„Станав подобра верзија на самата себе“ „Во оваа дигитална ера, ми нуди можност да сум поблизу до природата“ „Запознавам нови другарчиња и се дружам“ Овие и низа други изјави, ги споделуваат млади извидници кои се дел од повеќе извиднички одреди во нашата земја. Тимот на Сојузот на извидници ни посочи дека извидниците се поделени во повеќе категории според возраста и тоа: развигорци – извидници на возраст од 7 до 10 години, извидници – извидници на возраст од 11 до 14 години, истражувачи – од 15 до 17 години, ровери – од 18 до 29 години и сениори, над 29 години. Овде пренесуваме изјави на припадници на различните категории.
Ена Ѓозо, извидник од категоријата развигорци:
Од кога тргнав на извидници почнав да ја сакам и негувам природата повеќе. На извидници запознав многу нови другарчиња. Тука сите се дружиме и заедно учиме многу нови работи. Сакам да истражувам повеќе, да правам добри дела и да пробам многу нови нешта. Научив за страните на светот и компасот, папрати и други растенија и прв пат спиев во шатор на камп.
Ненад Веселиноски, извидник од категорија развигорци
Јас се запишав во Извидничкиот одред „Феникс “затоа што сакам да се запознаам и да се дружам со други деца. Исто така, сакам и да посетувам нови места. Сега повеќе го сфаќам значењето на природата и тоа колку треба да се грижиме за неа. Секоја сабота ми е исполнета со корисни активности и нови вештини.
Лука Мининчиќ извидник од категоријата извидници:
Со активностите и дружбите на извидниците бев запознаен многу одамна, преку мојата другарка Нина, но од кога пристапив во одредот уживам во времето поминато со нив. На редовните закажани состаноци научив и сè уште учам многу нови и корисни работи. Eптен ги сакам дружбите и многу се поинакви активностите, за разлика од школските активности или излетите со родителите. Другарството на извидници е многу поинакво, учиме многу нови работи и за различните култури, но и како да внимаваме повеќе на нашата планета Земја, ние извидниците не сакаме да ја загрозуваме кога толку ни е убаво во природа!
Марко Бојаровски, извидник од категоријата истражувачи:
Извидништвото ми овозможува поголема преспектива на светот, ми нуди различни култури, запознавам различни луѓе од мене и сосема нов начин на живот. Со подобрена самодоверба и дисциплина сум еден чекор поблиску до најдобрата верзија од себеси, како и преку ова искуство – можноста да бидам поблиску до природата во овој дигитален свет. Пошироко знаење, поткрената самосвест и вреднување на правилните вредности се ова и уште многу повеќе благодарение на мојата одлука да бидам дел од ова прекрасно движење што никогаш не престанува да ме изненадува.
Марија Димовска, извидник од категоријата истражувачи:
Некои имаат многу пари, големи куќи, разновидни коли, имаат се што ќе посакаат… Ние можеби го немаме сето тоа, но на себе имаме марама и шириме вистинска љубов, стекнуваме вистински пријателства, имаме приказни кои ќе ги раскажуваме на идните генерации. Да бидам искрена, благодарение на извидништвото се промени мојот живот, и начинот на кој го живеам истиот. Извидништвото направи подобра верзија од она што веќе бев. Ми се зголеми самодовербата, одговорноста, како и знаењата при стекнатите вештини. Започнав оптимистички да ги гледам работите, да размислувам позитивно и од секоја ситуација да го извлекувам најдоброто. Со самото членување, секој придонесува со нешто во оваа организација, а јас моите квалитети ги истакнав преку лидерството. Огромно задоволство ми е да бидам нечија инспирација и идол, причина за вистински предизвикана насмевка и убаво поминато време. Секогаш сум исполнета и среќна, едноставно кажано, нема ништо на светов што би го сменило моето мислење, дека тука си поминувам најубаво, тука искусувам сè, се чуствувам како дома, безбедна сум, на извидници сум!
Дарко Тошиќ, извидник од категоријата ровери:
Преку извидништвото се стремам да се изградам како подобра личност од онаа која сум бил во минатото. Извидничкото движење ми дава насока и траса по која јас секојдневно се пронаоѓам себеси. Активностите, настаните, неформалната едукација и запознавањето на најразлични луѓе ширум светот ми помагаат да ја дефинирам мојата конструктивна улога во општеството и преку мојот придонес кој го давам во заедницата јас успевам секојдневно да се надоградувам, да учам и да ги постигнувам моите потполни интелектуални, физички, општествени и духовни можности како поединец, но и како дел од едно глобално движење кое придонесува кон создавање подобар свет.
