Изложба на пристигнати дела од конкурсот „Кон родовата еднаквост преку уметност“ ќе се одржи овој петок, во Културниот центар „Јадро“ во Скопје со почеток во 11 часот.
Темата беше „Кое е твоето чудо?!“ и беа повикани стрип автор(к)и и илустратор(к)и кои со своите дела ќе ја поттикнат дискусијата за родовата еднаквост и поттикнување позитивни општествени промени.
Организаторите на конкурсот, Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Стела соопштија дека пристигнале значителен број стрипови кои се во трка за престижните награди.
– Овој конкурс има за цел да ги прикаже различните аспекти на борбата за родова еднаквост преку уметност. Стриповите кои пристигнаа имаат мисија да поттикнат дискусии, да ги разбијат родовите стереотипи и да инспирираат промени кон поправедно и инклузивно општество. Без разлика дали се работи за лични приказни, општествени размислувања или имагинативни наративи, учесниците ги изразуваат своите уникатни перспективи и искуства – велат организаторите.
Вкупниот награден фонд за конкурсот изнесува 85.000 денари. Жирито кое ги оценуваше стриповите го сочинуваат Оливер Андреевски и Теодора Милеска од НМСМ и Стела, Мајк Меклестер, британски професор по англиски јазик и стрип-уметник, Нада Прља, професионална уметница и универзитетска предавачка од областа на уметноста.
Во рамки на изложбата, ќе бидат прогласени победниците и ќе се доделат сертификати и дипломи на сите учесници. Наградите ќе ги додели Британскиот амбасадор во Скопје, Н.Е Метју Лосон. Конкурсот е дел од проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Македонија“, кој е посветен на рушење на бариерите и стереотипите, со цел отворање нови можности за девојчињата и младите жени во нашето општество.
- Ни треба противотров од штетната употреба на социјалните медиуми
- Почина писателката Оливера Николова
- Како започнавме и каде сме денес: Како се развива одржлив моден бренд?
- Најголем предизвик за младите денес е да живеат во реалноста
- „Лице в лице дурбин“ – Работилница за кокреирање приказни кои прават промена