Лице в лице тема

Гимнастика на умот преку интернет – паралелен универзум за развој на секое дете

Ра­сте­ме и обра­зу­ва­ме де­ца што тре­ба да ја по­ми­нат ини­ци­ја­ци­ја­та кон џе­даи – тие што се гри­жат за до­бро­то на све­тот и на са­пи­ен­сот, на­ши­те ид­ни Лук Скај­во­кер, Оби-Ван Ке­но­би, Mејс Вин­ду, па зо­што да не и ма­стер Јо­да, или, пак, ги под­го­тву­ва­ме за др­жав­на ад­ми­ни­стра­ци­ја или, мо­же­би, „не дај­фор­се“, да оти­дат на тем­на­та стра­на и да ста­нат Дарт Веде­р, Сторм­тру­пе­р…

Да се те­сти­ра­ме. Во иде­ал­ни­от обра­зо­вен кон­текст, што се крие зад прив­леч­ни­те ди­ги­тал­ни ала­тки и тех­но­ло­ги­ја?
а. Раз­вој на но­ви ве­шти­ни, кои ќе ни по­мог­нат да ги ре­ша­ва­ме пре­диз­ви­ци­те
б. Мож­ност да на­у­чи­ме ка­ко да ги изра­зу­ва­ме на­ши­те идеи на нов на­чин
в. Уче­ње да би­де­ме актив­ни гра­ѓа­ни, кои на све­тот гле­да­ат со отво­рен ум и отво­ре­но ср­це

Не тре­ба да си џе­дај за да сфа­тиш де­ка „си­те три од­го­во­ри се точ­ни“. Џе­дај си ко­га ќе зна­еш де­ка се точ­ни, но и ко­га ќе си до­пи­шеш свои од­го­во­ри и ќе при­до­не­сеш за по­до­бар свет.

Ма­стер Јо­да ве­ли: „Мо­ра да оду­чиш сè што си на­у­чил“, не со на­ме­ра да ни по­со­чи да ста­не­ме „та­бу­ла рас­а“, ту­ку, да гле­да­ме на перс­пе­кти­ва­та не­оп­то­ва­ре­ни од стра­вот за не­ус­пех. Ова не е са­мо ас­пект што го оп­фа­ќа по­пу­лар­на­та кул­ту­ра, пре­ку кул­тот што ни­за ге­не­ра­ции го има­ат кон „Вој­на на ѕвез­ди­те“, ту­ку древ­на му­дрост, ко­ја ус­пе­а­ла да го нај­де „ја­зи­кот“ со кој ќе се раз­бе­ре со но­ви­те ге­не­ра­ции. Не­ка е са­мо во фор­ма…

Илустрација: Зоран Индески

Уче­ње­то е про­цес, кој, до­кол­ку по­ми­не на за­ба­вен и воз­буд­лив на­чин, а не со те­жи­на и со здо­дев­ност, но­си ус­пех. Еден од пре­диз­ви­ци­те на обра­зов­ни­от си­стем се­га е ка­ко да ево­лу­и­ра­ат ку­ри­ку­лу­ми­те на де­неш­ни­на­та за да ја до­стиг­нат ре­ал­но­ста од ид­ни­на­та.

Ге­не­ра­ци­ја­та Z е пр­ва­та што е рас­те­на со комп­лет­но до­ста­пен ин­тер­нет, неа ѝ се бли­ски ди­ги­тал­ни­те уре­ди, ло­ги­ка­та и функ­ци­о­ни­ра­ње­то на све­тот пре­ку ин­тер­нет. Му­дри­те ре­ше­ни­ја, кои ги слу­ша­ат овие но­ви ге­не­ра­ции, по­сто­јат и око­лу нас. Ино­ва­тив­ни, про­фе­си­о­нал­ни, гра­срут, ори­ги­нал­ни, сти­хиј­ни, не­фор­мал­ни, сил­ни, по­чет­нич­ки…. Има­ат мно­гу епи­те­ти, ре­ла­тив­но се но­ви, но ве­ќе ре­зул­ти­ра­ат ка­ко од­го­вор на тоа што не­до­сти­га во обра­зов­ни­от си­стем. Важ­ни се и по­ра­ди тоа што ну­дат ре­ше­ние, кое, не са­мо што е са­мо по се­бе до­бро, ту­ку и за­што до­а­ѓа од гра­ѓан­ско­то во нас (ги соз­да­ва­ат про­фе­со­ри, умет­ни­ци, пи­са­те­ли, бан­ка­ри, ста­ти­сти­ча­ри, ро­ди­те­ли, те­тки, вуј­ков­ци….) и до­ка­жу­ва де­ка се­кој од нас „што го бо­ли ра­на­та на обра­зо­ва­ни­е­то“, мо­же да да­де со­од­ве­тен од­го­вор.