Срна Ковачева, извидник од категоријата ровери:
Извидништвото ме предизвикува секојдневно да работам на себе. Како водач и човек кој треба да претставува и пренесува одредени вредности на деца, претставуваше огромен поттик сѐ повеќе и повеќе да вложувам во себе. Вклучувајќи се во разни активности, настани, обуки и тренинзи како учесник или волонтерка, постојано се надоградувам од огромната палета на знаења која ми се нуди и со тоа се има сменето целиот мој внатрешен свет. Поблиска сум до други култури поради интернационалната средина, желна да учам и да го спознавам светот и што повеќе да разбирам за луѓето околу себе. Со самото мое вкучување во извидничкото движење, ја добив мотивацијата да ја подобрам средината во која дејствувам со заедничката цел на сите извидници, да создадеме подобар свет.
Јане Плавевски, припадник на категорија сениори, возрасни во извидништвото:
Извидништвото има сериозен удел во начинот на кој се развивав и сè уште се развивам како личност. Поаѓајќи од тоа дека научив секогаш да се трудам да ги ставам потребите на другите и заедницата на прво место, стекнав вештини за градење на добра комуникација, подобро функционирање во рамките на еден тим, па сè до развој на желбата за пренесување на знаењето на помладите генерации. Ова се само дел од позитивните работи со кои сум се стекнал, благодарение на тоа што сум дел од извидничкото движење.
На 24 и 25 јануари во Скопје, Здружението за едукативен развој „Еквалис“ го организира второто издание на Националната конференција за активно граѓанство „КритикУМ“.
Оваа конференција е платформа за поврзување, споделување на...
Моите омилени инфлуенсери воопшто не се јавни личности. Така што, не можам да знам во која насока ќе се движи оваа професија, но споделувањето искуства секогаш меѓусебно ни помага при...
Време на читање: 2минутиКога размислуваат за работа, младите имаат јасна визија – работата треба да е нешто што ќе ги мотивира, ќе ги открие нивните способности и ќе им понуди простор за личен и професионален развој. Тие сакаат работа која не е само извор на плата, туку и место кое инспирира и поттикнува продуктивност.
Колку повеќе младите луѓе се медиумски вклучени и едуцирани, толку е поголем нивниот граѓански и политички ангажман. Активното учество на младите во јавниот живот значи и почеста проверка на вистинитоста...
Документот носи четири главни приоритетни цели, кои државата треба да ги реализира и исполни до крајот на 2026 година и кои треба да придонесат кон грижата за менталното здравје на...
Настанот ќе обедини повеќе од 1000 деца и млади кои доаѓаат од 15 држави од регионот, Европа и од светот, а организаторите, Сојузот на извидници на Македонија, креираше најразлични забавни...
Извидниците денес се гласни против нееднаквоста и неправдата, масовно организираат кампањи за заштита на животната средина и регенерација на македонскиот биодиверзитет, се застапуваат за правата на младите и го утврдуваат...
Младинскиот културен центар Битола, во соработка со низа партнери организира поврзување на бизнис заедницата со невработени лица и промоција на отворени работни позиции
Настан кој нуди информација, мотивација и...
Овој текст не е за да го впериме прстот на вината кон кучињата, туку да видиме што ние како луѓе, можеби, како сегашни или идни сопственици на миленици, треба и...
Создадовме социјален модел „GET-to-GIVE", преку кој жените кои можат да платат за нашите услуги и да враќаат на заедницата. На овој начин можеме да зајакнеме повеќе млади жени кои имаат...
Волонтери од Сојузот на извидници и JП „Национални шуми“, здружени под иницијативата „Боренка “засадија над 1.000 садници – со цел да ги промовираат бенефитите од пошумувањето и да...
Обновување на опожарените површини во земјава, поттикнување на граѓаните да се вклучат поактивно во волонтерски акции, подигнување на свеста за важноста на шумите, заштитата на природата, последиците од глобалното затоплување...
Оваа веб -страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб -страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб -страницата ги сметате за најинтересни и корисни.
Неопходни колачиња [cookies]
Неопходните колачиња треба да бидат овозможени во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
If you disable this cookie, we will not be able to save your preferences. This means that every time you visit this website you will need to enable or disable cookies again.
КОЛАЧИЊА ОД ТРЕТА СТРАНА
Оваа веб-страница користи Google Analytics за да собира анонимни информации како што се бројот на посетители на страницата и најпопуларните страници.
Одржувањето на ова колаче ни помага да ја подобриме нашата веб -страница.
Please enable Strictly Necessary Cookies first so that we can save your preferences!