­ја и про­ле­таа де­вет мла­ден­чи­ња, со­оп­шти­ја од Ма­ке­дон­ско­то еко­ло­шко друш­тво (МЕД).

Тие ме­се­цов се впу­шти­ја во ми­гра­ци­ја дол­га 5.000 ки­ло­ме­три, ќе ле­та­ат ре­чи­си цел ме­сец и се­којд­нев­но ќе по­ми­ну­ва­ат по око­лу 500 км со бр­зи­на од ду­ри 80 км на час. За ва­кви­от под­виг се под­го­тву­ва­ат од де­нот на сне­су­ва­ње т.е. по­мал­ку од пет ме­се­ци.

Трич­лен тим на МЕД од април до сеп­тем­ври ги сле­де­ше еги­пет­ски­те мр­шо­јад­ци низ Ма­ке­до­ни­ја.

– Нив­на­та те­рен­ска ра­бо­та е не­пред­вид­ли­ва, на­пор­на, ни­ко­гаш не е здо­дев­на и мо­же да трае по­ве­ќе од 12 ча­са на ден на бле­ска­во сон­це. Ед­на од при­чи­ни­те по­ра­ди кои овие не­ве­ро­јат­ни пти­ци сѐ уште жи­ве­ат кај нас е ток­му не­при­стап­нио­т кар­пе­ст те­ре­н на кој се гнез­дат. Кол­ку што теренот им по­ма­га на еги­пет­ски­те мр­шо­јад­ци да не би­дат воз­не­ми­ру­ва­ни од лу­ѓе, тол­ку им отеж­ну­ва­ на на­ши­те ор­ни­то­ло­зи да го сле­дат нив­ни­от про­цес на разм­но­жу­ва­ње – ве­лат од МЕД.

Ре­чи­си е не­воз­мож­но да се наб­љу­ду­ва до­вол­но де­тал­но жи­во­тот на овие пти­ци без ло­кал­на под­др­шка. По­ра­ди ова, тие ра­бо­тат и на еду­ка­ци­ја на ло­кал­но­то на­се­ле­ние, кое ќе би­де ан­га­жи­ра­но ка­ко мре­жа на чу­ва­ри на гнез­да.
Отка­ко ка­њи­те (ло­кал­но име за еги­пет­ски мр­шо­јад­ци) ќе до­ле­та­ат во Ма­ке­до­ни­ја, тие ги сле­дат да­ли ќе ги за­зе­мат ста­ри­те те­ри­то­рии на гнез­де­ње, да­ли ќе фор­ми­ра­ат гнез­до, кол­ку јај­ца сне­ле и кол­ку пи­ли­ња ќе се ис­пи­лат од нив и по­тоа че­ка­ат кол­ку од нив ќе пре­жи­ве­ат за да про­ле­та­ат и за­ми­нат на ми­гра­ци­ја.

– Нај­го­ле­ма ра­дост е по си­те ме­се­ци наб­љу­ду­ва­ње ко­га ќе за­бе­ле­жи­ме де­ка мла­до­то за­ста­на­ло на ра­бот од гнез­до­то и се под­го­тву­ва за по­ле­ту­ва­ње – ве­ли Не­над Пе­тров­ски, ра­ко­во­ди­телот на истра­жу­ва­ња­та за еги­пет­ски­от мр­шо­ја­дец.

Ед­на од нај­го­ле­ми­те за­ка­ни за овие гло­бал­но за­гро­зе­ни пти­ци е тру­е­ње­то, по­со­чу­ва­ат од МЕД.

– На­ши­от тим се оби­ду­ва овој проб­лем да го ре­ши на по­ве­ќе на­чи­ни – од по­се­ту­ва­ње на ло­кал­ни­те зем­јо­дел­ски ап­те­ки и еду­ка­ци­ја на пер­со­на­лот, пре­ку ан­ке­ти и истра­жу­ва­ња за со­стој­ба­та до со­ра­бо­тка со служ­би­те на др­жа­ва­та, кои про­фе­си­о­нал­но се за­ни­ма­ва­ат со оваа проб­ле­ма­ти­ка. Се­пак, глав­на­та актив­ност е со­ра­бо­тка­та со ло­кал­но­то на­се­ле­ние и раз­би­ра­ње на нив­на­та мо­ти­ва­ци­ја за ко­ри­сте­ње отро­ви и из­на­о­ѓа­ње на­чи­ни тоа да се уки­не – наг­ла­су­ва­ат од друш­тво­то.

Напишете коментар