Лице в лице тема

Европа учи како да учи место што да учи!

Ви­со­ки­те ре­зул­та­ти на те­сти­ра­ња­та спо­ред ПИСА, вло­жу­ва­ње­то во но­ва пра­кти­ка и ве­шти­ни, но и со­од­вет­ни­те ре­фор­ми во учи­ли­шта­та соз­да­ва­ат сли­ка за одрж­лив и ква­ли­те­тен обра­зо­вен си­стем, пре­поз­на­ен од Ор­га­ни­за­ци­ја­та за еко­ном­ска со­ра­бо­тка и раз­вој (OECD) и од Свет­ски­от еко­ном­ски фо­рум.
Со ин­тен­ци­ја да по­со­чи­ме на кон­цеп­ти што да­ва­ат ре­зул­та­ти, од­во­ју­ва­ме дел од др­жа­ви­те од Евро­па што се ви­со­ко на ли­сти­те на овие пре­стиж­ни ор­га­ни­за­ции, прет­ста­ву­вај­ќи го нив­ни­от обра­зо­вен си­стем.

ФИНСКА: Под­др­шка на рас­тот на уче­ни­ци­те кон ху­ма­но и етич­ки од­го­вор­но гра­ѓанс­тво

За фин­ски­от обра­зо­вен си­стем по­сто­ја­но се кре­ва вре­ва. И со пра­во. Се сме­та де­ка Фин­ска има еден од нај­до­бри­те си­сте­ми во све­тот. Ру­тин­ски ги пре­скок­на САД, Бри­та­ни­ја и Ја­по­ни­ја во про­се­кот на те­сти­ра­ње­то спо­ред ПИСА по чи­та­ње, на­у­ка и ма­те­ма­ти­ка. По­сто­ја­но е на вр­вот, но пра­шај­те не­ко­го што е од­лич­но во учи­ли­шта­та во Фин­ска и ќе до­би­е­те три ос­нов­ни ра­бо­ти.

„Има­ат по­кра­тки учи­лиш­ни де­но­ви. Не пра­ват стан­дар­ди­зи­ра­ни те­сто­ви. Си­те мо­ра да би­дат па­мет­ни за­тоа што фин­ски­от ја­зик е ‘кош­мар’. Иа­ко си­те овие фа­кти се ви­сти­на, освен пос­лед­ни­от, фин­ски­от обра­зо­вен си­стем функ­ци­о­ни­ра би­деј­ќи це­ла­та стру­кту­ра се вр­ти око­лу не­кол­ку прин­ци­пи. Пр­во и нај­важ­но – ед­на­кви­от при­стап до обра­зо­ва­ние е устав­но пра­во. Друг ва­жен прин­цип е де­ка се­кој тре­ба да го из­бе­ре сво­јот еду­ка­ти­вен пат, кој ни­ко­гаш не тре­ба да до­ве­де до ќор-со­как“, об­ја­ви Ке­вин Ди­кин­сон од Свет­ски­от еко­ном­ски фо­рум.

Пр­во, за­мис­ле­те де­ка сте ро­ди­тел во Фин­ска, ка­де ­што до­би­ва­те по­ро­дил­но отсус­тво спон­зо­ри­ра­но од др­жа­ва­та и грант за мај­чинс­тво. По­тоа до­а­ѓа след­ни­от че­кор. Ако са­ка­те по­ра­но да ја поч­не­те еду­ка­ци­ја­та на ва­ше­то де­те, фин­ски­от си­стем ну­ди Екс­пан­зив­на про­гра­ма за ра­но дет­ско обра­зо­ва­ние и гри­жа (ECEC).

„Про­гра­ма­та усво­ју­ва мо­дел ‘уче­ње пре­ку игра’ за да про­мо­ви­ра ‘рам­но­ме­рен раст’“, ​​се ве­ли на веб-стра­ни­ца­та на Фин­ска­та на­ци­о­нал­на аген­ци­ја за обра­зо­ва­ние.

Ко­га ва­ше­то де­те ќе на­вр­ши се­дум го­ди­ни, вре­ме е за ос­нов­но обра­зо­ва­ние. Фин­ска ну­ди еду­ка­тив­но обра­зо­ва­ние низ де­вет го­ди­ни, 190 де­на го­диш­но. Ка­ко и со ECEC, кре­а­то­ри­те на по­ли­ти­ка оста­ва­ат про­стор за ло­кал­ни­те учи­лиш­ни ад­ми­ни­стра­то­ри и на­став­ни­ци да ја ре­ви­ди­ра­ат на­став­на­та про­гра­ма за да ги за­до­во­лат по­тре­би­те на нив­но­то уни­кат­но уче­нич­ко те­ло.

