Аплицирајте за Наградата за младинско учество
Отворен е повикот за Наградата за младинско учество, која го препознава и валоризира трудот на младите при адресирање различни општествени прашања. Наградата се доделува во три категори. Заинтересирани можат да поднесат номинација со пополнување на формуларите на линковите подолу, согласно категоријата:
Индивидуална категорија за млади (на возраст 15-29 години)
Категорија на неформални групи на млади (од најмалку 3 членови)
Категорија на младински организации, организации за млади и чадор организации
Рокот за поднесување на номинации е до 7 јули 2022, 23:59 ч.
Наградата за младинско учество препознава иницијативи на млади, неформални групи на млади и младински организации, организации за млади и чадор младински организации кои покажуваат: јасна визија за подобрување на заедницата кои се системски и одржливи во решавањето на приоритетните општествени прашања; исклучителна креативност, иновативност и лидерство во дефинирањето и решавањето на општествени прашања; и носат мерливи резултати во подобрувањето на заедницата или благосостојбата на општеството преку активностите на номинираниот.
Наградата ја доделуваат Агенцијата за млади и спорт (АМС) во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).
Целосниот повик за Наградата за младинско учество и постапката за поднесување номинации во целиот повик, се достапни на следните линкови на македонски и на албански јазик.