„На­у­ка за де­ца“ – ин­те­рак­ци­ја што ја веж­ба кри­тич­ка­та мис­ла

Илустрација: Зоран Индески

Дра­га­на и Ни­ко­ла Сти­ко­ви ја поч­наа ини­ци­ја­ти­ва­та „На­у­ка за де­ца“ (NZD.mk) со жел­ба да про­мо­ви­ра­ат на­уч­на кул­ту­ра и мен­тал­на фи­скул­ту­ра кај најм­ла­ди­те. NZD.mk обе­ди­ну­ва де­се­ти­на на­уч­ни­ци и на­став­ни­ци, кои соз­да­ва­ат ин­те­ра­ктив­ни лек­ции што ја на­до­пол­ну­ва­ат на­ста­ва­та во учи­ли­шта­та. На тој на­чин, ја доб­ли­жу­ва­ат на­у­ка­та до мла­да­та по­пу­ла­ци­ја по­со­чу­вај­ќи кол­ку таа мо­же да би­де за­бав­на, до­стап­на, ин­те­рес­на и бли­ска, до­кол­ку не се пре­да­ва ста­ро­мод­но.

– Пре­диз­ви­кот е да се убе­ди јав­но­ста де­ка кри­тич­ко­то раз­мис­лу­ва­ње поч­ну­ва од нај­ма­ли но­зе. Во ос­нов­но­то обра­зо­ва­ние при­род­ни­те на­у­ки (би­о­ло­ги­ја, хе­ми­ја, фи­зи­ка, ма­те­ма­ти­ка) се учат ка­ко збир на фа­кти, а не ка­ко на­чин на раз­мис­лу­ва­ње. Но во обра­зо­ва­ни­е­то, ка­ко и во на­у­ка­та, нај­важ­на е кри­тич­ка­та мис­ла, а не ме­мо­ри­ра­ње­то. Ако ние ги на­у­чи­ме де­ца­та да по­ста­ву­ва­ат пра­ша­ња и да изв­ле­ку­ва­ат зак­лу­чо­ци, то­гаш ко­га ќе по­рас­нат ќе има­ат моќ­ни ала­тки за прис­по­со­бу­ва­ње во све­тот, а, мо­же­би, и за не­го­во по­до­бру­ва­ње. Не за џа­бе рек­ле ста­ри­те, „се учи те­ле, а не вол“ – се нас­мев­ну­ва Ни­ко­ла.

Ти­мот ре­ши да дејс­тву­ва ток­му ко­га ви­ру­сот ко­ро­на си­те нè за­тво­ри до­ма: „Ро­ди­те­ли­те ме­ѓу нас сфа­ти­ја де­ка де­ца­та има­ат огра­ни­че­но ко­ли­чес­тво вни­ма­ние во си­ту­а­ци­ја ко­га не се за­ед­но со сво­и­те учи­те­ли и со­у­че­ни­ци. На­став­ни­ци­те ме­ѓу нас беа свес­ни де­ка си­сте­мот не е соз­да­ден да под­др­жи обра­зо­ва­ние на да­ле­чи­на и де­ка на­став­ни­те со­др­жи­ни тре­ба да се прис­по­со­бат на но­во­то вре­ме. На­уч­ни­ци­те ме­ѓу нас ви­доа шан­са да про­мо­ви­ра­ат на­уч­на пис­ме­ност ме­ѓу најм­ла­ди­те ко­ри­стеј­ќи ги ре­сур­си­те што ни се пред очи“, пи­шу­ва ти­мот ини­ци­ја­то­ри, на веб-сајтот на платформата, ка­де што се по­ста­ве­ни со­др­жи­ни што по­ви­ку­ва­ат на ин­те­ра­ктив­ност и кои се ин­те­рес­ни и из­вод­ли­ви и во до­маш­ни ус­ло­ви.