„Иде­о­ло­ги­ја­та е да упра­ву­ва­ме пре­ку ин­фор­ма­ции, под­др­шка и фи­нан­си­ра­ње“, пи­шу­ва аген­ци­ја­та, ко­ја по­ста­ву­ва ос­нов­ни ба­ра­ња за на­став­ни­те про­гра­ми. На­ве­де­на­та цел за ос­нов­но обра­зо­ва­ние е „да го под­др­жат рас­тот на уче­ни­ци­те кон ху­ма­но и етич­ки од­го­вор­но­то гра­ѓанс­тво, да им обез­бе­дат зна­е­ње и ве­шти­ни по­треб­ни во жи­во­тот“.
Ва­ква­та ши­ро­чи­на одре­ду­ва ка­кви те­сто­ви тре­ба да се да­дат, ка­ко да се оце­нат на­пре­до­кот и по­тре­би­те на уче­ни­ци­те, па ду­ри и мож­но­ста да се по­ста­ват дне­вен и не­де­лен вре­мен­ски рас­по­ред.

Фин­ска е поз­на­та и по тоа што си­те уче­ни­ци, без ог­лед на спо­соб­но­сти­те, учат во исти од­де­ле­ни­ја. Ка­ко ре­зул­тат на тоа, ја­зот ме­ѓу нај­сил­ни­те и најс­ла­би­те сту­ден­ти е нај­мал во све­тот. Фин­ски­те учи­ли­шта, исто та­ка, за­да­ва­ат ре­ла­тив­но мал­ку до­маш­ни за­да­чи и има­ат са­мо еден за­дол­жи­те­лен тест на 16 го­ди­ни. Обро­ци­те во учи­ли­шта­та се бесп­лат­ни. Во 2016 го­ди­на бе­ше об­ја­вен ку­ри­ку­лум на­со­чен за уче­ни­ци­те „ка­ко да учат“ме­сто „што да учат“, по­ма­гај­ќи им да раз­ви­јат раз­ни ком­пе­тен­ции. По­ве­ќе­то про­фе­со­ри се ма­ги­стран­ди, а на­став­ни­ци­те во ос­нов­но учи­ли­ште се об­вр­за­ни да има­ат та­кво зва­ње. Осум­де­сет про­цен­ти од на­став­ни­ци­те учес­тву­ва­ат и во кон­ти­ну­и­ран про­фе­си­о­на­лен раз­вој. До­вер­ба­та кон нив е на ви­со­ко ни­во, па ро­ди­те­ли­те зна­ат де­ка де­ца­та им се во си­гур­ни ра­це.

До­де­ка во Ма­ке­до­ни­ја ме­ди­ум­ска­та пис­ме­ност е „заг­ла­ве­на“ ме­ѓу нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции и не­фор­мал­но­то обра­зо­ва­ние, а по­и­мот „ме­ди­ум­ска пис­ме­ност“ ни­ту ед­наш не се спо­ме­ну­ва во Стра­те­ги­ја­та за обра­зо­ва­ние 2018-2025 го­ди­на, фин­ска­та вла­да го сме­та обра­зов­ни­от си­стем за глав­но оруж­је про­тив де­зин­фор­ма­ци­и­те. Фин­ска­та аген­ци­ја „Факт­бар“ адап­ти­ра­ше про­фе­си­о­нал­ни ме­то­ди за про­вер­ка на фа­кти во учи­ли­шта­та сме­тај­ќи де­ка клу­чот е ана­ли­тич­ко и кри­тич­ко раз­мис­лу­ва­ње за мла­ди­те.