– „На­у­ка за де­ца“ е спој на на­ша­та ка­ри­е­ра, јас ра­бо­там со де­ца, а Ни­ко­ла е на­уч­ник. Пред пан­де­ми­ја­та одр­жу­вав ра­бо­тил­ни­ци за де­ца во Фран­цу­ски­от ин­сти­тут. Ед­на од ра­бо­тил­ни­ци­те бе­ше по­све­те­на на маг­не­ти и бе­ше изра­бо­те­на во со­ра­бо­тка со Ни­ко­ла. На два де­на пред да се одр­жи ра­бо­тил­ни­ца­та поч­на изо­ла­ци­ја­та и то­гаш ја пре­поз­нав­ме по­тре­ба­та во нај­брз мо­жен рок да се соз­да­дат лек­ции на ин­тер­нет што ќе ја на­до­пол­ну­ва­ат на­став­на­та про­гра­ма во ос­но­ви­те учи­ли­шта. Се по­вр­зав­ме со не­кол­ку дра­ги ко­ле­ги и при­ја­те­ли, на­став­ни­ци и на­уч­ни­ци, и ја соз­да­дов­ме „На­у­ка за де­ца“. Де­нес е јас­но де­ка оваа кри­за ќе по­трае и де­ка тоа што го поч­нав­ме во март ќе има ефект врз мно­гу ге­не­ра­ции уче­ни­ци – рас­ка­жу­ва Дра­га­на за иде­ја­та и за клуч­ни­от мо­мент ко­га ре­ша­ва­ат да ја ос­но­ва­ат пла­тфор­ма­та.

На­у­ка­та нè учи да ja раз­ли­ку­ва­ме хи­по­те­за­та од шпе­ку­ла­ци­ја­та, фа­ктот од ма­ни­пу­ла­ци­ја­та

На­уч­на­та пис­ме­ност е важ­на за де­ца­та по­ра­ди по­тре­ба­та да не се зе­ма­ат ра­бо­ти­те здра­во за го­то­во. Не е до­вол­но да се сом­не­ваш, тоа мо­же да го на­пра­ви се­кој тре­ток­ла­сен те­о­ре­ти­чар на за­го­вор. По­треб­но е сом­не­жот да мо­жеш да го пре­то­чиш во из­др­жан екс­пе­ри­мент, кој ќе ти по­ка­же да­ли си во пра­во или не. Во вре­ме во кое це­ло­то свет­ско зна­е­ње (и нез­на­е­ње) ни се на длан­ка, нај­важ­но е да мо­же­ме да ja раз­ли­ку­ва­ме хи­по­те­за­та од шпе­ку­ла­ци­ја­та, фа­ктот од ма­ни­пу­ла­ци­ја­та, сиг­на­лот од шу­мот.

Илустрација: Зоран Индески

Ги пра­шу­ва­ме на­ши­те со­го­вор­ни­ци зо­што мно­гу се збо­ру­ва за прис­по­со­бу­ва­ње на на­став­ни­те со­др­жи­ни на но­во­то вре­ме, а мал­ку се ра­бо­ти во пра­кти­ка.

–  Че­сто из­го­во­рот го ба­ра­ме во не­ма­ње­то ре­сур­си, но мно­гу по­бо­га­ти др­жа­ви се со­о­чу­ва­ат со исти­от проб­лем. Не е сè во па­ри­те, има не­што и во сна­од­ли­во­ста. На ин­тер­нет по­сто­јат без­број бесп­лат­ни ре­сур­си што мо­жат лес­но да се прис­по­со­бат на на­став­на­та про­гра­ма. Проб­ле­мот е во тоа да се нај­де не­кој што ќе са­ка да ги прис­по­со­би тие со­др­жи­ни, без да раз­мис­лу­ва за про­фит. Ра­бо­ти­ме со на­став­ни­ци и со на­уч­ни­ци што ве­ру­ва­ат во сло­бо­да на ин­фор­ма­ци­и­те. Ти­мот е мал, ама по­сто­ја­но рас­те – ве­ли Дра­га­на.

Ни­ко­ла се на­до­вр­зу­ва со след­ни­те че­ко­ри за пер­и­о­дот што сле­ду­ва:

– Ме­се­цов ќе го до­че­ка­ме со по ед­на ви­де­о­со­др­жи­на не­дел­но за се­кој од пред­ме­ти­те од при­род­ни на­у­ки што се изу­чу­ва­ат во ос­нов­но­то обра­зо­ва­ние. Се­кој на­став­ник ќе мо­же да ја пре­зе­ме со­др­жи­на­та и да си за­ште­ди вре­ме об­јас­ну­вај­ќи го кон­цеп­тот пред­ви­ден во на­став­на­та про­гра­ма.

По­јас­ну­ва де­ка за да го доз­на­ат ова си­те на­став­ни­ци, уче­ни­ци и ро­ди­те­ли, „На­у­ка за де­ца“ поч­ну­ва хе­ксаф­ле­кса­гон­ска кам­па­ња, а чи­та­те­ли­те на „Ли­це в ли­це“, ве­ќе мо­жат да про­ве­рат што е хе­ксаф­ле­кса­гон и са­ми­те да изра­бо­тат, со по­мош на еле­мен­ти­те до­стап­ни на пос­лед­на­та стра­ни­ца на спи­са­ни­е­то.

– Хе­ксаф­ле­кса­го­ни­те ќе го оз­на­чат по­че­то­кот на нат­пре­вар во кој уче­ни­ци­те ќе се охра­брат да по­ста­ву­ва­ат пра­ша­ња, а нај­о­ри­ги­нал­ни­те  и нај­кре­а­тив­ни­те ќе зас­лу­жат и на­гра­да– до­пол­ну­ва Ни­ко­ла.

„Џет­ Мајндс“ – ин­ди­ви­ду­а­лен и за­ба­вен пристап кон учењето

Пла­тфор­ма­та на ин­тер­нет на ко­ја се­кое де­те мо­же да го до­бие искус­тво­то што би го има­ло на при­ва­тен час, по се­кој пред­мет од учи­ли­ште, на мај­чин ја­зик и по офи­ци­јал­на­та учи­лиш­на про­гра­ма, е тоа што го ну­ди „Џет­мајндс“ (JetMinds). Лан­си­ра­на во де­кем­ври 2019 го­ди­на, до­се­га опс­лу­жи­ла 20.000 уче­ни­ци од 250 учи­ли­шта во зем­ја­ва. Еден од ос­но­ва­чи­те, Сте­фан Јо­ва­нов­ски, рас­ка­жу­ва де­ка иде­ја­та дош­ла при­род­но – и са­ми­от ко­ри­стел пла­тфор­ми ка­ко „Coursera“ и „edX“ за вре­ме на пост­дип­лом­ски­те сту­дии по ста­ти­сти­ка во Скоп­је.

– Иа­ко сту­ди­рав на УКИМ, пре­ку ин­тер­нет бeв во тек со нај­но­ви­те тех­но­ло­гии пре­ку пре­да­ва­ња од не­кои од нај­до­бри­те уни­вер­зи­те­ти во све­тот ка­ко „Стен­форд“, МИТ, „Хар­вард“… Ве­шти­ни­те што ги здо­бив, пред сè, на овие пла­тфор­ми, а не на ре­дов­ни­те сту­дии, ми овоз­мо­жи­ја по­на­та­му да ра­бо­там ка­ко Data Scientist во цен­тра­ла­та на „Со­си­е­те же­не­рал“ во Па­риз – ве­ли Јо­ва­нов­ски по­јас­ну­вај­ќи де­ка ста­ну­ва збор за 2014 го­ди­на.