И по­крај тоа што не е за­дол­жи­тел­но, 90 про­цен­ти од фин­ски­те уче­ни­ци поч­ну­ва­ат сред­но обра­зо­ва­ние вед­наш по ос­нов­но­то. Дру­ги­те 10 про­цен­ти мо­жат да из­бе­рат да се вра­тат на сво­е­то обра­зо­ва­ние по­доц­на, без тро­шок. Сред­но­то ни­во е по­де­ле­но на два глав­ни па­те­ки – оп­шти и струч­ни, и две­те тра­ат око­лу три го­ди­ни. Оп­што­то обра­зо­ва­ние има фор­ма на курс, но уче­ни­ци­те има­ат сло­бо­да да до­не­су­ва­ат од­лу­ки за сво­јот рас­по­ред на сту­дии. Струч­но­то обра­зо­ва­ние е по­ве­ќе фо­ку­си­ра­но на ра­бо­та­та и вклу­чу­ва ста­жи­ра­ње, ка­ко и уче­ње во учи­ли­ште. Око­лу 40 про­цен­ти од уче­ни­ци­те поч­ну­ва­ат струч­но обра­зо­ва­ние по ос­нов­но­то. Оваа па­те­ка за­вр­шу­ва со ква­ли­фи­ка­ции зас­но­ва­ни на ком­пе­тен­ции, отка­ко сту­ден­тот ќе за­вр­ши ин­ди­ви­ду­а­лен план за сту­дии.

Ком­пе­тен­ци­и­те, ква­ли­те­тот и не­по­сто­е­ње­то ко­руп­ци­ја во обра­зо­ва­ни­е­то овоз­мо­жу­ва одрж­ли­вост, но и ме­ри­то­кра­ти­ја – си­стем на упра­ву­ва­ње ка­де што об­вр­ски­те во др­жа­ва­та се до­де­ле­ни врз ос­но­ва на зас­лу­ги по ком­пе­ти­тив­ност и спо­соб­ност.

ХОЛАНДИЈА:  Нај­среќ­ни уче­ни­ци во све­тот!

Хо­лан­ди­ја е зем­ја поз­на­та по ви­со­ко­ква­ли­тет­но обра­зо­ва­ние, а и по то­ле­ран­ци­ја­та, ла­ли­ња­та и ве­тер­ни­ци­те. Ја зна­е­ме и ка­ко единс­тве­на зем­ја во све­тот со по­ве­ќе ве­ло­си­пе­ди, откол­ку лу­ѓе – 19 нас­про­ти 17 ми­ли­о­ни. Ова мо­же да се гле­да и низ приз­ма на обра­зо­вен ас­пект, ако се знае де­ка во­зе­ње­то ве­ло­си­пед поч­ну­ва од ма­ли но­зе, па Хо­лан­ди­ја по­ста­ву­ва свои стан­дар­ди ко­га се во пра­ша­ње де­ца­та, ве­ло­си­пе­ди­те и одрж­ли­ва­та мо­бил­ност, но и одрж­ли­во­то жи­ве­е­ње во­оп­што.

За раз­ли­ка од Ма­ке­до­ни­ја, ка­де што здру­же­ни­е­то „Еко­ло­гик“ пре­ку про­е­ктот „Ве­ло­у­чи­ли­шта“ се оби­ду­ва ве­ло­си­пе­диз­мот да го доб­ли­жи до фор­мал­но­то обра­зо­ва­ние, да би­дат вмет­на­ти ве­ло­сек­ции и да ста­не дел од пра­кти­ка­та на на­став­ни­ци­те, во Хо­лан­ди­ја кам­па­њи­те за ве­ло­си­пе­ди­зам ги пра­ви и ло­кал­на­та власт. И тоа ток­му од ос­нов­но­то обра­зо­ва­ние, ко­га се ани­ми­ра­ат и уче­ни­ци­те, и нив­ни­те ро­ди­те­ли. Ве­ло­ин­фра­стру­кту­ра­та е ин­те­гри­ра­на со учи­лиш­ни­те транс­порт­ни те­ко­ви, со цел ве­ло­си­пе­дот да ста­не се­којд­не­вие за уче­ни­ци­те во ос­нов­но­то обра­зо­ва­ние и со тоа и дел од обра­зов­ни­от про­цес.

Се­пак, Хо­лан­ди­ја по­сто­ја­но во­ди бор­ба со сопс­тве­ни­те по­ста­ве­ни стан­дар­ди. Ор­га­ни­за­ци­ја­та за без­бед­ност во со­о­бра­ќа­јот (VVN) наг­ла­си де­ка од 2016 до 2018 го­ди­на око­лу 200.000 де­ца од ос­нов­но учи­ли­ште по­ла­га­ле те­о­рет­ски тест за ве­ло­си­пе­ди­зам.

„Око­лу 90 про­цен­ти од ос­нов­ни­те учи­ли­шта се вклу­че­ни во те­о­рет­ски­те те­сто­ви, но са­мо 80 про­цен­ти из­вр­шу­ва­ат пра­ктич­ни ис­пи­ти, што е пре­мал­ку“, ре­а­ги­ра­ше VVN.