Не­кол­ку го­ди­ни по­доц­на, со дру­ги­те ос­но­ва­чи раз­го­ва­ра­ле за тоа ка­ко по­тфр­ла обра­зов­ни­от си­стем, а ро­ди­те­ли­те се при­си­ле­ни да пла­ќа­ат при­ват­ни ча­со­ви до­кол­ку са­ка­ат ре­зул­та­ти кај де­ца­та. До­да­ва де­ка „JetMinds“ се фо­ку­си­ра на еден проб­лем на на­ши­от обра­зо­вен си­стем – ка­ко да го си­му­ли­ра­ме искус­тво­то што би го имал уче­ник на при­ва­тен час со до­бар ту­тор пре­ку тех­но­ло­ги­ја. По­со­чу­ва на сту­ди­ја­та „Блу­мов 2-Сиг­ма проб­лем“, ко­ја ука­жу­ва де­ка уче­ник што по­се­ту­ва при­ва­тен час по­стиг­ну­ва 90 про­цен­ти по­до­бри ре­зул­та­ти од уче­ни­ци­те што по­се­ту­ва­ат стан­дард­но пре­да­ва­ње:

– Про­фе­со­рот пре­да­ва за уче­ник со сред­но ни­во на поз­на­ва­ње. Уче­ни­ци­те што има­ат мал­ку поз­на­ва­ња, лес­но се гу­бат во лек­ци­ја­та, а на нај­до­бри­те уче­ни­ци таа им е здо­дев­на. Ин­ди­ви­ду­ал­ни­от ту­тор мо­же да го про­це­ни ни­во­то на зна­е­ње на уче­ни­кот не­по­сред­но, па та­ка и да го прис­по­со­би пре­да­ва­ње­то. Ка­ко оп­штес­тво ве­ќе одам­на зна­е­ме што е по­треб­но за да по­стиг­не­ме дра­стич­но по­до­бри ре­зул­та­ти во обра­зо­ва­ни­е­то. Но, су­штин­ски­от проб­лем е ка­ко да обез­бе­ди­ме до­бар при­ва­тен ту­тор за се­кое де­те, по се­кој пред­мет на на­чин на кој ќе би­де фи­нан­си­ски ре­а­лен – ве­ли тој.

Та­ка, про­наш­ле мо­дел што е ска­ла­би­лен со по­мош на тех­но­ло­ги­ја.

– Тоа е за­ед­нич­ка те­ма на про­гре­сот во се­ко­ја ин­ду­стри­ја. Ре­ше­ни­е­то на транс­порт­на­та ин­ду­стри­ја не би­ло по­брз коњ пред еден век, ту­ку но­ви тех­но­ло­гии во фор­ма на во­зо­ви / авто­мо­би­ли / ави­о­ни. Не мо­же­ме да обез­бе­ди­ме при­ва­тен ту­тор за се­кое де­те, но мо­же­ме да ко­ри­сти­ме тех­но­ло­гии ка­ко ве­штач­ка ин­те­ли­ген­ци­ја, кои ќе го си­му­ли­ра­ат искус­тво­то на ва­кво­то уче­ње – об­јас­ну­ва Јо­ва­нов­ски до­да­вај­ќи де­ка, на овој на­чин, тие се на до­бар пат да го ре­шат проб­ле­мот.

Ма­те­ри­ја­та ја изра­бо­ти­ле врв­ни про­фе­со­ри од зем­ја­ва, а до­де­ка уче­ни­ци­те ја ко­ри­стат „JetMinds“, во зад­ни­на си­сте­мот ги за­бе­ле­жу­ва си­те актив­но­сти на ко­рис­ни­кот во фор­ма на по­да­то­ци:

– Мо­де­лот ба­зи­ран на ма­шин­ско уче­ње е по­ста­вен на тој на­чин да пре­поз­нае ка­де се ја­ву­ва одре­ден про­пуст во зна­е­ње­то, од­нос­но да де­тер­ми­ни­ра на кое ни­во на зна­е­ње се на­о­ѓа да­де­ни­от ко­рис­ник. Слич­но ка­ко што го пра­ви тоа и еден при­ва­тен ту­тор. На при­мер, до­кол­ку ко­рис­ни­кот ре­ши 100-ти­на за­да­чи од ал­ге­бра и од ге­о­ме­три­ја, ве­штач­ка­та ин­те­ли­ген­ци­ја се оби­ду­ва да утвр­ди ко­ја е при­чи­на­та за гре­шки­те што ги пра­ви уче­ни­кот. Да­ли се ра­бо­ти за не­поз­на­ва­ње на те­ков­на­та те­ма, или, пак, за за­ед­нич­ки бе­лег, кој не е су­штин­ски по­вр­зан со ко­ја би­ло од две­те те­ми што се учат, ту­ку е не­по­вр­за­на ра­бо­та, ка­ко на при­мер не­поз­на­ва­ње на ре­дос­ле­дот на опе­ра­ци­и­те. Си­сте­мот ќе пре­по­ра­ча уче­ни­кот да ја усо­вр­ши таа те­ма. На овој на­чин ќе се по­пол­ни дуп­ка­та во зна­е­ње­то пред да се пре­ми­не кон по­комп­лекс­ни те­ми ка­де што нез­на­е­ње­то екс­по­нен­ци­о­нал­но ќе рас­те – об­јас­ну­ва Јо­ва­нов­ски.
Тој до­да­ва де­ка не пра­ват ком­про­мис ме­ѓу кван­ти­тет и ква­ли­тет во еду­ка­тив­ни­те ма­те­ри­ја­ли.

– Пла­тфор­ма­та е ба­зи­ра­на на freemium мо­де­лот – лек­ци­и­те се бесп­лат­ни за­се­ко­гаш, до­де­ка со ме­сеч­на претп­ла­та ко­рис­ни­ци­те мо­жат да при­ста­пат и до си­те дру­ги функ­ци­о­нал­но­сти на сај­тот – ве­ли Јо­ва­нов­ски по­со­чу­вај­ќи де­ка ре­ги­стра­ци­ја­та е бесп­лат­на, а ко­рис­ни­ци­те мо­жат да ви­дат да­ли ќе им би­де ко­рис­на или не. 

Де­ца­та со за­до­волс­тво вле­гу­ва­ат во све­тот на „Чуд­на шу­ма“

Се­ко­гаш ко­га се збо­ру­ва за не­до­стиг од со­др­жи­ни за де­ца, стиг­ну­ва­ме до ви­зу­е­лен ма­те­ри­јал, кој оп­фа­ќа кни­жев­ност и ви­зу­ел­на умет­ност, па та­ка, „Чуд­на шу­ма“ на­пра­ви цел еден свет со со­др­жи­ни што се до­стап­ни бесп­лат­но на ин­тер­нет. Фор­ма­тот е е-спи­са­ние, кое се фо­ку­си­ра на ли­те­ра­ту­ра за де­ца соз­да­де­на од до­маш­ни авто­ри и илу­стра­то­ри, со еду­ка­тив­ни со­др­жи­ни за по­чет­но чи­та­ње, уче­ње пр­ви збо­ро­ви. Бил­ја­на Цр­вен­ков­ска, ос­но­вач­ка на „Чуд­на шу­ма“, и са­ма­та автор­ка на ли­те­ра­ту­ра за де­ца, рас­ка­жу­ва де­ка по­че­то­кот бил сти­хи­ен и, по­ра­ди пан­де­ми­ја­та, поч­на­ле по­ра­но од пла­ни­ра­но­то.

Фото: Срна Галевски

– Нè об­зе­де еу­фо­ри­ја и са­кав­ме да им да­де­ме на де­ца­та колку што е мож­но по­ве­ќе, а имав­ме и пре­крас­ни ре­ак­ции од нив и од ро­ди­те­ли­те. Ни бе­ше важ­но да има и пес­ни и рас­ка­зи и бај­ки, раз­лич­ни жа­нро­ви и раз­ли­чен тип тек­сто­ви за раз­лич­на во­зраст. Поч­нав­ме не­кол­ку­ми­на авто­ри: Ван­чо По­ла­за­рев­ски, Ана Го­леј­шка – Џи­ко­ва, Пе­тар Ан­до­нов­ски и јас, за по­доц­на да се прик­лу­чат и мно­гу дру­ги – Вла­ди­мир Лу­каш, Ру­ме­на Бу­жа­ров­ска, Вла­ди­мир Мар­ти­нов­ски, Ка­ли­на Ма­ле­ска, Ни­ко­ли­на Ан­до­ва – Шо­по­ва, Ли­ди­ја Дим­ков­ска и дру­ги, ка­ко и на­ши од­лич­ни, та­лен­ти­ра­ни илу­стра­то­ри и умет­ни­ци… за да се соз­да­де еден пре­кра­сен бран „ка­ран­тин­ска“ кни­жев­ност за де­ца – ве­ли Цр­вен­ков­ска.