Ге­не­рал­но за обра­зов­ни­от си­стем, УНИЦЕФ во свој из­ве­штај ве­ќе наг­ла­си де­ка де­ца­та од Хо­лан­ди­ја се нај­среќ­ни во све­тот“. Учи­ли­шта­та не за­да­ва­ат мно­гу до­маш­ни за­да­чи сѐ до сред­но учи­ли­ште, па уче­ни­ци­те при­ја­ву­ва­ат мал при­ти­сок и стрес. Учи­ли­шта­та се по­де­ле­ни ме­ѓу вер­ски и „не­у­трал­ни“, со мал број при­ват­ни учи­ли­шта.

Хо­ланд­ска­та ска­ла за оцен­ки се дви­жи од 1 (мно­гу сла­ба) до 10 (из­во­нред­на). Во ос­нов­но и во сред­но, уче­ни­ци­те се оце­ну­ва­ни на го­диш­но ни­во од тим на­став­ни­ци што утвр­ду­ва­ат да­ли на­пре­ду­ва­ле до­вол­но за да пре­ми­нат во след­но од­де­ле­ние. На на­да­ре­ни­те де­ца им се да­ва мож­ност да пре­скок­нат це­ла го­ди­на, но ова се слу­чу­ва ре­тко и обич­но е пра­кти­ка за ос­нов­ни­те учи­ли­шта.

За Хо­лан­ди­ја е интересно што од 1985 го­ди­на гра­дин­ки­те, прет­ход­но ка­ко по­себ­ни ин­сти­ту­ции, се спо­и­ја со ос­нов­ни­те учи­ли­шта. Де­ца­та поч­ну­ва­ат да одат во учи­ли­ште од че­ти­ри­го­диш­на во­зраст, а ко­га ќе стиг­нат до „ос­ма­та гру­па“, Цен­трал­ни­от ин­сти­тут за раз­вој на те­сто­ви  (CITO) овоз­мо­жу­ва те­сто­ви ди­зај­ни­ра­ни за да го пре­по­ра­ча­ат сред­но­то обра­зо­ва­ние што нај­до­бро од­го­ва­ра за уче­ни­кот. Та­ка, уче­ни­ци­те не­ма да се из­гу­бат во не­поз­на­ти про­фе­си­о­нал­ни во­ди.

Хо­лан­ди­ја во 2009 го­ди­на бе­ше на 10. ме­сто во све­тот (2. во Евро­па) на ПИСА, но во 2018 го­ди­на пад­на на 26. ме­сто во све­тот, а е 15. на ли­ста­та на ста­ри­от кон­ти­нент. Се­пак, таа сè уште се вбро­ју­ва ме­ѓу др­жа­ви­те со ква­ли­тет­но обра­зо­ва­ние, гле­да­но по раз­лич­ни ас­пе­кти од обра­зов­ни­от про­цес. Спо­ред Ор­га­ни­за­ци­ја­та за еко­ном­ска со­ра­бо­тка и раз­вој (OECD), оваа зем­ја е пр­ва во Евро­па и че­твр­та во све­тот на Гло­бал­ни­от ин­декс на кон­ку­рент­ност, ка­де што се зе­ме­ни кри­те­ри­у­ми по­вр­за­ни со еко­но­ми­ја, ин­сти­ту­ции, одрж­ли­вост, обра­зо­ва­ние, ино­ва­ции… 

ИРСКА: Сла­ве­ње на уни­кат­но­ста на де­те­то

За раз­ли­ка од Фин­ска, на при­мер, ка­де што де­ца­та во ос­нов­но обра­зо­ва­ние, обич­но, вле­гу­ва­ат на пе­тго­диш­на во­зраст, во Ир­ска тоа нај­че­сто слу­чу­ва на 7 го­ди­ни.

Во оваа зем­ја од 1999 го­ди­на е адап­ти­ран на­ци­о­на­лен ку­ри­ку­лум за ос­нов­но обра­зо­ва­ние, вклу­чен во си­те учи­ли­шта. До­ку­мен­тот е под­го­твен од На­ци­о­нал­ни­от со­вет за на­став­на про­гра­ма и про­це­на и се оби­ду­ва да ја прос­ла­ви уни­кат­но­ста на де­те­то.