Таа по­јас­ну­ва де­ка со ова се по­пол­ну­ва еден сег­мент што не­до­сти­га во на­ше­то обра­зо­ва­ние – кни­жев­ни­те со­др­жи­ни на ма­ке­дон­ски ја­зик, не­гу­ва­ње­то на ја­зи­кот и пот­тик­ну­ва­ње на де­ца­та да чи­та­ат.

– На­стра­на од тоа, до­стап­ни сме на ин­тер­нет, на ме­ди­ум што им е поб­ли­зок на де­ца­та. Бесп­лат­ни сме, се­ко­гаш до­стап­ни, во кое би­ло вре­ме од де­нот, на еден клик од нив. За­бав­ни сме, ша­ре­ни, раз­и­гра­ни. Не ве­ру­вам де­ка мо­же­ме да го по­пол­ни­ме се­то тоа што на де­ца­та им не­до­сти­га во обра­зов­ни­от си­стем и ги од­би­ва од учи­ли­ште­то, но си­гур­ни сме де­ка во еден мал сег­мент, го по­стиг­ну­ва­ме тоа што учи­ли­ште­то одам­на за­бо­ра­ви­ло ка­ко да го пра­ви – ве­ли таа.

Ква­ли­те­тот се поз­на­ва и приз­на­ва, ве­ли на­ша­та со­го­вор­нич­ка:

– Вле­гов­ме ду­ри и во из­бор­но че­ти­во на ед­но ос­нов­но учи­ли­ште во Скоп­је. Освен тоа, по­и­на­кви сме. Тек­сто­ви­те во на­ше­то спи­са­ние се по­и­на­кви од тие во учеб­ни­ци­те и за­дол­жи­тел­ни­те ле­кти­ри. Све­жи се, но­ви, мо­дер­ни… пи­шу­ва­ме за ра­бо­ти што ги ин­те­ре­си­ра­ат и до­пи­ра­ат де­неш­ни­те де­ца. На­ши­те илу­стра­то­ри има­ат по­и­на­ков, свеж, ве­сел и мо­де­рен израз, што е вто­ра­та клуч­на точ­ка, на стра­на од тек­стот. Има­ме и ау­ди­ок­ни­шки, ау­ди­о­вер­зии од не­кои од на­ши­те пес­ни и при­каз­ни. Има­ме и ани­ма­ции, са­ка­ме да има­ме и по­ве­ќе, но за тоа ни тре­ба­ат и средс­тва. Се на­де­ва­ме де­ка и не­кој друг, освен чи­та­те­ли­те, ќе го пре­поз­нае на­ши­от на­пор и ква­ли­тет и ќе ни из­ле­зе во пре­срет да ја на­пра­ви­ме „Чуд­на шу­ма“ уште по­у­ба­ва – ве­ли Цр­вен­ков­ска.
Ме­се­цов, „Чуд­на шу­ма“ вле­гу­ва и со по­до­брен кон­цепт, но­ви и по­раз­но­вид­ни со­др­жи­ни, нов ди­зајн на веб-стра­ни­ца­та, авто­ри од ре­ги­о­нот и по­ши­ро­ко…

– Искус­тво­то што го има­ме од прет­ход­но (јас сум автор и дол­го­го­ди­шен уред­ник во из­да­вач­ки ку­ќи и спи­са­ни­ја, а мо­јот парт­нер се за­ни­ма­ва со фо­то­гра­фи­ја и ди­зајн), ни по­ма­га да соз­да­де­ме ква­ли­тет­ни и ви­зу­ел­но прив­леч­ни со­др­жи­ни за де­ца. Ре­чи­си сè пра­ви­ме во­лон­тер­ски, но ве­ру­вам де­ка след­на­та го­ди­на ќе ус­пе­е­ме да го свр­ти­ме вни­ма­ни­е­то кон нас и да обез­бе­ди­ме и по­ве­ќе фи­нан­сии за по­до­бру­ва­ње на веб-стра­ни­ца­та. Не ве­лам де­ка е лес­но, ра­бо­та­та со де­ца и за де­ца ни­ко­гаш не е, не ве­лам ни де­ка е со­вр­ше­но, но, се­пак, е ед­на чуд­на шу­ма пол­на со пре­крас­ни ра­бо­ти и со не­ве­ро­јат­ни жи­те­ли во неа.

Напишете коментар