„…Тој е ди­зај­ни­ран да го не­гу­ва де­те­то во си­те ди­мен­зии на не­го­ви­от или неј­зи­ни­от жи­вот – ду­хов­но, мо­рал­но, ког­ни­тив­но, емо­тив­но, има­ги­на­тив­но, естет­ско, со­ци­јал­но и фи­зич­ко…“, стои во ба­за­та со по­да­то­ци К12Academics.

Ре­чи­си си­те ос­нов­ни учи­ли­шта фи­нан­си­ра­ни од др­жа­ва­та, 97 про­цен­ти, се под ка­па­та на цр­ква­та.

По­сто­јат раз­лич­ни ти­по­ви по­стос­нов­ни учи­ли­шта во ир­ски­от обра­зо­вен си­стем, кои им ну­дат из­бор на ро­ди­те­ли­те. Од­нос­но, до­бро­вол­ни сред­ни учи­ли­шта, учи­ли­шта во за­ед­ни­ца­та и се­оп­фат­ни учи­ли­шта. Сред­но­школ­ци­те вле­гу­ва­ат во вто­ри­от сте­пен на обра­зо­ва­ние на 12-го­диш­на во­зраст и до­би­ва­ат ју­ни­ор­ски сер­ти­фи­кат по три го­ди­ни.

Свет­ски еко­ном­ски фо­рум ве­ќе наг­ла­си де­ка „по­ве­ќе­то ир­ски сред­ни учи­ли­шта се во при­ват­на сопс­тве­ност и упра­ву­ва­ње, но фи­нан­си­ра­ни од др­жа­ва­та“. Не­о­дам­неш­ни из­ве­штаи по­ка­жу­ва­ат де­ка тро­ше­ње­то на Ир­ска за обра­зо­ва­ни­е­то опад­на за 15 про­цен­ти за вре­ме на фи­нан­си­ска­та кри­за, што ука­жу­ва на тоа де­ка неј­зи­ни­от обра­зо­вен си­стем мо­же да ос­лаб­не во ид­ни­на.

Но, на­стра­на ид­ни­на­та и пе­си­миз­мот, се­га Ир­ска е во вр­вот по те­сти­ра­ње­то спо­ред ПИСА. Тоа зна­чи де­ка обра­зо­ва­ни­е­то, на свој на­чин и со свои ус­ло­ви, функ­ци­о­ни­ра.

ЕСТОНИЈА: Учи­ли­шта­та сло­бод­ни са­ми да диз­ја­ни­ра­ат план за про­ме­на и за на­пре­док

Есто­ни­ја од 2012 го­ди­на до 2018 го­ди­на сѐ по­ве­ќе ја по­до­бру­ва сво­ја­та по­зи­ци­ја ви­со­ко на ли­сти­те на ПИСА. Ова е из­во­нред­но до­стиг­ну­ва­ње за зем­ја што се здо­би со не­за­вис­ност во 1992 го­ди­на. От­то­гаш, естон­ска­та еко­но­ми­ја по­рас­на ре­чи­си де­сет па­ти, со до­бро раз­ви­ен се­ктор за ин­фор­ма­тич­ка тех­но­ло­ги­ја, ко­ја е од клуч­но зна­че­ње за тој по­раст. Дел од оваа стра­те­ги­ја за по­раст бе­ше раз­вој на обра­зо­вен си­стем за пот­тик­ну­ва­ње ви­со­ка тех­но­ло­ги­ја, ве­шти­ни и пла­та.

„Естон­ски­те обра­зов­ни ка­ра­кте­ри­сти­ки се дол­жат и на пра­вич­но­ста во од­нос на со­ци­јал­на­та кла­са“, пи­шу­ва На­ци­о­нал­ни­от цен­тар за еду­ка­ци­ја и еко­но­ми­ја (NCEE).  

Им­пре­сив­на­та и ста­бил­на об­но­ва на естон­ски­от обра­зо­вен си­стем по не­за­вис­но­ста од Со­вет­ски­от Со­јуз се слу­чи во три глав­ни об­ла­сти: раз­вој на но­ва на­ци­о­нал­на на­став­на про­гра­ма прис­по­со­бе­на на по­тре­би­те на но­ва­та еко­но­ми­ја, об­но­ву­ва­ње на обу­ка­та на на­став­ни­ци­те за да се фо­ку­си­ра­ат на ино­ва­тив­на пра­кти­ка, мен­торс­тво на на­став­ни­ци и ма­ги­стер­ски дип­ло­ми за си­те на­став­ни­ци; и над­град­ба на ста­ту­сот на струч­но­то обра­зо­ва­ние и обу­ка.

Од 1998 го­ди­на до 2015 го­ди­на, стра­те­ги­ски­от пра­вец на Есто­ни­ја кон на­ци­ја­та бе­ше на­со­чен кон соз­да­ва­ње ин­фор­ма­тич­ко оп­штес­тво. Ка­ко дел од таа стра­те­ги­ја, про­е­ктот „Ти­гар­ски скок“ (Tiger leap project), поч­нат во 1998 го­ди­на, вос­по­ста­ви про­гра­ма за комп­ју­тер­ски на­у­ки за си­те сред­ни учи­ли­шта.

„От­то­гаш ова се про­ши­ри на си­те уче­ни­ци од си­те од­де­ле­ни­ја, со ак­цент не са­мо на про­гра­ми­ра­ње, ту­ку и на ве­шти­ни за ре­ша­ва­ње проб­ле­ми и ло­гич­но раз­мис­лу­ва­ње“, до­пол­ну­ва NCEE.

Есто­ни­ја усвои и раз­ви но­ва на­ци­о­нал­на на­став­на про­гра­ма поч­ну­вај­ќи од учеб­на­та 1997-98 го­ди­на. Се фо­ку­си­ра­ше на тра­ди­ци­о­нал­ни­те ака­дем­ски те­ми, ка­ко и ве­шти­ни за са­мо­у­пра­ву­ва­ње, уче­ње ка­ко да се учи, ко­му­ни­ка­ции, но и прет­при­е­маш­тво. На учи­ли­шта­та им е до­ве­ре­но и ди­зај­ни­ра­ње и спро­ве­ду­ва­ње сопс­твен план за про­ме­на и за по­до­бру­ва­ње на обра­зо­ва­ни­е­то за да се зе­мат пред­вид по­тре­би­те на ло­кал­но­то по­драч­је, учи­лиш­ни­от пер­со­нал, ро­ди­те­ли­те, уче­ни­ци­те и ре­сур­си­те на учи­ли­ште­то.

ПОЛСКА:  Фле­кси­бил­ност во прис­по­со­бу­ва­ње­то на на­став­на­та про­гра­ма

Искус­тво­то на Пол­ска во пос­лед­ни­те три де­це­нии да­ва европ­ски при­мер за дра­ма­тич­ни обра­зов­ни про­ме­ни. Во ра­ни­те де­ве­де­сет­ти го­ди­ни, по­ве­ќе од 60 про­цен­ти од во­зрас­ни­те што жи­ве­е­ја во ру­рал­ни об­ла­сти во Пол­ска имаа са­мо ос­нов­но обра­зо­ва­ние. Се­га Пол­ска е ме­ѓу нај­до­бри­те из­ве­ду­ва­чи во про­це­ни­те на те­сти­ра­ње­то спо­ред ПИСА.

Ре­фор­ми­те во 1999 го­ди­на ја уки­наа стру­кту­ра­та на осум­го­диш­но­то ос­нов­но учи­ли­ште што по­сто­е­ше за вре­ме на ко­му­низ­мот. Спо­ред тој си­стем, ос­нов­но­то учи­ли­ште во­де­ше до ис­пит на 14-го­диш­на во­зраст што одре­ду­вал да­ли уче­ни­кот ќе вле­зе во ака­дем­ско или во струч­но сред­но учи­ли­ште.
Но­ва­та стру­кту­ра вос­по­ста­ве­на во 1999 го­ди­на вклу­чу­ва шес­тго­диш­но ос­нов­но учи­ли­ште и три­го­диш­но сред­но учи­ли­ште, со што се про­ши­ри за­ед­нич­ко­то шко­лу­ва­ње за ед­на го­ди­на за си­те уче­ни­ци.

Со стру­ктур­ни­те ре­фор­ми, се за­си­ли­ја ака­дем­ски­те ба­ра­ња на тех­нич­ки­те и струч­ни сред­ни учи­ли­шта. Но­ва­та на­став­на про­гра­ма пред­ви­ду­ва рам­ки што им овоз­мо­жу­ва­ат на учи­ли­шта­та и на на­став­ни­ци­те мож­ност да ја прис­по­со­бат на­став­на­та про­гра­ма за сво­и­те уче­ни­ци.

Напишете коментар